Како што кажа за вкусови не се дискутира.Мене овие два филма ми се страшно лоши,можеби некому му се допаѓаат,тоа е пршање на вкус.Кога пишав форсирање мислев на фамата која се дига околу тие два филма.Има луѓе на кои им се допагаат,мене не.Лоши ми се,монотони, затоа и ги сместив во оваа категорија.Јас така сметам.
Јади моли се и уживај... уф И јас да имам можност да го обиколам светов , ќе го најдам својот душевен мир. Исфорсиран филм , направен по исфорсирана книга , се на се многу лигаво и снобовски ( според мене и мојот вкус )
Еј, да не знаеш случајно дали филмов е работен според истоимената книга од Cecelia Ahern, незнам книгата колку што знам сите ја фалат и е бестселер, зар може да е дотолку утнат филмот ?
Има мноогу филмови што ме разочарале, почнале со интересен почеток и онака интересни изгледаат за на крај буквално ништо да не се деси, а па некои се стварно тотални утки. Али ич не ми текнува на некој сега конкретно. Сега ми текнува само на I am legend, не дека филмот е нешто ептен лош ама некако монотон ми е, ништо не се дешава и во целиот филм истото дејство е, само со еден човек и неговото куче, си вози чоеков со кола низ пустиот град шо го зафатило некоја болест и никој друг нема жив и овој си се возика битно си иде у видеотека, си има резерви храна ..кучето ќе му умре, ќе бара помош за спас и само ќе се вртка низ градот и така цел филм у круг. И некако многу неодредено завршува. Незнам, безсмислено.
^^^ Во цел филм има само тројца глумци ( вклучувајќи го и кучето ) Мене не ми беше толку лош , ама после пола саат више досадно станува.
Да филмот е според книгата сниман. Филмот не да е утка туку е тотална катастрофа додека книгата е многу подобра, со многу поќе чувства...книгата топло ти ја препорачувам !! А филмот НИКАКО !
Не се сеќавам баш мн на филмот ама сцената кога му умираше кучето многу добро ја памтам...многу голем впечаток ми остави таа сцена..инаку се согласувам дека не е ништо посебно
не ми се допадна воопшто филмов,досаден ке заспиев додека го гледав старфиш не можам да ја видам сликата,ама сигурно станува збор за jenifers body и тој ми е утка
И мене, ептен ме растажи..единственото нешто што е така поинтересно во филмот е кога ќе се најде во некои темни ходници со кучето и кога ќе прави експерименти на тие марсовци ли што беа Остатокот од филмот е таков монотон. А мене скоро секогаш филмовите ми биле поинтересни кога ќе ги изгледам од колку книгите.. Сега баш читам една книга Second Chance, многу е тажна ми рекле дека имало и филм според книгата, па кога ќе ја прочитам може ќе го изгледам филмот, да видиме дали ќе ме разочара.
I am legend мислам дека не заслужуа да се најде тука. Сепак овде ставаме најлоши филмови на сите времиња! Знам дека за вкусовите не се дискутира, ама филмов е далеку од најлош. Монотон можеби за кого како, ама за оваа улога Вил Смит зема многу награди! Треба малку од различни апекти да разгледате пред да окатегоризирате некој филм како најлош.
Па реков за вкусовите не се дискутира, а тоа си е твое мислење. А насловот на темата е: Најлоши филмови на сите времиња
I am legend лош филм? Најлош Инаку, има еден филм со оној Супермен што го глумеше во серијата, Дин Кејн мислам беше, е сега не знам како се вика филмот, го гледав на тв. Значи човеков помагал во ограбување на банка, ама сам ги земал парите, го извисил партнерот. И се изгуби возејќи во пустината, требаше со семејството да се најде. И така возеше, возеше и возеше.... А една операторка му помагаше демек патот да го најде, а испадна дека таа била со неговиот партнер и мислам дека го убија на крај. Ама таков глуп филм, а упорно го гледаш. Е тоа се најлоши филмови.
Мене па филмот ми беше добар, т.е. одличен! Сепак, се работи за вкус. Башка, јас ја немам читано книгата, па може затоа не сум се разочарала од филмот Инаку секогаш е така, кога ќе прочитам некоја книга, па потоа го гледам филмот кој е снимен според таа книга, се разочарувам Пример, ангели и демони книгата ми беше феноменална, ама кога го гледав филмот бев разочарана...Не само што во филмот беше некако се натрупано и набрзина се одвиваше, туку и сликите, сцените што јас сум ги замислувала додека ја читав книгата се ептен различни од тие во филмот