Зелениот стршлен..(или така некако) Жива безвезарија... The dreamcatcher.....Смече е филмот Со некои вакви суштествиа..очај... Спојлер
далеку од тоа дека е најлош, ама јас очекував кој знае какво филмиште да видам! сите го испофалија на форумов, среќна седнам да го гледам иии.... се разочарав искрено, ништо посебно не ми е беше филмов, можам да кажам дури и досаден
What??? Wicker park досаден? I во листата на најлоши филмови на сите времиња. Извини, ама незнам ја дали збориме за истиот филм, филмот е прекрасен и доста квалитетно направен и интересна суштина.
Се чудам како издржав до крај да го изгледам.. На Канал 5 го даваат секој божји ден! Страшно глупав филм, страшно!
леле боже, ствар укуса е, мене не ми се допадна, и досаден ми беше! и реков дека е далеку од лош, ама мене не ми се свиѓа, очекував многу повеќе! едноставно премногу долг, дејствијата бавно се одвиваат и... сега? што да правиме, сите сме различни, и темава е да се коментира за сопствениот вкус, а не да се запрашуваме зашто на другиот/ другата не им се допаднал некој филм, што вас ви се допаднал
Дали дека не го гледав цел не го сфатив, ама филмов ми немаше некоја суштина. Цел филм бараат едно девојче и на крај испаѓа дека било наместено, шлакнати сите луѓево во селцево, нешто со мед беше знам, жртва, убивање... глупости. Штета што глумецов го ставиле во ваков глуп филм...
Мене најлош филм на сите времиња ми е Twilight-сите делови.Толку луѓето спобудалеа по тој филм а јас не гледам ама баш ништо интересно во него.Некакви си вампири та триста чуда а за глумата и да не зборувам.Сите глумат како ретардирани а поочајна глумица од Кристен немам видено.
Eве уште еден на листата,уф ова актерчево како ме нервира,кога ке го видам,ми се крева коса Eве го поблиску,во секој глупав филм игра Спојлер
Минатата недела го гледав Waiting for forever и тотално се разочарав !! А мислев дека ке биде баш интересен филм бидејќи имаше добар рејтинг а и романса беше како што сакам. Може на некој што го гледал филмов му се допаднал но сепак се е до вкусот
Ужасии, полошо нешто немам гледано. Приказната е просечна, ама ајде, да речеме океј, ама многу е издраматизирано се, а на Џон Траволта улогава му е скроз утната, не му стои да биде тепач.
Disaster Movie - Дефинитивно најглуп филм досега ..единствено со насловот на филмот се согласувам..тоа што е навистина катастрофален
Морам да го додадам овој филм кој го гледав пред неколку дена и се каам што потрошив време на оваа глупост. Само глупи разговори со кои режисерот ни прикажува колку е проблематично семејството а дејствие нема никаде.Намерата била да се прикаже како длабок филм но не најдов ништо длабоко или поучно во него а и е некако депресивен.
Го имам гледано мнооогу одамна и преглуп ми беше. Дали дека сум била помалечка па не сум сваќала... не знам...