Јас се сеќавам од Руслана наваму, и секако во омилени би ја ставил неа, Елена Папаризу?, Емили Ди Форест, Кончита, Лорин... Најнеомилена би ја ставил Лена. Ко знам дека песната е кечи ама толку ми оди на живци и никогаш не ја засакав. Исто и Тој од Нета ми е тука некаде близу.
Oмилена ми е дека само што ја слушнав,реков дека нема потреба да ги cлушам другите,таа ќе победи.И така би. Грда ми е песнава и не знам зошто победи.
На повеќето им се допаѓа песнава, ама на мене ми е ужасна. Таа година навивав за Турција. А за Украина што да кажам. Најужасна песна. И минатата година. Ужас. Јасно е зошто победија. А од најомилените.. Италија во 2021.. Искрено..песната не ми беше омилена се до финалето. По настапот сфатив дека ќе победат. Норвешка 1995...Убава за слушање.
Од најнеомилените песни.... Јасно беше кој гласаше за победникот Песнава како за на Детска Евровизија Израел 2018...Повеќе кокодакање, отколку пеење. Од омилените... Руслана, Елена Папаризу, Сертаб Еренер Од 90тите оваа песна ми е врв Незаменливиот Џони Логан Уште еден одличен изведувач