1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најмила (A Favorita)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од cresa-jagoda, 6 јуни 2013.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Две девојки кои пораснаа заедно ќе се претворат во смртни непријателки

    Уште една неповторлива драма од Бразилската продукција „Глобо“. Оригинална приказна, извонредна актерска екипа, непредвидливи пресврти и неизвесност до самиот крај се главните карактеристики на серијата „Најмила“. Две години по ред добитник на наградата во категоријата „Најдобра драма“ во Бразил.

    Флора е осудена на 18 години затвор поради убиство на љубовникот Марчело. Таа тврди дека е невина и планира одмазда. Сака да ја пронајде Донатела, вдовицата на Марчело и нејзина поранешна најдобра пријателка. Таа ја обвинува Донатела не само за убиството на Марчело, туку и за одземање на Лара, нејзината ќерка од врската со Марчело. Во меѓувреме, Лара расте со сознанието дека нејзината вистинска мајка е убиец, сметајќи ја Донатела за своја мајка.
    Флора излегува од затвор и се упатува кон малото градче близу Сао Паоло за да ги расчисти сметките од минатото. Таа не знае дека сега најмоќен човек таму е Гончало Фонтини, таткото на убиениот Марчело.
    Од тој момент натаму нивните животи повеќе нема да бидат исти. Ќе се отворат раните од минатото, ќе се разоткријат закопаните тајни. Сепак гледачите до самиот крај нема да бидат сигурни кој од нив ја зборува вистината.
    Серијата „Најмила“ (A Favorita) се наоѓа на листата на 10 најгледани Бразилски теленовели на сите времиња.
    1. The Clone (2001 TV Series)
    2. Escrava Isaura (1976 TV Series)
    3. Terra Nostra (1999 TV Series)
    4. Esperança (2002 TV Series)
    5. Sinhá Moça (2006 TV Series)
    6. India - A Love Story (2009 TV Series)
    7. Vale Tudo (1988 TV Series)
    8. O Rei do Gado (1996 TV Series)
    9. A Favorita (2008 TV Series)
    10. Alma Gêmea (2005 TV Series)

    Клаудиа Раиа како Донатела
    [​IMG]
    Донатела била сираче и како мала ја земал татко и на Флора во нивната фамилија. Донатела и Флора пораснале како вистински сестри. Додека растеле сакале исти работи, а подоцна ќе се вљубат во ист човек, Марчело Фонтини, и таа љубов ќе ги претвори во смртни непријателки. Подоцна ќе се борат и за љубовта на Лара, ќерката на Флора која останала сама откако ја однесоа во затвор. Донатела ја израснала како свое дете и ќе направи се за да не и се приближи Флора по излегувањето од затвор.

    Патриција Пилар како Флора
    [​IMG]
    Флора има сосема поинаков карактер од Донатела, внимателна, работлива и амбициозна млада жена. По убиството на Марчело, таа е обвинета и осудена на 18 години затвор. Сака да и се одмазди на Донатела за времето поминато во затвор и далеку од ќерка си Лара која сега е голема девојка. Никој не знае какви планови таа подготвува за Донатела.

    Мариана Хименес како Лара
    [​IMG]
    Лара е ќерката на Флора од нејзината љубовна врска со Маричело. Неа ја израснала Донатела. Кога Флора ќе излезе од затвор, на сите начини се обидува да и се приближи на Лара, но без успех. Лара се сомнева во Флора знаејќе дека таа ја обвинува Донатела за убиство на нејзиниот татко. Лара е едниствената наследничка на богатството на семејството Фонтини.

    Мурило Беничио како Доди
    [​IMG]
    Нашата публика го памети од серијата „Клон“, а овој пат го гледаме во друга улога, но во исто толку популарната модерна теленовела „Најмила“.
    Доди е поранешниот сопруг на Флора. Работи во компанија сопственост на Фонтини и се занимава со сомнителни работи. Подоцна ќе и стане партнер на Флора, помагајќи и во нејзиниот план за одмазда кон Донатела. Ќе и помага и во обидите за зближување со Лара.

    Кармо Дела Вешиа како Зе Боб
    [​IMG]
    Зе Боб е образован млад новинар. Уверен е дека ќе успее да се наметне со усовршување и професионализам. Тој е во љубовна врска со Флора и со Донатела во исто време. Подоцна станува поприврзан кон Донатела откако ќе ја открие вистината за Флора. И покрај многуте љубовни афери, тој се чувствува осамено.

    Кауа Рејмонд како Халеј
    [​IMG]
    Халеј е лукаво младо момче кое успева во животот искористувајќи ги луѓето околу него. Сепак има љубезно и дарежливо срце. Работи како телохранител на Лара и набрзо ќе се роди љубов меѓу нив. Животот постојано бил дарежлив кон него, но наскоро тој ќе ја дознае шокантната вистина.


    Дали ја гледате новата серија на Сител, дали ви се допаѓа??? :)

    Невидов ваква тема, ако е дупла слободно канта :)
     
  2. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    НАЈМИЛА

    Да, сакам бразилски, најдобри се.
     
    На FullBreathe и angelina1 им се допаѓа ова.
  3. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Почнав да ја гледам, засега ми се допаѓа. Во принцип многу ги сакам бразилските серии (сем Клон која не ми беше баш), интересни приказни, убави глумци... Само да не „зајдат“ премногу :D
     
  4. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Клон не ја сакаше? А кои други ги имаш гледано?
     
  5. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Онака типично латиноамериканска серија, но кога ќе видам нешто друго на тв освен турска серија со бедна мaкедонска синхронизација, сонце ме огрева.
    Не знам дали би се заседнала да ја пратам секој ден ко баба ми што праеше, али не ми се гледа лоша.
    Опасни бразилциве, опасни,се некои куќишта ептен убави и скапи, алал им вера.
     
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Не ја гледам редовно, чат-пат репризите на полноќ ги гледам. Добра серија е. :)
    Одамна не давале бразилски, па ме заинтересира оваа. :D
     
  8. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    е добро почнаа со бразилскиве.
    Нека ги укинат турските освен(Бурни Времиња) и нека прикажуваат бразилски.
    И нека ја даваат повторно Клон.
    Ах, Ах, најубава серија. :(
     
    На Saricko, hermosa, FullBreathe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Понекогаш реприза гледам
     
  10. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој како ќе заврши, кој ја зборува вистината? Како минува времето оваа Флора нешто ми станува сомнителна. А можно е да не е ни едната ни другата, туку тој бившиот „менаџер“ Силвејрињо!
     
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Само јас изгледа редовно ја гледам серијава, а? :D
    Иначе, читав на интернет и
    Флора е убиецот. А ќе испадне и дека Халеј е изгубениот син на Донатела... толку успеав да разберам. :?:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледам ЈАС :)

    Aaaa обожавам бразилски серии. За оваа дознав одамна ама не можам па баш да ја пратам тоа време а многу сакам. Само ако знае некој кога се репризите?? Барав на интернет ама па каде превод да најдам не дека не разбирам, разбирам ама не баш се. Португалскиот ми е еден од најомилените јазици.
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    А Халеј со кого ќе биде на крај знаеш?
    Јас повремено ја гледам, не е нешто посебно, но не е толку лоша.
    Како бе Флора се фрапирав.
     
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    ^Jaс баш сега гледав делови од последната епизода на јутјуб со шпанска синхронизација, и
    изгледа овде Марија ду Сеу раѓа дете од Халеј?! (oколу 5-6 минута од видеово) :o :?:
    http://www.youtube.com/watch?v=tsQ6khnncRA
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Eптен заплеткано испаднало на крај, ептен.
    Флора прво ќе го убие Доди, па како што видов, и изгледа и Зе Боб, па после Лара ќе пука у неа, не ми се свија ич.
    Али ме прелажа Флора, се мислев дека е ептен наивна и фина, али и Донатела испадна пофина и од неа.
    Башка јас погрешно сум разбрала, сега читав на википедија уствари Доди и бил маж на Флора не на Донатела, и Флора му била швалерка на тој што го убила, а не обратно.
    А јас па ја жалев, ментална |(


    A инаку убав пар се Халеј и Марија, ако она е малку не саглам, си одоговараат...
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    И јас ја гледам! Ама читам 197 епизоди, ние до која сме, знае некој? Не сум приметила да пишува.
     
  17. SaraTd

    SaraTd Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
  18. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Серијата сега брзо почнав да ја гледам, нешто од гледање, нешто од тука сфатив што се случува.
    Ама знаев дека Флора е убиецот, значи знаев, иако на изглед двете ми се злобнички! Кога Донатела застана со пиштол пред Флора, знаев дека нема м**а ништо да направи, ниту пак некогаш имала.
    А и повеќе ја засакав уште од кога почнав да гледам. Другава веднаш ми се виде одвратна.
    Инаку, многу ми е жал за овој дедото Педро, или како и да беше... :$ А од видеото што сте го постирале, јас мислам дека
    Халеј на крај со Лара ќе си биде, ама ќе има дете со таа Марија. А таа пак, ќе биде со оној долгокосиот :D

    Жал ми е што не почнав од почеток да ја гледам серијава, ама ќе побарам на интернет, па ако можам да најдам нешто со превод ќе си гледам. :)
     
  19. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    А знаете ли Лара дали е на мажот на Донатела, Марсело, или пак на некој друг, Доди на пример? Оти тој Марсело и викаше на Флора дека си ја сака Донатела, да не го прогонува и дека не сака да има ништо со неа!
     
  20. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    jas ne veruvav deka vo opsto nekoj ja gleda
    feminki me iznenadivte