1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најдобри пелени

Дискусија во 'Бебе' започната од Rossana, 6 мај 2010.

  1. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    јас бев ептен задоволна од дајперс. ептен и се погодија на ќерка ми. До 1 години и ставав само Памперс, ама приметив дека наутро кога ќе стане бутчињата и беа ептен ладни. Со Дајперс тој проблем го немавме. А најлоши се дефинитивно КанБебе. Цели се распаѓаат.
     
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Ни се дотроши последното пакување од BabyLove пелените од dm и многу сакав да ги пробаме Diapers. Купивме Diapers Sensitive од Зегин, пакување од 50 по цена од 577 денари мислам, за број 4. Баш ме интересира како ќе се покажат.

    п.с. Колку се Diapers пелените во КАМ? :geek:

    Морам да напоменам дека пелените од dm се со поинакви димензии од оние на Diapers. 4-ка на dm е иста со 4+ на Diapers. Нам 4-ка од dm ни беа малку клапави, па затоа земав 4-ка на Diapers како компромис, димензијата е некаде измеѓу, баш таман за мојава срцка. Пеленките од dm се малку поголемки во димензии.

    Која цена се Виолетата? Инаку Бекутанот се навистина крути, досега ниедна не ми ги пофалила, инаку имам прочитано дека се прават во иста фабрика со Виолета, ама Виолета се прва класа на пелени а Бекутанот втора... А сметам дека Бекутанот не се ни нешто особено примамливи со цена.
     
  3. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Цената на Бекутанот 3-6 е 610 за 74 парчиња. Виолета за истата килажа милсам дека е околу 50-70 ден. поскапа. За другите па да не зборам.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Дајперс сензитив во КАМ се 545 денари. И мислам дека само бр.5 имаат. Јас пак зедов од нив, иако со обичните имавме проблем. Со овие нема чешање, нема рани. Па морав, Pufies скапи ми се, башка еден месец (во Охрид) не можев да најдам обични Pufies, има само од овие дезенираните, а тие ем помалку парчиња, ем поскапи.
     
  5. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Па јас баш бев задоволна од бекутанот вистина се малку крути ама никогаш не ми пропуштија а исто и виолета пелените се многу добри такви користев до 1 исто не ми пропуштија ич после кодина се префрлив на бекутан и ми се исплаќаа 76 парчиња беа за 800 ден плус гратис шампон редовно така ги начекував а паимам пробано и дајперс и тие порано беа доста крути ко ги користев за првото дете но сега за малата кога зедов беа доста пријатни за носење но ми пропустаа.
     
  6. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    И јас сум задоволна од Бекутанот. Сум пробала и Памперс и нема некоја преголема разлика, освен во дупло поскапата цена.
     
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Кога се роди мојата малечка во болница почнав со Памперс ,ама лом ми се правеше и среќа што беше мало пакување па брзо се потроши :D
    Потоа пробав Кан бебе и тие не ги пропуштаа каките,ама затоа не беа добри за преку ноќ,зошто чудно пропуштаа и бодито секое утро беше малку влажно.
    Потоа пробав Хагис и тие беа супер,ама ги имаше само во Веро и кога требаше да купам по втор пат не можев да најдам кеса која беше чиста или не беше скината .
    Се префрлив на Дајперс и ги користев одприлика 2 -3 месеци ,но едно време нашето бројче го снема и тогаш купив Пафис и конечно ја завршив потрагата по идеални пелени.Овие ми беа верни другарки во последниве 5 месеци. Ми беа затоа што кај последнава кеса што ја купив приметувам разлика во квалитетот ,а и некако поинаку мирисаат (ја проверив датата и баш се тазе :D произведени пред два месеци ) и по се изгледа дека нешто е сменето кај нив и сега повторно ќе треба да барам нови пелени :(
     
  8. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Пробај ги Babylove oд dm. Јас еве сега ги тестирам Diapers сензитив, баш се слатки со сликички низ пелената како гаќулиња. :D Само мислам дека се малку подебелки од Babylove.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.210
    Пол:
    Женски
    Јас последните два пати купувам Бекутан и мислам дека се со подобрен квалитет од претходно. Пред тоа имав само еднаш купено мало пакување за во болница и беа како картон.
    Сега ги земам од Зегин 805 денари со гратис 50марамчина Бекутан. А и јас се изненадив кога случајно прочитав дека Виолета од БиХ ги произведува и пелените и влажните марамчиња.
     
  10. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Овие денови бев на викендица кај моите. Неочекувано се задржав повеќе, ни пријаше времето и зеленилото. Снемав пелени па во локалната селска продавница отидов да барам нешто да ни заврши работа. Продаваа исклучиво на парче и имаа Baby Smile пелени. Не знам чие производство се но еве го мојот впечаток ако некого го интересира доколку слушнал за овие пелени. Имаат многу интересен летен дезен сега веројатно дека лето, па со рибчиња, морски звезди, ми се допаднаа од око. е сега, внатрешно делуваат како дајперсот, како пресуван памук, без мириси и хемии. Не ми се допадна единствено што немаа еластични лепенки. Цената по парче е 10 денари за број 4 и 5. Веројатно да се најдат на пакет доаѓа поефтино, тука и да купиш пакет таа е цената. Мислам дека ги видов во Гиго трејд ама немам поима колку е пакетот. Ете чисто ова како инфо ако некого го интересира.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Јас ги користев тие еден период, ама за преку ден само и ми вршеа работа, беа 397 ден. 50 парчиња, а сега се нешто поскапи, не ме држи за збор, мислам дека се некаде 440 ден, исто 50 парчиња. Кај син ми немаше никаква реакција од нив, не пропуштаа, ама ми се смачи да користам едни пелени ноќе, а други дење. Сега засега сме на Дајперс Сензитив, нема чешање како што имаше со обичните Дајперс, па најверојатно на овие ќе останеме. Пафис ептен ги поскапеа |(
     
  12. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Еве и јас сега сум со Дајперс Сензитив, но сум презадоволна од дм бејбилов пелените кои ги препорачувам ептен. Во моментов број 3 од нив ни се кнап а број 4 големи па дајперс сензитив број 4 ни се одлично решение. Плус какви се шарени и цуцкасти, гаќуленца :)
     
  13. suzan-33

    suzan-33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    13
    Која цена се baby love во дм бр 4

    Ние користиме кан бебе 4+ од зегин ги купувам и тие се топ 685 60 пелени 2 гратис марамици и препривка за преповивање
     
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Број 4 џамбо пакување со 84 внатре е 955 денари. Има пакување од 42 тоа е 509 денари мислам (вака е малку поскапо). Како си задоволна од кан бебе? Многу различни мислења имам прочитано за нив... затоа и досега не сум ги купила да ги пробаме... иако неколку пати се решавав ама пак не ги купив.
     
  15. suzan-33

    suzan-33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    13
    За кан бебе немам замерки топ се пелените според мене подобри од памперс од пред 2 месеци се нови и со многу подобар квалитет од старите кан бебе пробај нема да згрешиш.

    А ке ги пробам и тие од дм да видам како ке се покажат
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Изгледа се вратив пак на Дајперс ,но овојпат сензитив и навистина се малку поразлични од предходно.
     
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Подобри или полоши? Јас имам чувство како Дајперсот (сензитив користам) по малку да ми пуштаат мочка од страните, внатрешно кај бутините.
     
  18. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека се подобри ,малку се помеки од порано ,фино впиваат,лепенката фино се лепи и што е најважно не мирисаат лошо.
     
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.210
    Пол:
    Женски
    Нас Бекутан 4ка ни се малку тесни па се прашувам дали кан бебе 4+ ќе се ок или да се префрлам на 5ка?
     
  20. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Според мене 5-кa. Пријателка ми даде Бекутан број 4 од пријатели што си ги заборавиле. Беа многу поголеми од Кан Бебе 4+ и Дајперс 4+. Јас моментално користам Дајперс број 4 и се доста помали од Бекутан број 4. Нека даде уште некоја мислење. :*
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.