Јас да споделам за памперс пантс пелените. Ептен се палам на реклами и морав да ги пробам Врска немаат, потешко од обична пелена се облакаат, 4 пати го вртам навака натака за убаво да ја наместам и пак не е ок. Плитки и тенки се многу, не ми вршат работа и се враќам на бејби лав и не барам веќе пелени по групава
Дека ви е прво на сите затоа пробувате и други, јас овојпат не менувам ич. Еднаш зедов Дајперс кога бев во Охрид оти БејбиЛав ми се потрошија, а нема таму ДМ, ама одма си се вратив на БејбиЛав. А со првото еден куп сменив, од Пафис и дајперс бев најзадоволна. А сега Дајперс ми се ептен подебели и со помал калап од БејбиЛав.
И јас презадоволна од бејби лав Почнав со памперс ама ми пропуштаа многу Овие ни се погодија најмногу и не мењам
Ги сменив додуша прво ко демек неможе па како мирисале ете не мирисаат будали се правеа ама на крај заменив, ни овие не се нешто помеки како 3 ката што ги користевме ама барем не мирисаат
Мн ми е мило! И јас денес ќе земам, бебо ми е со уште десетина од Канот, и мене ако ми се деси ќе им ги мењам.Баш ќе пишам.
Сакав да прашам од каде да набавам пелени за во базен/ плажа за летово . Лани земав од тие на бејби лав као за ливање што се но не ја задржуваат урината а ако се искака тешко се осблака без да се размачка,а оваа година покрај плажа и ке пливаме на базен па ми треба да не пропушта урина во базенот
Купив бејби лав. Врска немаат со тие кои ги користев до пред еден месец. Не знам што им направиле, смениле дизајн пеки, ама и квалитет. @majavel1
Не сум задоволна од памперс (обичниот, active dry), многу ни пропуштаат, таму кај ластиците. Буквално ко да не носи пелени, утоп се прави. На почетокот ги користев оние премиум за новороденчиња и тие беа добри, зелените катастрофа. Сакам да ги пробам Pufies, добри се? Или некои други, слободно предложете ми
Што и да пробаш прво земи мало пакување (пр 10 пелени) мада не е правило, јас кан мали земав, па од големото пакување почна да ми прокиснува постојано...
Таман си реков конечно ми заврши потрагата по саглам пелени и овие потфрлија више незнам што да му купам
Може и од топлото да е. И мојов беше исипан околу курето ама баш дека бевме на контрола докторот речеод топлото е тоа. Ништо не ставам од креми зашто и така е топло уште да го угушам. За пелени пробај ги Пуфис ако ги немаш пробано.
Не сум. Да го потрошам џамбово морам прво зашто веќе купив. Наредно мора да пробам со др. Имаат гел? Не сакам пелени со гел ич .