1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најлошите карактеристики на хороскопските знаци

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Angel4eeee, 14 април 2013.

  1. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите :hai:
    Доколку оваа тема е дупла слободно ставете клуч. :)
    Овен

    Вие секогаш морате да бидете во право. Имплусивни сте, брзоплети и ексползивни, а во некој ситуации со ароганцијата ги повредувате другите. Склони сте кон кавги, лесно се нервирате а уште побрзо навредувате, но и брзо ви поминува нервозата. Со вас никој не треба да се „закача“ бидејќи знаете да бидете груби, нетолерантни и одмаздливи. Во љубовта сте непредвидливи, љубоморни и посесивни. Непријатни сте како соработни на работа заради желбата за доминација.

    Бик

    Вие сте своеглави, па секогаш терате по свое, па и тогаш кога не сте во право. Иако многу ви треба за да се налутите, кога сте лути експлодирате. Некогаш сте бавни и лежерни во извршување на обврските. Парите ви се многу важни. Доколку сте жена, многу внимавате на убавината и опседнати сте со неа. Во љубовта сте љубоморни и посесивни но и неверни.

    Близнаци

    Вашата љубопитност и желбата да се истакнете ги излудува сите околу вас. Расположените ви е непредвидливо и променливо, што додатно ја нервира околината. Ветувате многу а малку исполнувате. Умете да бидете лукави, а често го криете стравот од неуспех. Најчесто сте окупирани со некои големи планови, па истовремено започнувате повеќе работи, а половина не успевате да ги завршите. Во љубовта сте рационални за да се заштитите од разочарување.

    Рак


    Мрзеливи сте, менувате расположение и склони сте кон самосожалување. Брзо се навредувате, посебно тоа гто покажувате во љубовните односи. Но, доколку некој сака да си игра со вашето его и суета можете да бидете осветољубиви. Понекогаш толку се затварате во оклопот па тешко некој да ве извлече. Егоцентрични и себедоволни сте, посебно ако сте жена. Склони сте кон алкохолот доколку сте маж.

    Лав

    Многу сте тратрални, па често драматизирате за да го свртите вниманието кон вас. Сакате да сте во центар на вниманието, едноставно не поднесувате да бидете неприметени. Суетни, вообразени и сакате да доминирате, па често и претерувате во тоа. Актерството знае да биде ваша маска, бидејќи се плашите од исмејување и омаловажување. Иако сте амбициозни знаете да бидете мрзеливи и да им завидувате на другите. Понекогаш им помагата на другите за да им покажете дека не можат без вас.

    Девица

    Многу сакате да зборувате, понекогаш сте толку детални што може да ги „удавите“ сите околу вас. Сакате или се да знаете или се затварате во себе. Тешко поднесувате критики на ваша сметка, додека кон другите сте многу критички настроени. Често ги потиснувате емоциите и склони сте кон многу стравови во врска со здравјето. Исто така сте многу бесни и нервозни. Многу големо внимание му посветувате на здравјето и хигиената, умеете да бидете премногу педантни, тоа е посилно од вас.

    Вага


    Иако изгледате како некој кој знае што сака, неодлучноста е вашата најлоша карактеристика. Што потешка одлука толку повеќе двоумење. Променливо расположение, а непредвидливи реакции. Брзо се лутите и несвесно ги навредувате другите.Суетни сте и надмени. Големо внимание му посветувате на изгледот и социјалниот статус. Во љубовтаа умеете да бидете ладни и посесивни, а емоции внесувате во работата. Доколку сте машко партнерката не може да се потпре на вас.

    Шкорпија

    Вашето таинствено однесување, понекогаш е тешко да се одгатне, зато околината ве гледа како осаменик. Иако изгледате незаинтересирани, се приметувате, но ретко покажувате што чувствувате. Сакате да ја наметнувате вашата волја, бидејќи мислите дека сте во право. Кога некој се обидува да ве провоцира знаете да бидете непријатни и саркастично, но и навредливи. Доколку сте жена знаете да бидете суетни, арогантни, склони кон сплетки и пороци, љубоморни, посесивни и одмаздливи.

    Стрелец

    Вашето расположение е променливо, или претерувате или се повлекувате во себе. Детинести сте, непрактични, нестрпливи и анметливи, а често и многу зборувате за своите авантури. Умеете да бидете нетактични, тврдоглави и склони кон кавги. На работа сте често неефикасни и одолговлекувате кога носите одлуки, а во љубовта сте површнии.

    Јарец

    Работата и кариерата се во прв план секогаш. Статусот ви е најважен. Често сте опседнати со успехот и сакате да доминирате. Конзервативни, тврдоглави, а разумот секогаш ве управува никогаш срцето. Склони сте кон кавгии и сте големо злопатило.Имате проблем со покажување на чувства посебно ако сте жена. Ги анализирате грешките од минатото.

    Водолија

    Егоцентрични, бунтовни, и секогаш се знаете најдобро. Непредвидливи, а умеете да бидете и непријателски расположени. Немате доволно трпение и знаете да бидете многу саркастични. Во љубовта сте посесивни, љубоморни, но тоа вешто го криете. Премногу сте љубопитни за да останете верни, а во флертувањето уживате. Домот или воопшто не ве интересира или сте опседнати со него.

    Риби


    Вашата суета е нагласена, пречувствителни сте, мислите само на себе. Малодушни, несигурни, непостојани, неприлагодливи, неодлучни, нетрпеливи, а имате и недостаток на толеранција. Секогаш сметате дека не сте сфатени и се изолирате од светот. Често одите против своите интереси и терате инает, а навредите долго ги паметите.
    Извадено од Трач Забава Музика
    Истото ова е објавено на 12.04.2013
    Јас сум си девица и се ми е погодено. :!: :clap: :clap: :clap:
    Што сте вие и дали некој ке си признае??? :rofl: :rofl: :rofl:
     
  2. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Точно дури преточно :D
     
  3. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123
    Навистина ]:)
     
  4. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Стварно бе :D
     
  5. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Точно :D
     
  6. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Многу сакате да зборувате, понекогаш сте толку детални што може да ги „удавите“ сите околу вас. Сакате или се да знаете или се затварате во себе. Тешко поднесувате критики на ваша сметка, додека кон другите сте многу критички настроени. Често ги потиснувате емоциите и склони сте кон многу стравови во врска со здравјето. Исто така сте многу бесни и нервозни. Многу големо внимание му посветувате на здравјето и хигиената, умеете да бидете премногу педантни, тоа е посилно од вас.

    Toчно е се освен она дека не поднесуваме критики. Тргнувајќи од мене, поднесувам критика и те како. Плус дека се шалам на своја сметка без проблем :)
     
  7. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    Склони сте кон кавгии и сте големо злопамтило.Имате проблем со покажување на чувства посебно ако сте жена. Ги анализирате грешките од минатото.

    хихииххихиихихи бравоооо поточно здравје :clap: :clap: :clap:
     
  8. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    121
    Девица

    Многу сакате да зборувате, понекогаш сте толку детални што може да ги „удавите“ сите околу вас. Сакате или се да знаете или се затварате во себе. Тешко поднесувате критики на ваша сметка, додека кон другите сте многу критички настроени. Често ги потиснувате емоциите и склони сте кон многу стравови во врска со здравјето. Исто така сте многу бесни и нервозни. Многу големо внимание му посветувате на здравјето и хигиената, умеете да бидете премногу педантни, тоа е посилно од вас.

    Се е точно, само што не сум бесна и не зборувам многу :D
     
  9. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    Ааа? Стварно?? |( Неодлучноста-да. Ама суетна-скраја да е
     
  10. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Вaгa не мoжaм дa пoверувaм се е тичнo, бaш се:o
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.558
    Пол:
    Женски
    Точно е за ракот, само што сега расположението не ми е толку променливо како порано што ми беше. :lol:
     
  12. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    За мене ништо не е точно. :x