За квалитетот не можам да коментирам, а дека се посолени од стандардно, се. Мислам и од Памперс се поскапи. Хеллоооо!! Еве една споредба. На пример, јас купувам моментално: Дајперс број 4, 50 парчиња се 545 денари во КАМ. Цена на едно парче 10,9 денари. Бејбилов пелени од дм, 955 денари 84 пелени (број 4), цена на парче 11,3 денари. Памперс актив бејби, 70 парчиња (број 4) со гратис влажни марамчиња 64/1, 1038 денари на doma.com.mk, цена на парче 14,8 денари а имате и гратис влажни. Chicco пелени од енци менци, 20 парчиња (максимална големина на пакување, исто така број 4) 289 денари, цена на една пелена 14,4 денари. Не е некоја сјајна понуда искрено. Но, мајките кои имаат искуство нека споделат со нас.
За квалитет не знам ,ама пред некој ден ги видов во Енци менци во трговски и сега им се на попуст и една пелена е 9.9 денари (барем така пишуваше)
здраво на сите! Јас сум пресна мама па не знам многу за пелениве....читам на форумоф дека треба да се користат едни пелени дење а други ноќе.... ???? баш ме интересира зосто, сепак и дење и ноќе му менувам пелена на секои два и пол до три часа на моето синче.
9,9 денари е една пелена од најмал број (3-6кг). Останатите не се таа цена. Маркетингшки трик, класика. Драга anuHka, честито бебушче, да ти е живо е здраво. Е сега, тоа за пелените, не е воопшто некоја морална пракса која треба да ја правиш. Работава е во тоа што некои пелени повеќе впиваат, некои помалку. Обично тие што повеќе впиваат знаат да се и поскапи. Па, работата е навечер кога бебето е повеќе саати со несменета пелена да има нешто што повеќе ќе впие, а преку ден кога и онака на 3-4-5 часа менуваме пелена може да е и некоја поповолна варијанта. Ќе пробаш и самата и ќе видиш што највеќе ви одговара, бидејќи секоја пелена не лежи исто на секое бебе. Секако тука во предвид доаѓа и цената не пелената. Јас никојпат не правев така. Наоѓам пелени кои моментално ни се најкомотни и со тие терам и дење и ноќе. Среќно!
Не треба мајче, зошто така мислиш? Користи ги цело време тие што се најкомотни и што не му прават никакви иритации на твоето синче и ОК ќе си
Бај д веј, ми ја видовте ценовната табела погоре? еее.. кога ќе трошиш пари за пелени и со тоа ќе се замараш. И тоа до прва децимала!
Еден совет и од мене гледај колку што можеш повеќе избегнувај ги ноќните менувања на пелени ,за да може бебето полека да си фати ред за ноќно спиење.Ако не е искакано или мокро ,не менувај.
^ Која анализа ја изваде женооооо! Јас искрено, освен Памперс, не сум користела други.....се` се наканувам да почнам, ама некако шубе ми е, оти се боревме со алергии и егземи, а овие топ и` одговараат, па секогаш раката накај нив ми оди кога влегувам во продавница
Најважно е тоа. Да се пронајдат пелени кои најдобро лежат на бебушот без да прават иритации. Цената е секако во втор план. Е сега ако веќе се има избор од две пелени кои се со задоволителни карактеристики, поефтината секако е добредојдена. Јас памперс користев на почетокот. Не знам зошто ме одби мирисот и зеленото внатре... Потоа продолжив со Пафис се додека не почнаа да ни протекуваат. Потоа се префрлив на бејбилов кои ми ги носеа од Германија, па еве сега и тука ги купував се додека сега сме во период на меѓуброј кој го немам од бејбилов користам Дајперс сензитив. Мада, како да ми пропуштаат по малку?! Кан бебе не знам зошто не сакам да пробам. Можеби се сосема ок, ама сум чула еден куп различни мислења. Размислував Бекутан или Виолета да пробам, или да не ме лаже врагот а?
Ние корицтиме од раѓање Памперс и до сега задоволна сум . mega pack цената е 23 евра кога се на попуст а има 132 пеленки Не знам колку им е цената на babylove od DM а би сакала да ги пробам ако се поефтинки
мега пак 23 евра? Уаууу! Пелена 10,7 ден. дерикожа е кај нас! дм во германија беа околу 10е џамбо пакување бр4 има 84. Цена на пелена околу 7,7 ден.
фала ви многу за советите на почетокот земав бекутан но многу ми протекуваа (џамбо пакување го потросив за помалку од 10 дена), а ноке морав по два пати да му менувам пелена, па сега користам белло и тие ни се ОК па ке видиме понатаму како ке не биде со нив се случува навечер да не му сменам зосто не му е полна
И мене ми протекуваа на почетокот, затоа што ни беше малку поголема пелената. Кога доби на килажа бебето, ни станаа точни и ни еднаш не ни протекле. Јас сум презадоволна од Бекутан и од квалитетот и од цената секако.
незнам дали е до килажата или до пелените но јас воопшто не сум задоволна...еве баш вчера му ставив бекутан бидејќи немав други и одма му протече и целата моја блуза беше водена сепак секое детенце е различно на моево не му одговара бекутан
На повеќе форуми ги исчитав темите , за дилемата околу пелените. Скоро секаде има поделени мислења буквално за сите пелени освен за Виолета, кој ги користел само пофални зборови има. Деновиве меѓу другото разгледувам и пелени низ продавниците, со цел да се спремам за пораѓај. Знам дека накнадно ќе ми ги донесат, ама барем да знам да кажам какви да ми донесат. Дефинитивно одлуката паѓа на Виолета. Ќе видиме здравје Боже како ќе се покажат, се надевам нема да пограшам и после толку читање и собирање информации
Violeta се премногу парфимирани и сепак се релативно крути, според мене. Јас не би ги користела откако ги видов... Јас сум сепак најзадоволна од бејбилов и дајперс сензитив(и двата вида се баш чист памук). Инаку инфо за сите заинтересирани за бејбилов, во најновиот акциски каталог на dm маркетот се на -15% попуст. Јеа! п.с. нема најдобри пелени кои може да се унифицираат. Секое бебе е своја приказна!
И јас ќе речам дека секое бебе е приказна за себе. Нам најдобри ни беа Пафис, ама сега сме на Дајперс сензитив, далеку подобри се од обичните Дајперс, и што е најважно, син ми не се чеша до раскрварување како што беше со обичните. А за Виолета знам и јас дека се многу парфимирани и никогаш не сум ни помислила да ги користам, иако се слични со Бекутанот кои ги користевме одреден период.