Heroes, не знам оти толку многу го "мразев", од тогаш Евровизија гледав колку да се гледа, па не знам ни многу песни од тој период, лани ме вратија во живот. Мене Израел 2018 не ми е лоша. Тој шо го кладе Дима - (Мајтап)
Сателитот на Лена, друга неомилена ми е онас што кокодакаше, I'm not your toy. Нејќум тралалајќи песни.
Бидејќи веќе во темава освен за најнеомилените песни кои победиле, спонтано се разви дискусија и за омилените победнички песни, го изменив насловот на темата. Може да дискутирате и да постирате сега и за омилени и за неомилени победнички песни без да се офф топик мислења. Исто така, да ве потсетам и на темава https://forum.femina.mk/threads/Најдобри-песни-што-биле-на-Евровизија.15995/ во која може да ги споделувате и омилените песни кои не се победнички, но ви се допаѓале. Нека остане оваа тема само за победнички Евровизиски песни.
Омилени победнички песни: Најнеомилени: Прво место дефинитивно Toy. Досадна и глупаво антипатична песна. После Lena - Satellite беше како песна за во Градинка... Има и други што не ми се допаднале, но поради мој вкус. Можеби за Евровизија таа година и не биле толку лош избор, па не ги постирам тие.
Омилени: Only Teardrops (Данска 2013), Fairtytale (Норвешка 2009) и Молитва (Србија 2007) Вредни за споменување: Грција 2005 (My Number One), Германија 2010 (Satellite), Шведска 2012 & 2015 (Euphoria & Heroes), Италија 2021 (Zitti e Buoni).
И мене ми е многу убава од Салвадор Собрал, можеш да ги осетиш емоциите без разлика дали го разбираш текстот. Можеби не е евровизиска по стилот ама сама за себе многу убава песна. 2016. Победи Украина со Jamala. Никогаш не ја пуштив после шоуто. А зад неа останаа далеку подобри песни кои сеуште си ги слушам денес: 2. Австралија, 3. Русија и 4. Бугарија... Оваа 2016 година можеби имаше првпат после неколку години просечни песни, повеќе солидни натпреварувачи. Настапи убави и можеби најдобри сценски ефекти до денес, ама мислам дека победникот ми упропасти се на крајот...ко ладен туш ми беше.
Омилена победничка песна од последните години: Ова е всушност и единствен мој фаворит што победи откако се заљубив во Евровизија. (Ок, и лани) Кој што сака нека збори, не постои доказ дека не заслужуваше да победи, во се' е подобра песнава од Фуего. Вокал, талент, шоу, порака. Тоа е победнички пакет, а не само тресење цицки и завивање. Со причина е втора најгледана песна на Евровизија и со причина беше прва од televoting и 4 од жири Најнеомилена победничка песна од последните години: Никогаш нема да го разберам хајпот за оваа песна и за Фуего 2018.
Песната од Салвадор бајковита ко од Дизни цртан, прекрасна, едноставен цел пакет, посебна емоција, од срце ја испеа, плус на свој мајчин јазик Не знам зошто скоро сите ја пишавте во најнеомилена или јас премногу романтична
Дефинитивно требаше да победат, јас сум фасцинирана од овие тројца момци. Како од мали нозе се изборија, станаа она што се денес, чиста уметност. Никогаш нема да преболам за песнава.
Омилени: победниците од средината до крајот на 2000-те години (Турција 2003, Украина 2004, Финска 2006, Србија 2007, Норвешка 2009, а и Грција 2005 и Русија 2008 беа добри иако имаше многу повредни песни за победник во тие години). Најнеомилени: Италија 1990 дефинитивно, попреценета песна нема! Исто така победниците од раните 2000-ти се слаби/лоши (Данска 2000, Естонија 2001, Латвија 2002). И АББА почнав да ги „мразам“ со тек на време оти и од фрижидер почнаа да нѝ излегуваат со „Waterloo“, а не е ништо посебно песната, ни во 1970-тите не е најдобар победник. Од 2010 наваму, овие сметам дека се одлични победници: Шведска 2012, Данска 2013, Украина 2016, Холандија 2019, Италија 2021. Има и други неколку ОК, а најнеомилен ми е Салвадор, Португалија 2017.