Си напишала лани, можеше и мене тука да ми напишеш ако не се согласуваш со моето мислење инаку информатика да а за јазици убаво си пишала ке се исполнат и се полнат работните места а и професорите по јазици не се којзнае колку платени,најпросечно а за работа со јазици најплатени се тие во амбасадиве само колку ги има? Фала инаку, исто ко мене да си ми го кажала тоа..
Сакам да студирам детективи - безбедност .. но ме уплашија со напорните часови по физичко ??? паа.. во тотална збунка сум !!
аха да 1000 од државен и едно 500 од приватниве, 1500 студенти од правниве факултети и работа за сите? Ахам да. Поминал покрај перспективен! Тие со правен и политички науки освен адвокати, правници низ фирми бла бла се и за во државните институции, а кај нас во државни институции работат со основно, со средно, пред некое време имаше на Он нет во оделот смешки оглас за Министерство за надворешни работи за одредено место и се бараше фармација ил стоматолошки не помнам баш најдобро. Нормално како иначе ќе го вработат тој што веќе е таксан за тоа место, а местото нема благе везе со стоматолошки ал нема врска! Правниците стажираат за без пари, додека дел од адвокатите со име возат мерцедеси, нивните синчиња ги заменуваат, на нотарите ги заменуваат нивните деца, крушки под крушки, останатите правници возат такси, келнерки се, секретарки и така...
Во оваа држава - НИТУ ЕДЕН. Сите убави соништа дека - ако учиш сине, ќе ти се исплати и врати со добро, ти само описмени се, и заврши факултет - паѓаат низ вц шолја. Повлечете казанче, молам. Росонерка - така си е. Крушата под круша паѓа. Ако си имаш татко доктор - и ти сине ќе станеш доктор, ако си истата струка. Мајка адвокат - и ти бате ќе наследиш канцеларија. Бизнис - исто. итн, итн, итн... Ако си голтар и живееш од пусти идеали - во оваа држава нема да успееш. Најперспективен факултет? Лепење плакати за партијата која што моментално ќе ја начекате на власт, величење на истата до граница на паничен фанатизам. Ширење нозе и спиење со претпоставенот - и тоа ќе ве однесе далеку со овој народ. А за се останато - не будалете се, како што си се будалеев јас. Да ми е овој памет, место глупавиот факултет, ќе си завршев некој занает - фризер, козметичар, било што, барем ќе имав некоја паричка. Факултетот во Македонија - потполно, целосно губење време и пари. Курс - за сопствена сатисфакција. Китенка - за баба ми да се фали пред другите баби пред зградата.ж Ете тоа. Звучам огорчено и иронично - ама тоа е вистината. Ако сте добар графички, веб дизајнер, хостинг администратор - има зрнце надеж. Благодарение на странските фирми тука. Другото... ништо.
Медицина да, е убава професија, но мислам дека навистина многу време се учи, па после и да се стажира година -две....и стварно незнам дали се исплати. Башка ако немаш врски може и да немаш пак работа. Лично познавам другарка од клас која заврши медицина (добро со 3 години, ама имаше просек 9.5) ама сепак нема работа. Жал ми е што морам да го кажам ова ама работи како продавачка.
Јас мојот си го сакам најмногу и е перспективен... Ако не кај нас, во странство да... Меѓутоа мислам дека кај и да е и нашите компании ќе го разберат значењето на PRот Плус студентите со просек имаат можност третата година да ја учат во Холандија, затоа што соработува факултетот со Холандска школа. Имаме многу пракса и јаки професори, постојано посетуваме компании, корпорации и институции, а имаме и гости од секаде.
Тотална мувла се факултетите во МК. Реално сите нудат приближно слично образование, али нема кеиф во завршувањето затоа што просекот од завршувањето на факултетот до пронаоѓањето на првото работно место според официјалната статистика во Македонија е 4.5 години, Што во превод значи ниеден не е перспективен...хахаххаа
Баш сте ми песимистични Ајде, кој сака да работи и го бива, работата ќе си дојде...Само што ние сме мрзлив и пуфкач народ, се ни фали, ништо немаме .. ц ц ц
Да да,дефинитивно ретко кој се снаоѓа ако нема врски или некој од фамилија со таа струка.. Не за џабе е општо познато дека медицина иде по лоза!
Јас сум на електро и можам да кажам дека не е баш лесен, по дел сме заглавени на факултето, немаш ни добар распоред ни ништо... паузи од по 3-4 часа, ако не живееш некаде блиску си заглавен таму од 8 до 8... секоја недела имаме 300 ствари. Само што ми заврши колоквиумска, а јас наредниот понеделник пак полагам. Секоја недела имам по некој тест, домашна, семинарска... веќе сум зафатена до следните коловиуми... а и за нив мораш да се спремаш... Ако сакаш да опстанеш на електро мораш да бираш помеѓу здравиот сон и твојот социјален живот... Јас кутрата останав вечно ненаспана А за претерано тежок не е... едноставно само немаш време да учиш... А ти... снајди се како знаеш и умееш... а колоквиум на електро не се спрема за 2 дена како на другите факултети... Имам другарки утрото полагаат-вечерта пијат... и после нивниот факултет бил многу тежок...
Во потполност се согласувам. Можеби немам доволно искуство, ама можам да кажам барем за мојата околина дека сите чекаат кога ќе ја земат дипломата во рака и оп работа. Е не ова времето учи сине да не работиш. Сега иако си учел 4,5,6, години си седел ден и ноќ над книга пак треба да запрчиш ракави и да се помачиш за вработување. А работа има. И не, не се почнува од директорска фотеља. И не ти вреди дипломата без ниту една странична активност, курсеви, тренинзи, семинарии, организации и сл. Искрено секоја чест на оние кои се снашле преку партии и слични ствари и тоа е голем ризик, со менувањето на власта и тебе ти се менува работното место. Најперспективен факултет за мене е оној со кој можеш да варираш со работните места, пример економски, јазици (ама не англиски!!!) и оној факултет со кој можеш сам да се вработиш- стоматологија, општа медицина и слично.
Перспективен факултет во Македонија нема.Во оваа држава тешко е само да завршеш основно за да научеш да пишуваш, средното и факултетот други ке го завршат за тебе.Факултетот денес нема никакво значење ги има на секој ќош и сите се запишуват на факултет, денес е побитно да имаш некој да те побутне да тргнеш напрет оти џабе ти е факултетот без врски цел живот ке верглаш у место.
Јас сум 4та година и не можам да се одлучам за факс... Се мислам за шумарски, но не знам која насока и што би правела потоа... Дали има некој на шумарски?
Јас се соласувам со двата поста. Секаде во светот квалификуваните луѓе се борат да го најдат своето место. Се борат и напредуваат постепено. Сега има многу повеќе високо образовани луѓе, не е само кај нас. Затоа ако оваа тема е за оние кои се помлади и се на патот на одлуки, мислам дека треба да одлучат и според она што ги интересира најмногу. Секогаш ќе си го најдеме патот, ако веруваме во себе и сме упорни. Точно е дека кај нас малку работите се наопаку, но мислам дека секој наоѓа свое место во светот.
Имам една другарка на Шумарски е,некако не е баш задоволна... И знам дека неколку пати во годината идат на терен Сигурно имаат страна,отвори види што смерови имаат,какви опции и т.н
http://www.cracked.com/blog/5-things-th ... r-told-us/ На кој му оди англискиот нека го прочита ова. Се извинувам што на англиски ќе постирам дел од горенаведениов линк, но немам време да го преведам... College is important, but what you study? Not so much. Focus on learning how to be a human, and focus on networking and meeting the right people, because they are much better at hiring you than your GPA is. Professors and Deans and your parents will stress that your grades are important, but I guarantee you that, as long as they were good at their job, no one in the history of time has ever been fired because of their GPA.
Сакам да ве прашам што мислите за педагошкиот факултет?? Како оди?? Има ли многу материјал за учење?? Какви се професорите??
Студирам туризам ми остана уште една година до дипломска али само здравје ќе биде и тоа. Сто пати да се родам сто пати ќе се запишам на туризам. Тоа е она што од секогаш сум го сакала, го сакам и ќе го сакам. И според мене ова е свера која ви нуди навистина многу можности, предизвици, авантури, ама особено во странство за жал слабо кај нас.