Најлошите особини на секој хороскопски знак

Дискусија во 'Канта' започната од monni.t, 11 август 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Овен
    1.Овенот е најимпулсивниот знак! Треба да научат како да ги контролираат овие изливи на бес.
    2. Врската со Овен значи да бидете во врска со незрела и наивна личност, така што на моменти може да ви изгледа дека имате работа со тинејџер наместо со возрасна и зрела личност.
    3. Овенот сака да се впушта во нови нешта, но не може да се очекува дека ќе ги заврши, зашто во меѓувреме вниманието ќе му го привлече нешто друго „ново“.
    4. Имаат голем проблем со трпението.
    5. Многу се себични и не гледаат подалеку од носот, па затоа немојте да се чудите ако не се обидат да ги сфатат вашите амбиции.

    Бик
    1. Познати се по својата тврдоглавост, затоа не се надевајте дека некогаш ќе издвојувате победа во споровите. Едноставно не знаат да попуштат.
    2. Нека ви е со среќа поделбата на домашните обврски.
    3. Нивните потреби секогаш се поважни од вашите.
    4. Ужасно се неинтересни.
    5. Тешко им е да ги покажат емоциите, попусто се надевате дека со вас ќе ги споделат проблемите.

    Близнаци
    1. Ако на некого не можете да се потпрете, тогаш тоа би било овој знак. Ова е знак кому навистина не можете да му верувате.
    2. Со нив секој ден е предизвик – не знаете која страна на нивната личност ќе превладее.
    3. Слаткоречиви се и може и месечината да ви ја ветат, но секогаш остануваат само на тоа.
    4. Брзо се заситуваат од сè.
    5. Да се живее со Близнаци значи да живеете на гробиштата на недовршените проекти и идеи.

    Рак
    1. Нивните промени на расположението ќе ве исцрпат.
    2. Раковите обожаваат да навредуваат, но не обожаваат да ја прифатат одговорноста за последиците на она што го кажале.
    3. Наметливи се и не се независни.
    4. Може да се случи да ви понудат брак веќе на вториот состанок.
    5. Животот со нив може да ви биде жива досада. Тешко дека ќе успеете да ги убедите да одите во нов ресторан или на патување.

    Лав
    1. Со својот лав никогаш нема да почувствувате дека врската ви е претерана сигурност, со оглед на тоа што се склони да флертуваат со кого било и каде било.
    2. Никогаш нема да ве сакаат повеќе од својот одраз во огледалото.
    3. Ниеден Лав никогаш нема да признае дека не е во право.
    4. Нивната ароганција е непријатна.
    5. Мора да бидат во центарот на вниманието, па ако сте со него секогаш ќе бидете во сенка.

    Девица
    1. Обожаваат да осудуваат и да претеруваат со критиките.
    2. Живото со Девица значи дека секогаш ќе морате вие да го правите првиот чекор.
    3. Превртливи се.
    4. Изгледа несигурноста им е вродена, што воопшто не е секси.
    5.Ако случајно оставите валкана чаша, нема да ви дозволи со месеци по „инцидентот“ да заборавите на тој несмасен пропуст.

    Вага
    1. Никогаш нема да дознаете што навистина мислат, зашто Вагите го кажуваат само она што мислат дека сакате да го чуете.
    2. Носењето одлука трае многу часови (некогаш и денови).
    3. Во секој момент можат да ви завртат грб, без предупредување.
    4. Опседнати се со физичката убавина.
    5. Им недостига силна волја.

    Скорпија
    1. Љубомората на овој знак надалеку е позната.
    2. Никогаш нема да знаете што всушност чувствува, зашто склони се да манипулираат со своите и вашите емоции.
    3. Подготвени се да ве остават и повредат како никој дотогаш.
    4. Лажливци се и таинствени.
    5. Вешто ги претворуваат малите караници во драма.

    Стрелец
    1. Од сите знаци овој знак е најлошиот слушател.
    2. Единствено размислуваат како да се забавуваат 24/7, а ако тоа не им е доста тогаш постојано ќе ви кукаат и лелекаат.
    3. Тие знаат апсолутно сè, затоа со среќа да ви се обидите да ги научите нешто ново.
    4. Доминантни се и сакаат да имаат потполна контрола.
    5. Често се нечувствителни за туѓите чувства.

    Јарец
    1. Нивен приоритет е работат и јасно ќе ви кажат тоа.
    2. Два збора: „контрол фрик!
    3. Сè што прават го прават исклучиво за себе и не им е грижа дали ќе ве повредат.
    4. Ги сакаат рутините, па врската со нив ќе ви биде досадна.
    5. Затворени се зад своите ѕидови.

    Водолија
    1. Водолиите го живеат живото во својата глава, па често изгледаат отсутно.
    2. Тие секогаш знаат најдобро, па врската со нив може да ви се чини како извршување на инструкции.
    3. На состаноците ретко ќе бидете само зашто најмногу од сè го сакаат своето друштво.
    4. Сакаат предвремено да донесуваат заклучоци и да осудуваат.
    5. Секогаш ќе знаете што мислат, но ретко што чувствуваат.

    Риби
    1.На Рибите им е потребен простор.
    2. Не можете да ги наговорите, а ако успеете, ќе им треба цела вечност да го завршат тоа што го почнале.
    3. Ретко знаат што сакаат од животот.
    4. Рибите ќе ги жртвуваат своите потреби и чувства за врската да биде квалитетна, но подоцна ќе ви префрлат за тоа.
    5. Ја идеализираат секоја врска, а од вас очекуваат да ги исполните нивните фантазии за совршен партнер.

    Превземено од style.mnogoo.mk
     
  2. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Точно.

    Не знам.

    Релативно точно.

    Точно.

    Само болдот.
     
  3. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Има ваква тема во Другата наука. :)
     
  4. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
  5. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
  6. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Аха да, не ја видов. :wasntme: Ама сепак мислам дека не се потполно исти. :?:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.