Мене дефинитивно ужас ми е Мај. Секогаш така било и ќе си биде. Баксуз. Ни времето нема да ме сака, знам..
Ноември ми е глуп некако, ништо не се случува, сите паднале во депресија од тмурното време и чекањето да дојди Нова година. А и мај не го сакам баш, супер е времето и сите се полни со енергија ама тогаш се сите тестови и сите испрашувања за крај година, да не можеш глава да дигнеш од книгата
Ноември, декември и февруари Дефинитивно не ја сакам есента и зимата. Па и отомври не го сакам баш но има денови во октомври кои ми се посебни Изгледа бидејќи веќе не одам на училиште затоа не го мразам септември
Некако глупо ми е да одвојувам еден месец како најлош, се разбира сите имаат своја добра и лоша страна. Но, кога подобро ќе размислам, мене јули ми е секогаш досаден, осамен и депресивен. Па и како што не сум голем обожавател на топло време...
Секој месец има своја магија која што другите ја немаат. Но, веќе ако мора да одвојам, би рекла Јули и Септември.
Ноември и февруари Февруари и не ми е толку мн бидејки ми е роденден и цел месец сум во еуфорија, ама ноември е навистина тапа и секогаш тој месец ме фаќа блага депресија