Прашај во аптека најубаво,да не ти дадам грешна информација, упатството го немам. Ние бевме со стомачни тегоби, течна столица, гадење, но не повраќавме. И нас ни помогнаа.
Обично е од 3+ на упатството ама матичната ми рече дека може, пред неколку дена прашував, гаден стомачен не фати мене и него. Сепак не можев да го натерам да го испие, едвај неколку голтки на сила.
Не знам дали е за тука, ама пошо се спремаме за летување ќе прашам овде. Малава 23м слабо јаде во последно време. А си беше јадач баш. Ок ли е ако не сака да јаде на одмор, да форсирам повеќе(само) овошје и зеленчук. Освен тоа, супа и макарони друго слабо јаде. А во градинка викаат се јадела.