Да, неколку пати и беа толку преполни што мислам ќе пукнеа и нормално газето му беше влажно. Доколку детето мочка помалку ноќе ќе преживеат и за ноќно време.
Мајки, дали сите бебиња почнуваат со Pampers br.1, на почеток без разлика дали се родени 3,500 или 4кг? На ехо ми го мерат големко, земав еден пакет бр.2ка на него пишува од (4-6кг) , но се мислам дали да земам и еден пакет бројче 1 (2-5кг) сепак за секој случај ? Кои маркети се поснабдени со Памперс?
Со 1 почни, две недели и ќе се префрлите на 2ка. И моето се роди големо, со 1ца почнавме за две недели на 2ка бевме.
Од што сте позадоволни, пелени или гаќички по однос на издржливост итн? Сакам да се пробаме со гаќички сега додека трае промоцијата на Sleepy во Зегин ама ако не се добри да не се зезнам да земам цело пакување големо.
Гаќички мене ми се поубави зошто не пропуштаат од горе од страна. Ама јас земав слипи гаќички за проба, не бев задоволна. Моево е буце, некако му се пикаа во газето му протекуваше од страна. Може поголем број треба да пробам, ама не сум воодушевена. И мокро знаеше да му биде во пеленска регија кога ќе му извадев пелената, а памперс пантс се топ. И бејбилав се добри ама многу мали пакувања се и не ми се практични. А за бебе што не седи ни секунда мирно, гаќички се спас.
Да да, мрда, бега, нема шанса пелена да му ставам, затоа и реков гаќички. Земав за проба слипи најмало пакување ама еден број поголеми од нормалните пелени што ги носи па ќе видам како ќе се покажат. Други немам пробано до сега.
За двете деца имам користено и слипи и бејбилов гаќи, но сепак памперс ми се покажале како најдобри. Гаките се малку поплитки и секако се пикаат во газето ако не се наместат добро, памперс мене ми се видоа најшироки. Сепак во однос на капацитет и издржливост, пелените од мене имаат предност. Со првото памперс премиум па актив, со второво памперс премиум. На второто дали 10 пати вкупно во 15 месеци ми пропуштило.
Дааа ако е активно бебе оди на гакички . Мојата се тепа со мене за пресоблекување … хаос е, нема шанса да ја залепам со обични памперс, станува се витка кенка плаче све во едно ….Таму околу 11 месеци веќе поминав на гакички памперс актив или од грчка правам залихи со памперс премиум зошто кај нас ги нема а мн се поубави од активот. Бејби лов за навечер и пропуштаат ама мојата пие вода во сон, сега прекинавме со цицање па во тоа наоѓа утеха некоја за презаспивање. Исто и лупилу од грчка ги користев летово цело време за преку ден гакичките ама за навечер не се, мн се теннки / слични на бејби лов
Ние пробавме на почетокот неколку врсти на пелени од канбебе до памперс премиум кер, но најзадоволни сме од бејбилино не пропуштаат и преку ноќта одлично поминуваме.
Денес прв пат пробав бејбилино не знам како порано не сум земала Супер се Скоро исти ко памперс а поефтини Иначе бејбилов од дм користи Убави се ок се ама некако овие се подобри
Здраво мајки. Дали постојат пелени за прематурни бебенца и ако има каде можам да најдам? Јас до сега не сум видела или не ми паднале во очи…
Јас сум задоволна од Babylove а и Памперс не се лоши, види што ќе ти одговара, јас сеуште експериментирам, иако првото од раѓање до денес си носи Babylove, супер се погодија.
Во еден маркет пред некој ден купив од старите Памперс (не можам да ги преболам) и вчера отидов да купам уште неколку и ми се паднаа скроз некој трет вид (најдесно). Кој е овој модел па сега? За Памперс премиум кер 6ка станува збор
Ајдеее и нов тип ли има е овие никогаш ги немам видено со полжавчињата абе ова ластиков горе го мразам стално и прави како црвенко на ќерка ми. И ние сме со 6ка ама моментално трошам залиха на гакички памперс премиум од грчка најмеки на свет и ластичето е бело и памучно не зелено и трврдо
Овие “новиве” (пишува произведени 2024та во Полска значи не се нови), немаат воопшто ластик ќе ги ставам за преку ден колку да се потрошат, не знам како не видов дека друго дете е на пакувањето. Гаќички премиум кер користевме едно време од Грција ама пелени лично ми се попрактични и за облекување и за бришење/мачкање ако има потреба, некое црвенило ако се појави. Со плачки сме секое менување ама битно лежи некако успеваме