Леле филмот е заникаде ама тоа баш заникаде ........ 2 саата гледав глупости, де духови им се појавуваа, де крв им течеше на луѓето од нос, де овој стариот со пола фаца бил вонземјанин па некоја струја го репнала и таков станал боже божееее! И на крај ниш не разјаснија што претставува таа кутијата абе ужассссссссс!!!!
Мене ми беше интересен филмов, само што некако крајот упропасти се! Многу глупо заврши, не можев да се изначудам и осетив дека 2 саати сум седела пред телевизор за џабе. Инаку сега скоро го гледавме Спајдермен 3 со другарка ми и едвај го догледавме. Не само што беше прилично долг, туку и многу ми беше досаден. Првиот дел ми беше интересен, вториот ај некако, ама третиов веќе...
фрката со кутијата е- тој старецот иде од куќа во куќа, и нуди милион долари за тој што ке го притисне копчето, и демек некаде во светот ке умре нели некој ако го притиснеш копчето... и камерон го стисна, и фактички умира таа/тој што го стиснал пред неа, и сега следниот човек што ке го стисне (ако го стисне, нели бираш дали сакаш да го стиснеш или не) ќе умре камерон пошо е последната што го стиснала, или нејзиното дете ке биде глуво и слепо за секогаш(значи камерон треба да одлучи дали она ке умре, или детето ке и биде и слепо и глуво) ама се на се тапааааа
Јас разбрав што и како со кутијава оти притискаш, некој умира и после и тебе ќе те умрат ама на крај не кажаа од каде излегла таа фамозна кутија, кој ја направил, со која цел така луѓето самите да се убиваат како што се вика ... и овој стариот од каде дошол и како станал таков не разјаснија, едноставно да кажале како се започнало со таа кутијата ...... и мислев оти на крај овие камерон и метју (го обожавам глумецот ) ќе се спасат некако, а овој ја уби и крај ........ ептен без везе
да да, само првите 15мин онака ми беа интересни после!!! а можеле многу поубаво да го направат филмов, почетокот беше супер, ама како иде минутка по минутка тапа стана! а тоа со крвта од нос, глупости немам кометари
Да и мене ми беше интересен од почеток ама се понатака и тој крајот катастрофален ај да се спасеа некако ќе кажеш филм, ама ова А пак тоа кога го трчкаа во библиотеката и му кажа оваа жената на стариот да одбере од тие 3те со вода, со што беа полни? И овој паѓа во спалната, поплава напраи Глупости! И кога заврши само така си викам .... е што сфатив јас од овој филмов? Ништо! Ниту ме насмеа, ниту ме расплаче, ниту ме натажи, ниту ме замисли ....... најлоши се таквите филмови дефинитивно ..... ми беше мака што седев 2 саата да го гледам ...... обожавам филмови и вака не памтам некој филм да ме разочарал.
ееее и мене сафра ме фати!!! ама се прелажав јас, на почеток нели супер, и мислиш цел филм топ ке биде, плус и дека актериве беа стварно супер, и ете се излажавме ама памет за друг пат ни е ова, да не глеаме глупи филмови
хехеехе таков веќе нема шанси не ми се губи време за глупави филмови, прво ќе се распрашам каков е и како завршува , па после ќе гледам амаааааа
Иначе поентата за the box за сите што не го сфатиле. ( и јас бев меѓу тие ) тој дедото бил погоден од молња, и нели после тоа бил излечен за многу кратко време. Тој доаѓа на земајта како претставник на некоја повисока класа суштетва, значи вонземјани и сл. Ја нуди кутијата на луѓето , а нејзниото притискање е морален акт кој одлучува за судбината на човековиот род. Ако многу луѓе ја стиснат, тогаш човековиот род ќе оди во самоуништување. Доколку има доволно што нема да го стиснат копчето, човековиот род ќе биде поштеден. Затоа и тој на крајот кажа дека земјата е еден вид на чистилиште. Дефинитивно глупав филм. Скорз промашена поента. :n: