Сакаш да кажеш дека Зе боб ќе умре и нема да бидат заедно со Донатела? Нееее И ако може линкче, каде ја гледате?
Знам, знам, ја гледам на Сител. Ама не ја следам од почеток, а сакам да ја изгледам. Затоа побарав линк.
Па разбираш португалски? Ја нема со поинаков превод на линкови, а наскоро ќе ја даваат репризно на Сител 3, па можеш таму од почеток да ја гледаш. И на Алфа ќе има бразилска серија наскоро, одвај чекам.
Мислам дека немам сител 3 значи каков баксуз сум, немогуќе... Инаку со гледање би се снашла на португалски, отприлика ќе знам што се случува, нема многу голем проблем да ми е Сега гледав на youTube ама никако не можев да ги најдам епизодите по ред, многу ми се расфрлани некако Ама ти благодарам за одговорот во секој случај
Дани, мислам дека нема да умре, ама последната епизода ми беше толку нејасна и на брзина скоцкана па многу работи ми останаа нејасни а 2-3 пати ја гледав. Ги нема на нет сите, само првата и последната и некои исечоци од останатите. Ај за брзо ќе биде крај, барем така ми се гледа. Многу касно ја даваат, после 12ипол, често заборавам да пуштам, а често и не сум дома, така да можеле да најдат многу подобар термин а не за оние турски глупости по 20 пати ги репризираат.
Ја пратам редовно серијава.Крајот на Флора се ближи изгледа,а и зависна станав од серијава.Фала богу една серија да не е турска и сихронизирана на македонски.Па португалски малку научив. Зе боб некако одвратен ми е.Со сите жени бе па.А овој Елијас убаво и направи на Дедина.Еднаш ќе и опростиш ама она си продолжи.Само ми е жал за Грејс.Халеј ќе се смири ли со Лара?И која епизода сме кај нас?
Ќе заврши после Божиќ серијава. Мене омилен лик ми е Дамијао Ова со Флора кога ја откри Гонзало беше смешки.
Jас ја загледав од неодамна серијата,преубава е.Cега,ме нервира Fлора се умилкува се прави наивна,не и личи,ама стариот убаво ја фати на дело .A нели Mарија де Cеу му кажа на Kассијано оти бебето е негово,што впрочем и се поклапа со заканата на Fлора Mарија да потврди дека бебето е од Xалеј?Mалку и португалски поднаучив ,ама секоја чест за бразилските серии,најдобри се
Што е ова вчера ја повторија епизодата од четвртокот,а денеска од петокот? Овие сител се за нигде значи. Инаку серијата има 197 епизода,која епизода сме кај нас и кога ќе заврши,монотона ми станува серијава некако.
Не можам да се редактирам но сакам да ве известам сите љубители на серијава,завршува во петок. Требаше во среда(вечерва),но нели повторија 2 епизоди,затоа ќе заврши во петок. Тука беше крајот на Најмила,го дочекавме и тоа феминки.
Малце е касно да коментирам, али нема везе Серијава почнав да ја гледам негде кога се вратив од одмор, изгледа јули беше,ми се виде интересна и си ја загледав. Сега гледам дека не сум направила грешка. Отприлика ги склопив коцките тогаш, ама ептен ми е криво шо не ја гледав од почеток. Инаку можев да претпоставам дека ќе заврши серијава во петок, затоа шо на Флора и дојде крај и се знаеше дека нема многу да ја тинтрат. Може ли некој во спојлер или па во ЛП да ми прати линк од убиството на Марсело ( ако ја имаше таа сцена во серијата), затоа шо ја барав и слики на гугл ама ништо не ми излезе. Спојлер Ако некој сака некој нешто да ме праша, слободно нека се обрати до штабот за информации, т.е. до мене.
Не сум ја гледала,ама дека е Бразилсја боље Клон да ја откупеа.... Јас мислам дека 95посто што ја гледале Бразилската Клон се носталгични по неа.А и не би била висок буџет со оглед на тоа што е стара серија,а пак би била ептен гледана сигурна сум.Клон си е Клон,најдоброто од Бразил.Ако читаат телевизииве Ве молиме Клон,сакам да ја гледам Жаде и да си слушам Арапска музика,Фала чао.
Не е точно, на Алсат одеше и со македонски. Ја даваа и на албански и на македонски така да имавме можност пак да ја гледаме, иако А1 веќе ја имаше репризирано претходно.
Сега тоа ќе памтам јас Си изразив желба и тоа е тоа.Па и уште 10 пати да ја репризираат,барем вреди,ненадминлива е.