1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најопасни плажи во светот

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Sahlene, 9 септември 2020.

  1. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    На овие плажи воопшто не треба ни да се оди. Дали сте знаеле досега деκа постоеле? Дали би посетиле неκоја од овие плажи?
    Аκо има ваκва тема слободно заκлучете ја...:)
    Најопасни плажи во светот

    Ајкули, медузи, вулканска лава, големи бранови и загаденост... Ова се само некои од работите што ги прават најпознатите светски плажи најопасни места во светот.
    Некои познати светски плажи можеби ги мамат туристите со својата природна убавина, но се исклучително опасни. Ако сакате да спасите жива глава, тогаш најдобро е да ги избегнувате.

    Островот Фрејзер, Австралија

    Морето и плажата околу островот Фрејзер на југоистокот на Квинсленд секако дека треба да се избегнуваат. Зошто? Би можеле да имате проблеми со ајкули, медузи, но и со силни струи. На крајбрежјето, пак, ви се закануваат опасни пајаци и морски крокодили.

    [​IMG]

    Ганзбаи, Јужна Африка

    Овој дел од светот е царство на големи бели ајкули. Неколку километри од брегот се наоѓа преминот наречен Долина на ајкулите, дом на бројни фоки, но и ајкули кои доаѓаат да ги јадат. Освен ако и сами не сакате да бидете оброк, ова подрачје е најубаво да го избегнувате.

    [​IMG]

    Ханакапиаи, Хаваи

    Икао нема ајкули, ова подрачје, сепак, е опасно. Изминатите години најмалку 83 луѓе се удавиле на Ханакапиаи. Имено, струите се исклучително силни, а брановите огромни, па пливањето е речиси невозможно.

    [​IMG]

    Праиа де Боа Вигем, Бразил

    Оваа популарна плажа е многу опасна оти до неа пливаат ајкули. Од 1992 година евидентирани се најмалку 50 напади на луѓе, а 19 завршиле со смрт. Некогаш ајкулите не владееле со ова подрачје, но нарушувањето на еко системот резултирало со нивното доаѓање и опасно однесување.

    [​IMG]

    Волусиа Каунти, Флорида

    Според податоците на “Интернешнл Шарк Атак Фајл“, голема база на податоци за напади на ајкули, токму на оваа плажа се случиле најмногу напади на овие животни кои на никаков начин не биле испровоцирани. Покрај тоа, чести се и громовите кои повеќе од било каде на светот повредуваат луѓе.

    [​IMG]


    Чоупети Бич, Индија

    Ова подрачје е меѓу најзагадените во светот. Пливањето во тие води не се препорачува иако локалното население тоа редовно го прави.

    [​IMG]