Е баш тука му е местото на филмов... ако може да го наречам така Battle: Los Angeles http://www.youtube.com/watch?v=tAdm9ssE6gk&ob=av3n
Samitot na Shamanite http://www.youtube.com/watch?v=PY4oukZZg6A&feature=related Некој некоја идеа кое е ова чудо и за која цел е снимено ?! Јас сум без текст !!! Како можеле пред се да прифатат вакво нешто да снимаат или секако да глумат во него (или може не сум толку УМЕТНИЧКА душа)???!!!
Being John Malkovich Кога го гледав овој филм си викав Is this a joke? Не ми беше јасно што е финтата со филмот и како на некој му се троши пари за ваква глупост па и подоцна читав дека и за Златен Глобус бил номиниран . А додека пак "филмови" од типот на High School Musical и оние со Парис Хилтон не ги ни сметам за филмови,тоа е пропадната инвестиција.
Колку само се согласувам за филмов :up: Инаку дефинитивно Дизастер Муви(Disaster Movie) Подебилски и поглуп филм немам гледано.
365 дена, пресно изгледан и у најтесна конкуренција на филмови навредливи за интелигенцијата. Само крајот беше на место и ништо друго. Доброто е што сега знам дека треба да одминувам полски филмови ако некаде ги сретнам.
Don't Worry Darling 2022 Под режија на Оливија Вајлд, толку глупав филм одамна немам гледано, дејството од ‘50тите а ништо налик на тоа време, бледи и неубедливи глуми, 2 часа залудно изгубени и на крај никаква цел, а нема некоја лоша оценка на имдб, солидна 6ка најверојатно ради Хари Стајлс што глуми, друга логика не гледам. А настрана тоа што кога излезе филмов сите кои се вклучени се испокараа меѓу себе, тензично и на промоциите, па и кога Хари го плукна на Крис П…
Го догледа до крај? Зашто тогаш излезе поентата. Има причина зашто не беа скроз убедливи сцените како за 50ти ама ако го догледа.
Спојлер Ако седнам веќе да гледам филм колку и да не ми се допаѓа до крај го гледам но не ми беше јасен крајот искрено, пробав да го гуглам но не најдов одговор, знам дека беа во вештачки креирана средина со целосна контрола но не ми беше јасно крајот, што значеше тоа каде хероината работеше како мед. сестра а ликот на Хари нешто програмер беше, како се најдоа таму?
Спојлер Епа тоа е реалноста, сега, каде што оваа била хирург а Хари ништо, не беше програмер туку невработен и не можел да го поднесе успехот на жена му а и се гледаше дека бракот не им е добар. Се пријавил во програма каде што мажи ги дрогираат сопругите и свеста им ја пренесуваат во тој вештачки свет(фиктивни 50ти). Фактички за цело време додека се одвива филмот жената лежи заврзана во кревет, а свеста ѝ е во вештачката средина каде што не се сеќава на ништо. И на мажите им е пренесена свеста, ама кога одат на работа, уствари се дисконектираат и враќаат во реалноста за да ги извршат обврските што ги имаат во овој свет. На крајот кога женава го уби Хари, тој умре и во вистинскиот свет а она влезе во тој порталот и ѝ се врати свеста во реалноста.
I'm thinking of Ending Things Скроз глупо сценарио. Глумата лоша. Jojo Rabbit Ужасен. Само глумата на Скарлет беше добра. The Notebook Добра глума на Рајан Гослинг и Рејчел Мекадамс, ама глупо сценарио. Досадни сцени. Idiocracy Баш соодветно, идиотски филм. Don't Look Up Нереален приказ на постапките на луѓето. Глумата е ок.
Не си била сконцентрирана. Јас го разбрав, ама филмот е никаков, барби-матрикс со домаќинки. Последно го гледав и не знам дали во наредните денови ќе ми се промени впечатокот, не верувам. Единствено што Хари Стајлс добро ги глумеше секс-сцените, за друго не вреди да се гледа филмов. Мислам, познато и соџвакано е се што сака да пренесе.