Имам слушнато од многу како се фалат со зголемени резултати од вежбањето ако се обвиткаат критичните делови од телото со најлонска фолија.... Искуства, мислења, препораки.....
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? Искрено, никогаш не сум пробала вакво нешто, а имам слушнато дека имало поголеми резултати поради поголемото потење на "критичните" делови. Ми даде идеа и ќе почнам да се обвиткувам со фолија кога ќе вежбам . Ќе пишам резултати
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? јас имама кориетно најлонска фолија при вежбање и трчање и многу помага за брзо слабењење на тие делови каде сакаш,но исто колку е корисно толку е и штетно ,пр ако ја користиш фолијата на половина тоа нема да и се допадне на бубрезите
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? Мислам дека е ист ефектот со и без фолија, немам користено, но мислам така од причина што повеќе тоа зависи од самите вежби, конкретно ако се за слабеење, а и се е до тоа колку човек е упорен во тоа што го замислил, што си поставил одредена цел и има тенденција да ја оствари истата.
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? Еднаш ставив фолија околу стомакот при правење вежби, чисто да видам дали ќе испотам побрзо. Кај мене немаше ефект. Ја носев 10 минути и ја извадив бидејќи претерано многу ме чешаше. Ух, сега само што помислив почна да ме чеша стомаков. Колку беше гадно, не би ставила никогаш повеќе.
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? Па зависи за какви вежби ке ја носиш.За стомачни и некој вежби за зацврстување мислам дека нема ефект.Само за кардио вежби,кои се вежбаат со поинтензивна брзина и така се потиш целата. Како што кажаат погоре колку е корисно толку е и штетно вежбањето со фолија
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? летово трчав малку да ја средам линијата и носев ама од неа само се исипав целата така да не ја препорачувам
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? Мислам дека "подобрите" и "побрзите" резултати од вежбањето со фолија се повеќе на психолошка база и пред се заради изгледот на кожата по вежбањето која станува помека и помазна. Потта која излегува од телото не испарува, туку останува внатре и нам ни изгледа дека многу сме се испотиле и сме испотрошиле многу калории и согориле масно ткиво. Всушност, освен што сме изгубиле вода и "загушиле" кожата (со многу веројатни последици), ефектот од вежбањето е скоро ист. Кога веќе спомнувам последици, освен бубрезите, сум слушнала дека носењето фолија при вежбање предизвикува синдром на полицистични јајници. Не знам колку од ова е точно, но доволно е за да кажам едно големо (и дебело) НЕ за овој начин на дополнително согорување на масно ткиво. Можеби резултатите од редовното вежбање ќе дојдат малку подоцна отколку на овој начин, но барем на подолги стази се подобри, поздрави и посигурни.
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? Јас кога трчав лани обавезно на себе имав појас за слабеење, најлонска фолија до сега немам користеноа, али и не би користела. Појас пак би користела бидејќи многу ме потеше околку пределот кај стомакот и ме држеше доста затегнато
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? Не, затоа што не вади масни наслаги, не предизвикува никакви посебни ефекти. Ја вади водата од организмот и предизвикува дехидратација пред се.
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? Јас носам појас за слабеење демек кога вежбам на орбитрек, го носам на стомакот, поточно ми фаќа од под гради до долу под папок широк е но не го ставам секогаш. Го носам над памучна маица и потта се впива во маицата, и досега не ми се случило нешто непосакувано, незнам дали се слабее повеќе, ама знам дека се потиш повеќе со појас откоклу без појас, најлонска фолија немам пробано и не планирам
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? jas pocnav da vezbam so najlonski helanki koj gi nosis nad helanki potenki,obavezno pod niv da imas nesto pamucno za da potta se apsorbira i na toj nacin ne se stvara celulit a i da ne dojde do pogolemi problemi so zdravjeto. [mod-kirilica:2aijq4eg][/mod-kirilica:2aijq4eg]
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? Не. Затоа што не е природен материјал, кожата не може да диши, пречи и шушка при вежбањето. Најубаво вежбање е во комотна памучна облека.
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? Еднаш реков ај ќе пробам со појас за околу стомак....иии никогаш повеќе се исфрлав, се убив од чешање и не ми падна на памет да ставам пак такво нешто на мене.
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? И јас еднаш се изнафрлав од најлонска кеса. А кожава вообичаено ми трпи глупости, значи ова со најлонот било стварно многу!
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? Не сум размислувала за ова. Но мислам дека не е препорачливо..
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? Сум чула дека има многу ефект, јас деновиве вежбам на степерот и ставам фолија, вода тече од мене, али одма под туш.Па ќе видиме ефект.
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? Јас имам хеланки од Та на на, чуден материјал се, најлонски, од под градите до под коленицата се. Ги носев кога трчав, се потев како стока, на тоа жешкото, јас со 2 пара панталони, па и плус овие најлонскиве, комедии. Под нив мораш да носиш нешто што ќе ја апсорбира потта, јас носев хеланки, па најлонските и одозгора тренерки. Имаше резултати, но јас не бев баш упорна, нели кај мене е секое чудо за три дена и така траеше мојот тркачки маратон само месец дена
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? Има ли некој искуство за симнување стомаче, со возење точак и фолија при возење?
Најлонска фолија при вежбање Да или Не? Имам најлонски хеланки и кога правам вежби со тегови не ги користам,ги носам само за на орбитрек