кемот е за заштита од штетните UVА i UVB тие зраци ги има цело време само се полаби и појаки. и кога се послаби се пак штетни. јас сепак си го мачкам и кога излегуваме сега и за на одмор обавезно ќе го мачкам со 30.
Нормално дека во Скандинавските земји и нема некоја потреба од креми за заштита кога има и недостаток од сончеви денови, се дават суплементи на витамин Д на децата поради истиот недостаток, меѓутоа кај мене не важат истите правила, секој треба да се води според тоа каде живеат. Јас сум во држава која покрај Нов Зеланд, Антарктикот и делови од Јужна Америка е директно над озонската дупка, во лето (декември, јануари, фебруари) поради географската местоположба сме поблиску до сонцето, поради ово јачината a со тоа и штетноста на сонцето (UVA, UVB) е за 25% појако од Европа и државата е број еден во светот за рак на кожата, со тенденција на намалување од кога почнаа кампањите за заштита. Кај мене од 365 дена најмалку 360 се сончеви, така да средствата за заштита од сонце ни се постојан придружник, малиот мој веќе си знае кога сака надвор во двор да си игра ми ја носи капата со широк обод да му ги штити ушите и вратот и средството за заштита, кога веќе е докажано штетноста на сонцето и начинот на заштита јас не би си играла со здравјето на син ми. На плажа одиме после 17 часот или рано наутро, најмалку половина саат пред да излезиме го мачкам од глава до пети, гледам да сме внатре кога е најжешко, во колата имам и затемнети стакла и плус од неговата страна штитници кои ги одбиваат сончевите зраци. Сите средства за заштита што ги произведуваат тука а се наменети и за најмалите се со заштитен фактор 30, само оние кои се од европско производство се со заштитен фактор 50+. Јас си купувам локално произведени и со заштитен фактор 30 ако за ово сонце тука е доволно 30 тогаш во европските држави би било доволен и заштитен фактор 15, нема никаква потреба од заштитен фактор 50, што поголем заштитен фактор поголем број на хемикалии.
Малава цела ми се исфрла на лиценцето со ситен осип од топлото..и се суши кожата а кога ќе и ставам крема склет и прави многу мрсно без разлика која крема..што да и ставам?
јас ставам појке пудра, а со крема го мачкам само од ко ке го искапам, сега го капам поручек за да се разлади од жешкото.
А ставате пудра во прав или течна како таа за сипаници, оти некој ми спомна таква дека става. Инаку моево муце е цело изнафрлано на вратчето, на грпчето и премноооогу се поти постојано е жива вода, и јас го туширам 2-3 пати ама ништо по туширањето повеќе се поти
Не го преоблекувајте многу за да не се поти и дома пробајте 24-25 степени да ви е, тоа им е идеална температура за бебушките. Инаку ете и ние се нафрламе па се мачкаме со еуцерин црвената линија за осетлива кожа или мустела стелатопиа, јекодерм никако за иритирана кожа, ма да многумина ќе речат помагало, прејак е. Него жени кажете, против комарци им мачкате нешто? Имаат Чико спрејови и рол он-и на кои пишува 0+, па се мислам да земам, навечер за шетање шубе ми е без ништо да го изнесам, како пикадо ќе им биде на комарците, сирото ќе го изрешетаат
Јас кога бев во Мк прашував по аптеки за комарси и ми кажаа на Чико има и рол-он и млеко и стик и се од 3 месеци па нагоре и моево кога сме на море го решетат секое утро се буди со 3,4 плус брунчиња од тие шашавите комарци и затоа сакам и јас да земам на чико, ај тие што веќе го користите кажете ми колку пари е и од каде поточно го земате?!
Да, 3+ биле, јас пак мислев 0+ Нешто друго има што е 0+? Сакам на синко да му намачкам нешто да не ми го боцкаат комарци ама да е соодветно за едномесечно бебе. Има нешто такво или тешко?
Сестра ми има такво спрејче и кога ја прашав ми кажа дека го земала од зегин околу 500 денари така нешто
Пробај со ладно цедено кокосово масло(го имаш секаде, и ДМ, и Зегин, и Биокулт) во кое ќе ставиш концентриран босилек (ако најдеш масло, ако не - свеж стави го, мешај многу и јако во маслото за и босилекот да ја пушти миризбата) и со тоа мачкај го бебушот. Барем во оваа смеса знаеш дека нема ништо штетно, баш напротив, ќе видиш каква ќе му е кожичката од кокосот
Јас му купив на син ми од аптека едни налепници кои се лепат на облеката на бебето, пред да се залепат се притиска силно за да се осети мирисот и така му се лепат на блузичето, може и на креветчето, количката, зависи кој како сака и јас ете првата вечер кога му го залепив наредниот ден се арзбуди со една само бубуличка од тие комарците и значи не се ефикасни, не би требало ни тоа да го има ама ете значи енма ништо ефикасно. А има и креми ама ме советуваше педијатарот парно да не земам креми и да го мачкам уште од сега со разни хемикалии, нема потреба па затоа се одлучив за овие налепниците ама не сум ни од нив задоволна
Мајки еден совет, моето бебче ми го искасаа комарците, без оглед на тоа што му ставам на блузичето од она самолеплива трака демек ќе бегале комарците од него и нема фајде, на лицето е полно со ситни црвени брунчиња, го изрешетија Па сакам да прашам дали знаете за таа маст Камагел и колку е ефикасна за бебиња, се користи за убод од комарци, инсекти, итн. И колку е цената ако некоја знае да ми каже, ќе порачам да ми ја донесат од Мк. И онаа на Чико ролон или маст дали е добра да ја порачам и неа?
Ако можеш да најдеш свеж босилек, со него мачкај го малиот, носи гранче во количката. Навечер ставајте мрежа за спиење околу креветчето. Има и спреј на Бекутан против убоди од комарци, ама не е сто посто ефикасен. Камагел сигурно е добар, јас користам After Bite на Фитофарм, може да се најде секаде. Мириса убаво и е на природна база, алое и други тревки.
Испробан совет од другарка - мачкање со сок од цеден лимон, само прво осигурајте се дека нема алергии со ставање малце на некоја точка каде кожата е понежна, за да видите одма ако реагира. Исто и можете сокот од лимон да го измешате со босилек..... Spoiler и уште пармезан ви фали па да ги јадите малите буцковци
Имам свеж босилок и тоа колку сакаш 4 саксии има мајка ми , на море сме и тука има многу комарци, што веќе не ставаме, внатре ставаме во струја оние со таблети што се, надвор палиме едно вртено не знам како се вика, кое гори по малку цела вечер за да бегаат комарците и од него нема фајде, они пак си влегуваат внатре и пак не јадат Мрежа за комарци не можам на креветчето да му ставам затоа што немаме креветче тука, туку спие со мене на ист кревет и веќе ен знам ни ајс што да му ставам лом се направи по лицето и на ножето, на рачето насекаде ипа по некое брунче од тие пусти комарци аман веќе, а палнираме цело лето да седиме на море и не знам што ќе се прави уште од сега. Со босилок ќе пробам вечер ќе го намачкам па ќе чеканм утре да ми донесат некоја крема, еве таа Афтер Бите ако е добра, за што е попрецизно ако можеш да ми кажеш Аннатх или Камагел ќе земиме......
фала моира ние уште денес ова ке го испробаме кога ке шеткаме вечер барем нема да мора да мафтам на секое со рацете додека ја туркам количката, еххех за реакција кај нас не би требало да има, зш веке од 2 месеци некаде му давам по некоја капка лимон со вода на синко