Од тие што ги знам таа од Израел што кокодаше и Кончита. И Only Teardrops не ми е ништо посебно. Годинешната е добра но не победничка, имаше многу подобри но знаеме зошто победи. А сакам да додадам и дека сум многу навредена што го видов Alexander Rybak во темава.
Јас сега сфаќам дека 90% од победниците се некои си просечни, неевровизиски песни и сега се чудам како победиле.
Toy убедливо беше најглупавата песна што победила последниве години на Евровизија. Никогаш не и ги сфатив фаците што ги правеше. Антипатична многу.
2022 Украина, додуша мелодијата не беше лоша, со фини етно елементи и ми се допадна што беше на украински јазик. Рап елементот ич не ни се допадна. Некако криминогени фаци, тетовирани, со антипатична розова капа, костимографијата утната освен главниот вокал со тоа кавалот, пеењето живо беше фалш - да беше истата песна случајно на македонски и од Македонија (види XXL Еуросонг 2000) сигруно не ќе победеше, ама Еуросонг е оддамна политички мотивирана, или ако некоја година не е тоа, тогаш мора да биде нешто шокантно. Немам ништо против Украина, Руслана 2004 победи заслужено, но оваа победа во 2022 беше чиста политика.
Од 2004-2012/13 сите победнички песни се врв и некои и ден денес се хитови. Пример и младите генерации ја знаат Руслана и wild dances иако тогаш не биле ни родени или пак Молитва. Какви времиња .. Он топик: За мој вкус мноогу просечна песна. Сигурна сум дека ако дечкото не беше болен немаше да победи. Досадна песна со тинејџ текст (колку што се сеќавам), очаен обид за привлекување на внимание со кокодакање иако вокално доста солидно. Тука можеби би ги ставила и победничките песни на Украина, оваа година и песната 1944 и далеку од тоа дека се лоши песни ама не ми се ни омилени токму заради тоа што победиле заради пораката на песната со која мислам друга држава не би победила со иста/слична порака. Со еден збор фаворизирање.
Дефинитивно Тоу од Израел, преглупа ми е песната и многу антипатична пејачката. Инаку, се изненадив како на повеќемина не ви се допаѓа онаа на Александар Рубак, Belive на Дима Билан и Only teardrops. Мене ми се баш фини песни. А исто многу ми се допаднаа Лорди и Марија Шерифовиќ.
Така се зборува, тоа од Италијанци го дознав. Мислев дека е познато и дека и негде на форумов прочитав.
Рифот што се повторува долж цела песна е ист. Мене одма штом го чув, апла ми беше ист. А останатото е доработка. Исто, во втората песна викањето sono fuori di testa многу ми наликува. Сеедно, подобро плагијат, отколку песните на Франција и на Швајцарија.
... Очигледно ли е дека деновиве ќе ме држи Еуфорија, па си слушам старички песни. Ова е мојот победник од 2015 година, пошто Heroes ич ич не ми е по ќејф, ама оваа е предобра и заслужуваше многу подобро од 10то место.