1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најлонска фолија при вежбање

Дискусија во 'Фитнес' започната од zvezdena-devojka, 21 февруари 2012.

  1. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски

    Со , болдираното се согласувам. А ова со слабеењето сепак мислам дека не е така. Можеби на прв поглед изгледа примамливо , ама не верувам дека е точно. Спортистите не го употребуваат ова , барем немам слушнато досега :D Како и да е .
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^дефинитивно многу луѓе ослабнале на тој начи, симнале понекое килце.
    а и кој е логиката да не се ослабне кога ем се има физичка активност ем се поти организмот.
    многу по здраво слабеење е ова,со пот. од колку тоа со таблети пиење.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Се слабее јас имам слабеено но фатив и мала циста на десниот јајник,можеби јас сум била баш среклија
    инаку дава резултати,но секако многу е важна и исхраната
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    rici.aaaaa те уверувам дека цистите на јајниците немаат врска со вежбањето со фолија, воопшто да не се осеќаш крива , да мислиш дека со тоа си придонела за цисти на јајниците.
    Јас кога имав цисти на јајниците немав слушнато за вежбање со фолија, си примав терапија, цистите си поминаа, потоа почнав да вежбам, односно да слабеам , а цисти од кога ја намалив тежината никогаш немав.
     
  5. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски

    Слабеење со таблети пиење? Па кој спомна такво нешто ? :) Ако се слабее со таблети јасно ни е на сите дека само ќе има јојо ефект , ништо друго. Слабеење со физичка активност - се согласувам. Ама ако потиш не значи дека слабееш, тоа и погоре ми беше муабетот. Исто слушав нешто ставале фолии околу стомакот ( пред спиење) за да испотиле и да им се намали салото. Организмот треба да исфрли пот. На лето се потиме повеќе, на зима помалку. И тоа не значи дека слабееме . И ако седиме пред телевизор може да испотиме, значи ли тоа дека слабееме ? Ми се чини дека си спортист ( ако те имам испомешано со некој друг извини) . Ви имаат речено тренерите да го практикувате ова со фолијата при вежбање ? :?: И со кое објаснение ? Само поради зголемување на потта при вежбањето? :wasntme: Искрено имам зборувано со еден близок роднина ( спортист е ) за ова поради што беше хит пред година дена и ми рече дека не се согласува со ова. Прашаа и професори другите девојчиња, го добија истиот одговор. Сноу, не се нервирај во секој случај , мое мислење е ова , твое е поинакво. Па секој нека прави како сака.
     
  6. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    Може фолијата да придонесе за настинување на бубрезите само,ако се обвиткувате околу половината,други негативности неможе да предизвика,е сеа тоа е исто ко да вежбате на поголема температура,бидејќи во тој дел телото повеќе се загрева и повеќе се поти,но тоа дека таму ќе намалите најмногу од телесните масти е апсурдно.Испаѓа ко билдер да се здебелил 100 кг,со одреден процент на масти,и да стави фолии околу стомакот,со што ќе резултира тоа ? Според вашите мислења ќе резултира со следново:-ќе му се стопи салото на стомакот,ќе ги направи стомачните мускули,а рацетел,градите,нозете и другите делови од телото ке му останат исто големи и со иста количина на масти bullshit.Затоа не си се залажувајте самите себе,и ако сакате да стопите нешто имајте на ум дека на сите делови ке ви се топи подеднакво,иако немате на сите делови иста количина масти.Доказ за тоа се многуте личности што викаат:-а бе ослабев 5 кг,но никако да ми падне стомаков.Тоа е тоа :D :)
     
  7. Kajafeminka

    Kajafeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    26
    Немојте да сте се лажеле фолии да ставате... јас ставав еден месец и немав разлика но притоа добив болки во бубрезите неможев да се движам ама баш ништо неможев да правам.........А за топењето на масти јас ослабев 14 кг и верувате дека сум секаде ослабена само во стомакот не а таму најмногу сакав бидејки имам мал стомак како бремена жена :rofl:
     
  8. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Кога се потиш ? Кога телото има вишок топлина и треба да ја одаде .
    Кога вежбаш, постојано трошиш енергија и метаболните процеси се забрзуваат, се зголемува и продукција на топлина, а испарување на потта е еден од механизмите на ладење на организмот.
    Е сега ти ако ставиш околу тебе фолија и вежбаш, се потиш, ама телото побавно се лади, температурата расте, а зголемување на телесната температура за 1* целзиусов ги забрзува метаболните процеси за 20 - 30 %.
    Ете тој е механизмот како всушност се слабее при вежбање со фолија.
    Ама не се препорачува, посебно во вакви топли денови, бидејќи може да дојде до разни циркулаторни нарушувања ( да те мавне удар од толку топлина попросто да се изразам :) )
     
  9. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    И јас ставав фолја додека трчав и тренирав цело лето, имаше многу добри резултати, ослабев, салото ми го снема, и немав никакви здраствени и кожни проблеми. Но, за кој како :)
     
    На Tashaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    Ај те молам објасни ми какви се тие најлонски хеланки, каде можам да ги најдам и по која цена? :)
     
  11. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    бидејќи се лепи на телото придонесува потење иако побрзо ми е да наместам еластичен појас за половина отколку да се мотам ко мумија :D
     
  12. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Исти се како на сликите (сликите не се мои,од интернет се извадени),моите се плави.
    Ги има во сите подобро снабдени аптеки,цената мислам дека е околу 300-400 ден.(зависи каде ке ги купиш)
    Под нив обавезно се носат памучни хеланки,па нив ке ги облечеш,па можеш и тренерки врз нив,но и немора,барем јас не облекувам (премногу ми е топло така)
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
  13. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
    moj sovet ti e da ne gi koristis.jas gi koristev prvo ne oslabev tuku gi obolev i jajnicite i bubrezite i zeludnikot mi bese premrznat gi koristev 15 min trcav ili igrav kosarka ili skokav so jaze.
    [mod-kirilica:19o1parn][/mod-kirilica:19o1parn]
     
  14. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Не ја прочитав цела тема, можеби и некоја друга феминка кажала претходно, но еве да кажам што мене ми кажаа за најлонската фолија при вежбање. Немојте не е здраво или ако веќе ставате вадете ја за максимум половина час, бидејќи навистина многу се поти и се топат калории, но ако се чува подолго од половина час на телото отровите од потта се враќаат назад преку кожата.
     
  15. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Не ја прочитав цела тема, можеби и некоја друга феминка кажала претходно, но еве да кажам што мене ми кажаа за најлонската фолија при вежбање. Немојте не е здраво или ако веќе ставате вадете ја за максимум половина час, бидејќи навистина многу се поти и се топат калории, но ако се чува подолго од половина час на телото отровите од потта се враќаат назад преку кожата.
     
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Ај некој поупатен што е да ми објасни како фолијата го зголемува трошењето на калории??
    Како биохемичар одсекогаш сум се прашувала како. Нели организмот троши калории само за физичка активност, терморегулација и основни телесни функции, а тука физичкаата активност останува иста, евентуално за терморегулацијата ако се троши плус некоја калорија со фолија ама не верувам.

    Мое мислење е дека не помага, туку само ја задржува потта, која место да испари останува на фолијата.

    Дома немам пробано ама у салон за убавина неколкупати ме имаат измотано и ме ставија на тоа крејзито да ме тресе. За слабеење не знам ама за пилинг на кожата добра е фолијата :rofl:
     
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Фолијата не слабее тука ја вади водата(потта) побрзо мислејќи дека си потрошил повеќе калории.
    Трошењето калории има повеќе фактори и прво метаболизмот троши највеќе енергија за терморегулација дури 80% од калориските потреби се за тоа.
    Ако сега ти ставиш фолија на тоа место само водата ја вадиш,за да го стопиш тие маснотии треба да направиш калориска дупка(дефицит) од 3500-7000 калории неделно.
    И последното нешто што ќе излезе од мастите се првото нешто што си качила од мастите,нема правила но такво е моето искуство.
    Не можеш да го скршиш првиот заон на термодинамиката така да сите што ги земаат тие фолии само го дехидриртаат телото од вода и електролити,кој ќе ви помогнат повеќе да издржите да вежбате ако знаете како правилно да вежбате и да се храните.
     
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Брагодарам за објаснувањето. И јас истото го мислам. Без физичка активност и внимавање на исхраната тешко дека фолијата ке помогне. Дури мислам дека е и штетно долго време потта да се задржува под најлонот. Фолија да, ама за масажа со циметна крема за детоксикации и други чуда кај што ја зголемува ефективноста на кремата, а за слабеење и фитнес мислам дека не помага.
     
  19. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    [​IMG]
    Еве што помага ;)
     
  20. Iv.girl55

    Iv.girl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Најлонска фолија..хм :^) Koлку што е здрава и мислиме дека побрзо ќе се испотиме за да ослабеме, толку е и штетна за бубрезите доколку ја ставиме околу половината за стомакот..

    Подобро 5 мин. повеќе вежбање за да се испотиме природно, отколку да понатака проблеми да имаме.. сепак женски сме и не е препорачливо уште сега да се соочуваме со проблеми јајници и сл.
    А и природното слабеење е најдобро, можеби подолг период е потребен, ама поздраво е за телото ! :D