1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најнеобичен и најоригинален подарок што сте го добиле?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MadeinHeaven, 29 јануари 2010.

  1. NB86

    NB86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    68
    Количка за играње за мали деца ферари :)
     
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Татко ми е звер. Лани ми донеси цела огромна кутија онака ко од улица земена, демек да ме заплаше дека нишо салам нема внатре и залепена со селотејп. И јас таква изнервирана го одлепувам и внатре што да видам, нестлиња милки секакви полна до пола, може имаше над 20 чоколада РАДОСТИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ!
     
    На 1209, Divinebutterfly, Buttterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  3. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.449
    Најнеобичен подарок ми беше од другарка ми. За мојот 18 роденден ми подари бебешка цуцла. За моментот да биде онака баш момент подарокот ми го завиткала како најголем дијамант да има внатре. И јас после долгото мачење да го отворам си ја пронајдов скапоцената цуцла со порака: Еве ти купив цуцла и да си ја носиш со тебе за да ти ја даваме кога ќи ги надминеш границите со зборење.
     
    На Buttterfly, spellbound и girl.23 им се допаѓа ова.
  4. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Пред некоја година беше тоа.
    По повод „роденденот на Синтија“, пред да излегувам ми донесоа кутија цела завиткана.. Никаква!
    Кичоини невидени беа тоа! Залепив фејк смајл и почнав да ја одлепувам хартијата, внатре пак што да видам.. Кутија од дезодоранс што органски не го поднесувам! Ми смрди бре!
    Ајде ја отварам и таа да не речат кај уште и купуваме прави фаци. Внатре што да видам, мобилниот по кој незнам ни самата колку време копнеев. Па тука рипам низ цела куќа, им се бесам на врат.. Дури и не излегов за да го `рчкам и разгледувам.

    Ама ми го украдоа пред некој месец. ;(
     
    На DeRose и Angel-Wings им се допаѓа ова.
  5. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    510
    чизмичките од тетка ми :D :D
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Книга... и не би било толку необичен и оригинален подарок ако книгата не беше со МОИТЕ ПЕСНИ!
    АААААААААААААААААА!!!!!!!!! :o :o :o
    Впрочем, тоа беше најубавото изненадување кое дечко ми во овие (скоро 5) години ми го приредил. За мојот роденден издаде книга со моите песни.
    Бев во ШОК!
     
    На Esmeralda-MD, 1209, Divinebutterfly и 15 други им се допаѓа ова.
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Навлака за јастук со испечатена слика од Виле Вало а ..и ден денес си спијам на неа и ми е еден од омилените подароци .
     
    На DeRose и Meggy им се допаѓа ова.
  8. Bunny05

    Bunny05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    Рамка со наша заедничка слика и од горе на сликата со црвени букви гравирано "Volim te onako kako se voli samo jednom" од дечко ми :) И плус 12 ружи за 12те месеци :D
    А јас црпев инспирација од форумџиките и му купив црвена срце кутија,изрежав повеќе мали ливчиња во форма на срце од блок и на нив напишав Те сакам ги ставив внатре во кутијата и плус едно мало колаче со една свекичка за годишнината :rofl: И еден преубав парфем.
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sara2

    Sara2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    За мене најубав поклон кој сум го добила беше торта со сунгерот боб која сами ја имаа направено :inlove: :inlove:
     
  10. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Од бившиот. Мала кутија за накит, ама за никаде изгледаше, ко да ја извадил од ВЦ-шоља во која стоела минимум 3 дена. И моментот е внатре-ставил клуч :!: , (гарант го собрал до дома од купатилото, имам ист таков) демек ми го дал клучот од неговото срце. :^) (А јас го фрлив...ццц, шејм он ми :devil: ) Сакал да биде романтичен ваљда, ама не му успеа. |(
    Ах, да.....кутијата ај нема врска што не стигнал да ја спакува, немал време, арно ама немал време ни цената да ја извади, па му падна незгодно. :^) Битно имал време "клучот од неговото срце“ да го стави внатре. :!:
    :headbang:
     
    На Esmeralda-MD и Angel-Wings им се допаѓа ова.
  11. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Цртеж со лик од 9gag memes,графит со моето име кој после го имав и на ѕид и маичка со ликот на Боб Марли :)
     
    На Buttterfly и Angel-Wings им се допаѓа ова.
  12. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Сум добила секакви подароци, но начинот ма кој ми биле подарени ми значи повеќе. Бившиот маж кога бевме во врска постојано ме изненадуваше, но посебно ќе памтам кога една вечер кога ме враќаше накај дома застана со колата, ми рече дека изгледа му се дупнала гумата и излезе надвор. Баш кај што стоеше беше темно и јас верувајки дека ја гледа гумата не ни погледнав кога по некоја минута ми влезе во кола со букет ружи што ги видел во дворот кај што застанавме, ги берел, па ги тргал трњата и ми ги подари, тоа ми значеше многу повеќе од да ми купел било што, а и фактот дека кога ги видел ружите измисли одма како да застане..
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Од оригиналната моја, мамичка. За десеттиот или кој беше роденден, до перницата ми стави милка, а на неа пишуваше да одам во другата соба. (на појак начин, не би да објаснувам) А во другата соба, на масичката имаше розева торбичка, а во неа честитка и телефонот што одамна го меркав (бело-розев, Hello Kitty, во ВИП беше понудата и уште го чувам само скршен ми е) .
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Со другарка ми сме оддалечени 800км откако тргнавме на факултет и се гледаме многу ретко.
    Пред 2недели ми испрати шоља за чај/кафе со наша слика, ептен ми се свиѓа, вака секогаш кога пијам кафе се сеќавам на некоја наша глупост :)
     
    На biggirlsdontcry и Angel-Wings им се допаѓа ова.
  15. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Кутија... хахах
     
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    За жал немам некои иновативни пријатели/роднини кои би се сетиле да ме изненадат со нешто уникатно. Така да, немам некој оригинален поклон кој го паметам. Ама во темата `најглупави поклони` (ако има таква) тука можам да напишам реферати. :D
    Но, да напоменам, секој поклон кој ми е даден од срце, ми е драг. :inlove:
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Најнеобичен и најоригинален подарок за мене е .. љуубовта на луѓето околу мене, тоаа да ми веруваат, да ми бидат вистински пријатели итн. :)
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Најнеобичен и најоригинален подарок,уште не го прочитав а знаев ;)
    Tоа е моетооо најсаканоо кутрееее го добив од моите родителииии без причинаа.. :* :* :* :* :* :!:
     
  19. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Музичко це-де изрежано со избрана музика..уметничка слика на ковер, со порака Среќен роденден.. ;)
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Angel-Wings

    Angel-Wings Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Па сум добила мобилен, и разни работи меѓутоа сеуште не сум добила нешто ептен посебно... :|
    Се надевам во иднина ќе биде и тоа, па ќе пишам :)