Незнам како мислиш одвратно, баш не би се сложила дека оваа серија треба да се најде во оваа тема за најлоша на сите времиња. Серијата едноставно не е за секого, или подобро да кажам неможе секој да ја разбере а поготово затоа што е типично машка серија па жениве не ни седнале да ја загледаат.
Се сложувам со сите што го спомнаа "Twilight". Би го додала на мојата листа "High School Musical", "The room", "The Box", "Pledge This" со Парис Хилтон Ми текна на уште еден кој што не ни успеав да го догледам од што беше глуп..."The Hitchhiker's Guide to the Galaxy"
ахахахахха ми текна на еден филм не знам како се викаше! ама фрката на филмот е следнава- еден со камион, брка еден маж со кола и цел филм е само тоа се бркаат се бркаат се туркаат се бркаат се туркаат се бркаат се туркаат и на крај овој со колата му киднува на камионџијата филмов у книга на рекорди треба да влезе за најкреативен филм на столетието
CUBE !!!! дефенитивно најлош филм EVER ! значи цел филм е снимен во коцка...т.е во коцки... како во игра се заробени и триста чуда му се дешаваат... ГО МРАЗАМ !
Многу се радував на овој филм, но кога го изгледав, бев шокирана. Филмов немаше ни почеток ни крај. Барем да кажеа како се ширела инфекцијата. Ништо, никакви информации, само возење во кола. Глупост.
No country for old men- уфф колку ми беше глуп филмов... па нема ни крај каков што треба, т.е. филмот не завршува... Little miss sunshine- демек комедија, ама тапа е цел филм. Само крајот е малку поинтересен The curious case of Benjamin Button- Досаднооооо...... Wrong turn- крвавици, тепање...крвавици....крв.....врисоци....крв.... и толку
Боже, јес да е прашање на вкус, ама не можете да го сместите Benjamin Button и Little Miss Sunshine во најлоши филмови Vanilla Sky па најмалку, мене ми е еден од најомилените. Little Miss Sunshine не е комедија, туку драма. Не знам што е тешко за разбирање во Ванила Скај кога крајот појаснува се'. Том Круз ќе доживее сообраќајна несреќа и агенцијата ќе му овозможи да сонува живот каков што посакува да има. Од моментот на несреќата па се' до крајот на филмот се' е дел од неговата имагинација. Меѓутоа сеќавањата за Софија, односно потсвеста ќе биде премногу силна и ќе надвладее. На крајот се сведува на избор - да продолжи да сонува (бидејќи агенцијата може да ја отстрани грешката), знаејќи дека е сон, или да се разбуди, т.е. да умре. И ќе одбере. Мислам филмот е комплексен, може да се сфати на повеќе нивоа, изобилува метафора, совршен е. Да не зборувам за глумата и илустрацијата на човекот како суштество и неговите желби и соништа, како и изборите со кои се соочуваме секојдневно. Како може да го ставите во најлоши филмови, вие луѓе не сте арни, а се палите на Twilight...
Како што кажа и сама, тоа е прашање на вкус. Епа за мене спаѓаат во најлоши филмови. Benjamin Button ме нервира пошто дејствието премногуууу долго се одвива, а премногу малку време посветуваат на објаснување зошто и како му се случува тоа. Еве ти линк кај што можеш да видиш дека Little miss sunshine е номиниран за најдобра КОМЕДИЈА. http://en.wikipedia.org/wiki/BFCA_Critics'_Choice_Award_for_Best_Comedy_Movie Па, појдувајќи од фактот дека режисерот го сместил својот филм во жанр комедија, што очигледно не е, филмот не ми се допаѓа. Мој вкус, мое мислење. Или пак ти можеби си од оние, што чим ќе слушнат дека некој филм е номиниран за оскар или добил оскар, или пак има висока оценка на ОБДН веднаш им станува убав филмот. Немој да се навредиш, бидејќи размисли и сама, дека стварно постои и оваква група на луѓе што чекаат филмот да добие награда па да им стане убав. Јас само размислив дека ти можеби си во таа група. Ако не си, искрено извини од мене за грешната проценка.