Pampers koristam od sam pocetok i ajde citajki tuka zemav yes. Prvo sto brojceto mu e malo t.e plitko Vtoro propusta od kaj nodzinjata Treto pa i ne se taka preevtini Back to basics
ауу јас земав Yess за проба дека ефтини и одма ги поклонив. На прва пелена осип на јајценца и препони. Среќа од бејбилав не сум се мрднала, веќе не експериментирам.
Мене ме прелажа продавачката у Зегин. Вели се грабаат уште една 4ка остана. Брзо ја да земам покуса да не останам, пошо ја знам девојката, знам не лаже, ама ете, нас не ни се погодија ич. Имаш право, што си е сигурно не се мења.
И јас земав од тие од зегин. Користам бејбилав 5 ка, а оваа петка ни е мала, пропушта и се исфрли на газето. Толку ќе биде од нив. Назад на проверени.
Мами од почеток сме на кан бебе со синко но еве веке 3вечери околу 3часот тој веке е мокар до врат.. А му менувам пред спиење околу 22часот..Дали е до нив или пак синко многу мочка
Кога ставам пампрес го местам надолу..Му менувам да не го оставам мокар ама потоа е интересно до кај 7-8часот тој заспива а јас треба да станам Си бара цице како да не дадам се ке кенка
Мајки вас како поискусни да ве прашам. Синко ми е 32дена и од прв ден користевме Кан Бебе. Но се деси на неколку пати да ако е повеќе мочкан да пропуштат пелените и он мокар цел. Ги користевме 1цот. Е сега он беше скоро 4кг и дали е дека пропуштиле бидејќи се 1цот кој се од 2-5кг па му се мали или самите пелени пропуштаат??? И второ прашање ми е... од пред 4-5 дена сменивме и ги купивме Памперс New Baby dry 2јката, али мамички кога ги мириснав аууу многу лошо мирисаат пелениве. Дали е океу и нормално така да мирисаат и да не е штетно тоа за бебенце? Инаку нема никаква реакција од црвенило ни слично. И дај дајте некој предлог и совет кој пелени да ги земам за синко, од кој сте најзадоволни што сте ги користеле на 2месеци па и понатака за вашите дечиња
А протечена ли е? Сменете бројче или пелени Да се надополнам за Yess, се исфрли од нив како капак на се. Одат директ во канта.
Да да стомакот секогаш му е мокар а позади пампресот е сув..Ке пробам со нешто друго еве денес не беше мокар
Јас на почетокот користев Памперс актив бејби, и бев задоволна од нив. Ама после неколку месеци користење, почнаа ептен да пропуштат ( нешто ги сменија, а и членки тука исто се жалеа од нив ). Од тогаш почнав да користам Дајперс, и ги користам до ден денес и сум ептен задоволна.
Мајка земи штом веќе користите кан бебе поголема бројка 2 или 3. Јас за бебе од прв ден користам бекутан сега 5 месеци е бебето ниту еднаш не ми пропуштиле . Се мислам да ги земам новите од зегин yess ама сега читам доста поплаки има за нив. , така да ке си останеме на бекутанот
Пробај со Кан Бебе двојче, ако пропуштаат, тогаш смени. Со големиот од Пафис и Дајперс бев задоволна, со малиов БејбиЛав. Дајперс не знам дали има помали бројчиња кај нас, мислам од тројка почнуваа. Ама кај и да е, од 2-3 месеци може и тројката да се користи, секако зависи од бебето. Моиве и двајцата од Памперс имаа реакција, па не сум купувала за да споделам искуство.