Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најлоши филмови на сите времиња

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Angelche, 17 јули 2010.

  1. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    16.731
    Пол:
    Женски
    Извини што ти реплицирам, јасно ми е дека секој си има право на мислење.
    Ама ме интересира зошто Џоџо рабит е ужасен? Мене ми е еден од оние филмови што сакам да си ги гушнам и да си ги пуштам пак. Дијалозите, деталите, кинематографијата се е на високо ниво па и Taika Wititi како Хитлер. За глумата прво би ги пофалила улогите на дечињата Џоџо и она дебелкото заборабив како се вика а тука се и Сем Рокфел- легенда, Томасин Мекензи е преталентирана, Ребел Вилсон и секако Скарлет.
    Крајот каде што играат на Heroes од Боуви ми е предобар. Ми падна криво ваков филм во оваа тема да го видам.
    Мене и thinking of ending things ми беше добар.
     
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Разврската беше на крајот затоа и не го разбрав а едвај чекав да заврши филмот, од сам старт ме исфрустрира и без желба го догледав. Убаво ми го објасни филмот погоре членката. Како целина, засмислата на филмот не е сепак лоша, но јас повеќе сум љубител на филмови од ‘90тите со таа постара гарда на актери, не сум фан на поновиве и млади актери (можеби два-тројца од кои и Тимоти Ч.), според мене Хари треба да си продолжи стрикно со музиката зошто стварно е одличен пејач со преубави песни, за Оливија што да кажам антипатична појава исто како и Крис
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.251
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Across the Universe
    (2007)
    Нема сите да се согласат, ама филмов подобро да не постоеше и да не потрошев 2+ часа, никогаш немам зажалено повеќе што сум гледала некој филм.
    Исфорсирано парче "уметност", употребени се лоши преработки на песните од Битлси и мотиви од постари мјузикли за да се раскаже просечна приказна.

    Не знам кому му бил потребен уште еден мјузикл за војната во Виетнам и протестите, можеби на децата кои не слушнале за Виетнам и не ги слушнале ни Битлси.
     
    Последна измена: 24 април 2023
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.624
    Допаѓања:
    39.206
    Пол:
    Женски
    Најлоши филмови ми се дефинитивно филмови од типот на Saw, Human Centipede, Serbian Movie и слични на нив. Во превод каде цела поента на филмот се само гадни сцени со цел да шокираат и ништо повеќе.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.236
    Допаѓања:
    125.665
    Пол:
    Женски
    Barbie (2023)
    Иако ми се допадна глумата на Марго и Рајан, сепак се престари за вакви улоги. Глумата на другите е од мех до ужасна.
    Првите 30 минути ужасно досадни.
    Филмот промовира пластична убавина.
    Не го препорачувам. (n)
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.251
    Пол:
    Женски
    Filmot Idiokratija e zhiva vistina, natamu e trgnato chovestvoto. Dovolno e da se pogledne naokolu koj se stana roditel, a postojat i statistiki deka visoko inteligentnite lugje poretko se odluchuvaat da ostavat porod na planetava.
    Ako se kotat skrenati so IQ vo minus, dodeka popametni nemaat deca, takva idnina se nadzira otprilika.

    Sorry shto se nadovrzav, sakav nekade da spodelam vpechatok od filmov, mene mi e OK kako ideja.
     
    Последна измена: 26 ноември 2023