Овдека никој не го чита воведот во темата иэгледа, си отвараат последна страна и си пишуваат некои филмови, кои ни под раэно не би можеле да се стават во најдобри филмови на сите времиња. Земи иэгледај ги Зеланата милја, Патриот, Каэабланка, Форест Гамп, Апокалипса сега, Кум 1,2,3, Беше еднаш во Америка, Каэино, ,Добри момци, па после ќе дискутираме эа филмови. Или може најдобро ќе ја преименувам темава некако, эа да соодветствува со филмовиве.
КРИСИ А, Титаник? И јас би го вбројала тука ИНаче многу ме интересира дали некој го има гледано филмот - Реквием за еден сон ? Дефинитивно меѓу најдобрите
Нормално, Титаник е одличен филм, но веќе го спомнаа па эатоа не го спомнав по последниот пост. Инаку эа Реквием эа еден сон, јас го имам гледано и е олдичен филм, го препорачувам на секој да го гледа. Прикаэна эа дрогата, како уништува неколку животи, ама направен на еден малку поинаков начин.И супер муэика.
^^^ KRISI Филмот Реквием за еден сон е направен со цел луѓето да видат, до каде може некој да го одведе болна амбиција, ама болна амбиција буквално...И самиот наслов кажува(реквием мислам значи беше нешто класична музика, кога се свири кога ќе почине некој - не сум баш сигурна ама знам дека беше поврзано нешто со крај, а тоа сон е всушност болната амбиција на ликовите од филмот)...Ако се сеќаваш на старата жена , кој цел живот беше опседната да се појави на телевизија, во еден фустан од нејзината младост, кој воопшто не ја собираше..Почна да држи диети ригорозни, да си замислува како е на ТВ во живо, облечена во фустанот и сите и аплудираат..И на крај заглави со едни апчиња, мислеше дека од нив ќе ослабе и се уништи..Заврши на електро-шокови во болница и умре А, и ти добро рече, на стравотен начин во филмот е прикажан начинот на кој завршуваат наркоманите Али, ептен језиви сцени има, посебно на крајот, ако ти текнува
Да се надоврзам на мојот претходен пост - пред точно 71 година беше снимен култниот „Волшебникот од Оз“ со Џуди Гарланд - кој и ден денес е радо гледан. Други филмови кои би ги вброила во најдобрите... ^^Се сеќавате на најфамозната реплика од филмот? „You talkin' to me?“ ^^Едноставно, неповторлив и единствен Ханибал Лектор. ^^Оригиналната верзија со Омар Шариф и Џули Ендрјуз. ^^Култен филм, одличен според мене, нешто што задолжително мора да се гледа.
Ја обожавам филмската уметност, и затоа би издвоила само неколку филмови кои на мене ми оставиле силен впечаток, а сигурно ги има многу повеќе. Requiem for a Dream, La Haine, Habla con Ella, Eternal Sunshine of a Spotless Mind, Le Fabuleux Destin d'Amelie Poulain.
Секоја чест на препоракиве, посебно на Annath, баш эа вакви филмови и отворив тема, да си дискутираме и да си препорачуваме. Е го немам гледано Доктор Живаго, тоа треба да го погледнам дефинитивно. А эа овој филмов, Реквием эа еден сон, точно се эборува во филмот эа раэни видови на эависност,декаденција, проституција, па и таа жената што беше опседната со апчиња, тие апчиња всушност беа амфетамини, се се врти околу најголемата од сите эависности ,дрогата. Не сакам да дискутирам эа крајот или эа клучни моменти, поради другиве кои го немаат гледано филмот , эа да не им го уништам А эа Реквием , точно тоа е, муэика эа мртвите, обично на мисите во католичкиот свет.
Криси јас би ти препорачала ако го немаш погледнато Head in the clouds го постирав тука,да го погледнеш зошто е стварно инзвореден филм барем според мене,,голема љубов во текот на војната во Шпанија,предобри актери и одлично сценарио.
Јас би ви препорачала 2 филма, за кои сметам дека се едни од најдобрите 1. Белиот олеандер 2. Малена со Моника Белучи Аааа и за уште еден ми текна - Балот на вампирите со Хали Бери.... Верувајте ми, ако ги немате гледано, посебно Белиот олеандер - не знаете што сте пропуштиле
За Малена немам зборови филмот го гледав едно 50 пати и секогаш ми е преубав, а другите морам да ги гледам верувам дека се добри
^^^^ Мораш да ги гледаш, верувај, прекрасни филмови се..Не можам да ти опишам, тоа мора да се види Па чекам коментар..Се надевам дека ќе ти се допаднат, а и КРИСИ, ме интересира дали ги има гледано???
Ги имам гледано Малена и Monster's Ball, супер филмчиња се, ми се свиѓаат. А што се однесува эа тој Белиот олеандер, мислам дека го нема гледано, кажи ми го оригиналниот наслов эа да се потсетам и евентуално ако не сум го гледала да го гледам.Едит..... го најдов филмов, ќе го погледнам, фала на препораката Кога сме кај Малена, ми текна на еден неверојатен филм, филм кој нема да ве остави рамнодушни и ќе го паметите цел живот, Животот е убав, La vita è bella. Италијански филм на Roberto Benigni, тематиката е Втората светска војна и судбината на Евреите,дејството е во Италија во 40те години мислам дека кој не го гледал филмов не энае што пропуштил, фантастичен е. Има добиено 3 Оскари, эа најдобар странски филм, эа најдобра машка улога и уште еден, не ми текнува эа што беше. http://www.youtube.com/watch?v=16RZHqCIy9M А сега кога сум кај оваа тематика ми текна уште еден фантастичен филм, Шиндлеровата листа, Schindler's List. Филмов е баэиран врэ вистинска прикаэна эа Оскар Шиндлер, германски биэнисмен кој во теророт на Втората Светска војна спасил илјадници еврејски животи. Режиран е од Стивен Спилберг, кој и самиот е Евреин, па слободно можам да кажам дека овој филм е едно од неговите ремек дела. Има добиено 7 Оскари, меѓу кој и эа најдобар филм,режисер и сценарио. Филмот е од 1993, ама снимен е во црно бела техника, а во главните улоги се Liam Neeson, Ben Kingsley, Ralph Fiennes. "Whoever saves one life, saves the world entire"- Oskar Schindler. http://www.youtube.com/watch?v=TAH3RTRl ... re=related
KRISI Оригиналното име на филмот е WHITE OLEANDER, со Мишел Фајфер Значи нема да ти кажам дека е пожелно да го гледаш, туку ќе ти кажам мораш обавезно да го гледаш...100% сум сигурна дека ќе ти се допадне,зашто гледам имаме сличен вкус за филмови..Па, чекам коментар
Браво за нечии препораки, поготово за Annath, ме погоди ептен, одличен избор! И дури и заборавив на некои стари, култни филмови како на пример Clockwork Orange - дефинитивно моќен филм и пред се одлична е и книгата. Ама да не забегувам оф-топик, ми текна на уште неколку стари и култни филмови кои мене ми останале во сеќавање а се надевам и на некои од вас Не би требало да го заборавиме ниту Аlfred Hitchcock - мене лично ми се омилени Rebecca, The Birds и Psycho. А од „поновиве“ филмови не знам дали некој го спомна, ама мене ми е еден од најдобрите филмови Pulp Fiction, потоа ми текнува уште на неколку оскаровски филмови како Аmerican Beauty, или пак на браќата Коен - Fargo . А иако не доби оскар, (ако не се лажам) ама на пример мнооогу ми се допадна и The Hours. Хм, девојки па сега сфаќам, дека за квалитетни и добри филмови би можел човек да дискутира со денови...само малку сум тажна кога се потсеќам на вакви големи филмски остварувања, бидејќи ми се чини дека денешните филмови што се прават, се стварно просечни. Освен јаки ефекти мислам дека не изобилуваат со некој посебен квалитет како некои стари па дури и црнобели филмови
Уште еден прекрасен филм за љубителите на црно-бела техника,со Хемфри Богарт и прекрасната Одри Хепберн во главните улоги. Sabrina
Ептен имаме ист вкус со тебе Јас би ги додал и Crimson Tide - филм за опасноста од нуклеарна војна. Дензел Вашингтон е фатастичен таму. И таму е мојата омилена изрека War is continuation of politics by other means! (Фон Клаусевиц) Fight club - кој го читал Двојникот од Достоевски лесно ќе повлече паралели! American Beauty - уфффф најдобар филм дефинитивно...и last but not least Der Untergang