Ние сме на дајперс,почнавме со памперс сензитив ,потоа со актив бејби,скоро сите ги испробавме и сите ни пропуштаа,земавме пуфис ,па кан бебе ,само од пропуштање куртуливме со дајперс
Преку ден користиме памперс, а навечер дајперс. Памперсот пропушта за многу кратко време, дајперсот не пропуштаат али се покрути. Сме ги пробале и памперс сензитив и кан бебе али ни ни одговараа. Нежно ни е газето многу, па избегнуваме колку со можиме влажни марамчина дома на секое менување пелеки го миеме.
Nannys со панда сликичка незнам зошто но најдобри пелени ми се тие подобри ми се и од дајперс и од бекутан ,канбебе не ми пропуштиле никогаш
ние памперс користиме, ама веќе ми се скапи и брзо ги трошиме...се мислам сега на што да се префрлам. канбебе пропуштаа, бекутан ми се како картонски, дајперс не можам да се сетам дали пробавме, ама на секоја промена и реагира газето..
Од кога е роден (Сега е 1год. и 2месеци) до пред еден месец користевме Пуфис , ама многу ги поскапеа па решив да ги сменам зедов Виолета прекрасни се не ми пропуштиле до сега и се многу многу поефтини . Имаат и растегливи лепенки меки се непарфимирани ...
Јас сум тип на човек кој не се залетува многу по оргинали За се во животов не ми е битно да е оргинал битно ми е да е добар квалитет и јас да сум задоволна значит да се исполнуваат некои критериуми За големото дете од памперси користев Кан бебе и Дајперс и бев супер задоволна не му пропуштаа не се вцрвенуваше мислам стварно беа Ок и со супер цена ама за второво мое момче користев истотака Кан бебе ама не сум ич задоволна И му пропуштат и се крути и стварно многу им е сменет квалитетот Почнавме да користиме ПАМПЕРС и многу сум задоволна не џабе ПАМПЕРС е најскап ама и најквалитетен Значи памперсите се феноменални миризливи меки нежни СУПЕР и СЕГА САМО НИВ ГИ КОРИСТИМЕ И МИСЛАМ ДЕКА СЕ БРОЈ 1.
Ние еве три месеци како користиме пелени од dm маркетот. Претходно користевме Памперс, Пуфис и швајцарски ама овие ни се погодија највеќе. Ги препорачувам бидејќи се непарфимирани и доста природни и особено погодни ако вашите дечиња се подложни на пеленски осип.
^ Гирл, а дали се доволно растегливи (како Памперсот на пример) и која им е цената (за колкаво пакување)? Тенкс
Да, растегливи се, и тоа мислам ептен доволно. И не се воопшто дебели дебели, ако некого го интересира овој факт, баш се тенки и мекани. Цената им е 955 денари 100 парчиња за број 3 (4-9кг), исто толку денари и за 84 парчиња број 4 (7-18кг). Потоа има број 4+ кој мислам дека е од 9-20кг и е мислам иста цена и содржи 74 парчиња. Е потоа не знам како одеше соодносот на цена/број парчиња на поголемите бројчиња.
Значи, плус минус исто колку Памперсот...ние користиме 4+, на промоција ги земав 899 денари, а генерално нешто под 1000ка. Ама би сакала да ги пробам овие Фала на инфо!
И јас се мислев за нив, ама пошто не сум во Скопје летово, ќе си останеме на Пуфис - овде во Охрид бр.5 се 800 ден. за разлика од Скопје, каде што се за 100 ден. поскапи. Дајперсот дефинитивно ме разочараа, очекував повеќе од нив, ама тоа е.
Јас искрено до сега не сум ставила друга пелена освен Памперс, не дека се пувам нешто, туку од старт видов дека од нив не се нафрлува и супер и` се, па решив да не ги менувам. Ама сега е веќе поголема, гледам дека генерално кожата не и` е склона на осипи, па би можеле да најдиме некое поекономично какало
Јас мислам дека пелените од дм се секако поефтини од памперсот. Пресметај колку доаѓа цената по парче за да видиш колку е цената по една пелена. Но, без разлика, важно е да најдеме пелена која ќе му одговара на нашето бебе и секако на нашиот џеб.
И си читам на темава и си читам и си читам...и на крај уствари се свестив што читам незнам што барам на темава ај ќе и кажам на комшивката да ги проба овие пелени од дм за нејзината прееемила ќеркичка, бар да ми се најдат информацииве за нешто
Дефинитивно Виолета не се воопшто скапи а многу впиваат , мекички се ептен ни се погодија. Немаше смисла Пуфисот ги направија 950 ден. што е многу многу е, и памперсот се убави исто така ама и тие се многу скапи, а Бекутан прав картон.