Ок, вие сметате дека во темава треба да ги пишуваме сите имиња на филмови кои не ни се допаднале или биле преценети. Јас сметам дека е жално, такви наслови да се ставаат во оваа тема, покрај останатите вистински с*ања. Не треба да сме критичари за да разграничиме филм кој е висинско промашување во секоја смисла, и филм кој не ни се допаднал Ако веќе го анализираме насловот, тогаш пишува "на сите времиња". Епа ако black swan ти е најлошиот изгледан филм во животот, тогаш секоја чест, ти си стварно среќна девојка што не си потрошила ни минута време од твојот живот на филмови од типот на "disaster movie"
Алиса, што се возбуди толку? Еве некоја страна поназад некој го спомнал „Dude where's my car“ како најлош филм, а мене ми е екстра, па ништо не искоментирав. Секој со својот вкус. Ако се контравме за секој филм од темава, на крај не ќе можевме да излезиме. И не земај го тоа толку при срце „на сите времиња“, па нема да ги даваат на телевизија нашиве одговори, или пак оскар да ни доделуваат.
Доколку се продолжи оф топик дискусија сите мислења одат во канта. Темата е отворена секој да си даде мислење и затоа ве молам без препукување и тука.
Love Guru Добро бе поглуп филм не може да се направи!!!!!!!!!!! Го гледав ЦЕЛИ 20 минути а и не ни знам самата како издржав толку, воолку досадно нешто немам гледано.
BURIED NEW MOON HIGH SCHOOL MUSICAL DISASTER MOVIE SON OF THE MASK стварно беа глупави филмовите врска си немаа
Многу гледам филмови, понекогаш некои нови не ги дочекувам ни да излезат во добра слика... најмногу сакам научнофантастични, ама и се друго поминува кај мене ( ретко гледам комедии). Нормално дека не може сите да се ок ,,,ама морам да ви кажам колку се исфрустрирав од еден филм, значи не можев да престанам да зборувам, кој настран ум имал тој сценаристот, мислам без идеа.... болен многу болен филм ....погледнете трејлер ама не ви препорачувам да го гледате.... во спротивно имам многу филмови кои радо би ви препорачала да ги гледате..... http://www.youtube.com/watch?v=IX8fKLjC__c
Сега што ми паѓа на памет е Војна на Световите own: own: own: Том Круз толку очекував од филмов чиста глупост има уште многу ама овој ми стана асоцијација за лош филм
Другарка ми ме натера да го гледаме.Немојте да сте трошеле мегабајти на него да знаете еден ќотек ќе ви мавнам .2 саати изгубено време, мука ми падна.Среќа кај неа го гледавме па не си потрошив мегабајти.Уште толку ќе ми беше криво.
^^ Ииииииииии, со збориш бееее! Девојченцево и филм снимило?! ааааууууу до каде со биберманијава беееее глупи гпули американци, со да кажам освен, ццц...ЦЦЦ! Инаку најлош филм, у последно време што сум гледала, "Exam" ( и насловот дури збори сам за себе )
"Valentine's day"- најлош филм што сум го гледала... милион глумци, а приказна никаде.. битно глумците се мега популарни. По 20 минути гледање зажалив што го симнав Сите филмови со кинески глумци со надприродни боречки вештини и акции во кои главниот глумец претепува до смрт милијарда луѓе притоа не добива ни една гребаница. "My sister's keeper"- филмот и не е толку лош ама според трајлерот очекуваав да е понапнат со многу перипетии
The Back up plan, најлош филм на сите времиња? Јас не се согласувам со тебе, јас го гледав филмот и мислам дека е супер комедија има толку многу смешни моменти + Џенифер прекрасно глуми.... А за најлош филм.... http://www.youtube.com/watch?v=LCSzYioSeT0 И не судете по трејлерот....
Не дека е најлош но сценариото е веќе познато а Jenifer е супер како и секогаш но филмов од 1 до 10 оценка 3 му давам .