Не знам, јас немам приметено да ми мирисаат чудно актив драј, ако за истите збориме. Да најдобро е да земам 10тина, чисто колку за проба па да видам како ќе иде. Инаку влажни не користам често, а кога користаѓ тоа се виолета или бекутан.
да прашам, ако некој има инфо што се случува со џанбебе пелените? не е истиот производител на кутија и тие во кеса што се пакувани???
Памперс купив денес и многу мирисаат на парфем.Тенки се,ама џабе тоа парфемот ќе ја иритира кожата.Требаше порано да прочитам тука
Јас купив мало пакување кан бебе да ги пробаме и инстант се префрлив на нив. Бејбилав ми се одлични ама и кан бебево се топ. Ептен ми се меки, е за разлика од бејбилавот имаат малку гел ама не е ништо страшно или мн. И не мирисаат бар драј комфортот.
Како не,имаше и онака потпарено кога му ставив од нив му се прошири околу црвенило. Не се лажете,и во аптека ме убедуваа да не ги земам.
јас ги користам памперс активе драј 2 год и никогаш не ни се има појавено некоја реакција.на сите останати што ги имам сменато да пробам од сите сме имале реакција освен бабулове бидејки нема дм маркет кај нас
Не знам ја немам фрка со памерсот актив драј до сега е супер, еден месец ги користам, претходно кога беше мн мал користев памперс премиум кер, и тие беа супер, ќе да е различно искуство кај секој
Купив кан бебе, и не сум во план да ги користам, немаат никаква допирна точка за споредба со памперсот, бар за мене
Според мене јас мислам дека со кои ќе си почнеш пелени со тие и ќе си тераш еве јас па веќе 11м користам бекутан пронав да сменам со виолета, јес бејби, памперс, кан бебе и пак се враќав на бекутан.
Ние почнавме со памперс пелените ама ни се нафрли газето па се префрливме на кан бебе ама многу ни пропуштаа и сега користиме пуфис и сме презадоволни.
Јас минатиот месец земав baby love и таман ги испофалив дека меки убави супер ке ги користиме и понстсму, земам сега 4 ка ај што се покрути нема везе ама многу мирисаат како пластика имаат мирис,незнам дали вас ви се има случено. Се мислам дали нови да купам,ептен лошо мирисаат а тек кога ке ја наполни. @LadyC знам вие ги користевте ти се случило ли на такви да налеташ?
Досега не сум налетала на лошо пакување Бејбилав пелени, а од старт ги користам со бебево, веќе сме на 4+. Мирисот не сум го забележала, меки се и тенки, лесно се виткаат и не пропуштаат, освен ако не се преполнат. Не приметив дека 4 се покрути од другите, напротив, сите ми се исти. А мислам дека е сменета амбалажата и изгледот на пелените.
Врати им ги! Континуирано ги користев и сега задњо земав на кан бебе ама пропуштаат и па на бејбилав ќе се вратам. Треба да се меки и немаат никаков мирис. Врати им ги да ги сменат и пред тебе ново пакување нека отворат. Јас би им ги вратила.
Ама веќе отворено пакетчето и употребени неколку додуша џамбо паковање земав едната кеса е не отворена,ке пробам ако воопшто сакаат да ми ги вратат Епа нешто утнале со ова паковање,претходните не беа вакви