Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    16.264
    Пол:
    Женски
    Фармацевтите повеќе ги знаеле лековите од докторите, терапија, индикации. Сега само слатко ќе си се насмеам :rofl:.
     
    На Lady D ❤️, fana и Just.do.it им се допаѓа ова.
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Исто е апсурдно да се тврди дека аптекарите знаат повеќе за терапија од докторите и дури ги контролираат докторите. Небулози.

    И ги контролираат. Тоа го заборави!
     
    Последна измена од модератор: 18 март 2022
    На Pixi5, Need for Speed, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Pa normalno deka znae. On so 5 godini uchenje, znae dali i na koj pacient da mu prepishe odredena terapija, koja doza, kolku vreme da se zema taa terpija i sl. Znachi znae se kolku site specijalisti na svetov zaedno.
    Realno mislenjava se nebulozi. Sfakjam ljubov kon profesija, ama na tolku banalen nachin da si ja branat profesijata, ne mozham da razberam.
    Nikogash farmacevtite nema da se nad lekarite i po znaenje i po odgovornost za pacientite i za samata terapija.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.255
    Допаѓања:
    112.355
    Пол:
    Женски
    Многу си грешка. Јас не деградирам ничија професија.
    Многу точно, ама јас избрав да прашувам баш за таа работа, за работата на фармацевтите конкретно во аптека.
    Верувај дека многу добро знам што се може да работи фармацевт, ама ме интересира на што се сведуваат работните обврски на фармацевтот во аптека?
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Тука единствено се деградираа со коментари продавачките во Веро. А легитимни се прашањата како е можно фармацевт да контролира терапија издадена од доктор и како тоа фармацевт во аптека го има крајниот збор во издавањето на терапијата. Ако некој сака да биде почитуван, треба и да почитува.
    А перспективноста нема врска со струката или факултетот, туку со тоа што секој од нас подразбира под перспектива. Пари, титула, статус, знаење.... Нема една конкретна дефиниција.
     
    На Just.do.it, Larson и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Обврски на аптекар:
    1. Продажба на лекови, значи доаѓа купувач (велам купувач бидејќи може не доаѓа пациентот, туку друг купува апчиња за него)
    2. Прием на роба
    3. Редење на истата
    4. Порачки и фактури
    5. Чистење на аптеката.
    Кратко кажано- во ништо не се разликува од ПРОДАВАЧ ВО МАРКЕТ.
     
    На Pixi5, fana и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  7. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Ako farmacevt znae deka pantoprazol e popoznat kako nolpaza, ne znachi deka znae gastroenterohepatologija!
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    Се разликува ако имаш факултет. Пари плус нерви за фармација. Е сега ако апекарот имал се 6ки и не го примиле во Алкалоид...
     
    На Ani93 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    16.264
    Пол:
    Женски
    Абе треба да знаат, ама колку знаат е прашање :rofl:.
    Иде пациент со препишана терапија од доктор, ја гледа терапијава фармацевтов и му вика на пациентот, ама ова зошто вака ти го препишале и му ја смени терапијата на пациентот му даде по нејзино, како што не треба, а пациентот со астма. После тоа иде друг пациент со иста дијагноза и истата терапија, и фармацевткиве си ги поткасаа јазиците, и си викаат меѓу себе ама ова изгледа вака е терапијата . . Упссс на пациент со астма не му ја дадоа терапијата што му е потребна . .
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  10. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Farmacevti i so sredno medicinsko se vrabotuvaat po aptekive.
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  11. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    Не спорам дека докторите знаат повеќе во однос на ординирање , дозирање , индикации и контраиндикации но не можете да тврдите дека работата на фармацевт е стрикно во аптека и продажба на лекови, и дека е најнеперспективен факултет како што прочитав мислења од некои членки. Добриот фармацевт треба да ја познава добро фармакологијата и индикациите, ризиците за употреба на различни медикаменти и да биде подготвен да препознае неправилно ординирана терапија и да даде совет за нејзина корекција иако директно не смее законски да препишува терапија , има причина зошто курикулумот на студиската програма на фармација е толку обемен и сигурно не е направен пошто на некој така му текнало.
     
    На Glowy, Idedemja, ph.orhideja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    За продажба на лекови не треба ништо да знаеш. Напишано е се.
    И како смеат они да менуваат терапија?
    Важно на форум пишат дека знаеле повеќе од докторите :rofl:
     
    На Pixi5 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  13. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    5.181
    Пол:
    Женски
    Во која држава ова? Каде?
     
  14. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Kako aptekarot ke znae deka e greshna terapija ta koga ne ja znae dijagnozata? Koga ne znae eden kup drugi raboti za samoiot pacient?

    Vo pravo si, ovde ne e taka.
    A kade, vo koja drzhava farmacevtot e odgovoren za terpijata prepishana od lekar?
     
    Последна измена од модератор: 18 март 2022
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Во Македонија. Законот е таков.
    Е сега колку се спроведува законот, е друго прашање.
     
    На fana и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    16.264
    Пол:
    Женски
    Моментално е перспективен затоа што нема фармацевти, пред неколку години со лопата да ги ринеш имаше фармацевти и работеа за 12000 плата. Сега платите се качени, но сепак во некои приватни аптеки не се вреднувани, со средно до пред 3-4 год во помалите градови не земаа повеќе од 12000 почетна плата, а тие со факултет исто 2-3 илјади повеќе земаа. Реално за таа плата не се исплатеше да завршиш фармацевтски факултет за кој знаеме дека е потребно целосно да се вложиш, на исто рамниште со медицински. Сега нешто платата е подобра и на тие со средно и на тие со факултет. Во веледрогериите нормално земаат поголеми плати, но кај нас е само Алкалоид, а таму не може сите да ги вработат, а се знае и како ги вработуваат.
     
    На Larson и fana им се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.822
    Допаѓања:
    23.447
    Пол:
    Женски
    Не е точно дека секој може да работи во аптека како во маркет, штознам, мене ми се случувало да ме посочи и посветува фармацевт за апчиња без рецепта, а баш сега брзо докторката прогугла апчиња кои сакаше да ми даде за да се потсети колку доза да ми пише по упатство.

    Точно е дека фармацевт во аптека во Македонија не е најразновидна работа ама тоа е лоша одлика на нашето здравство и како истото функционира, ти го учиш факултетот (кој е тежок) за работна позиција која не се одвива како што треба во Македонија односно да, баш е како продавница каде луѓето како сакаат си купуваат било што без консултации. Во другите држави многу поразлично функционира гранката доктор-фармацевт-лекови и фармацевтот носи повеќе одговорност и е платен за знаењето што го учел.
     
    На Glowy, Idedemja, ph.orhideja и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Da, za apchinja bez recepta. Mozhe da mi dade sovet dali analgin ili kafetin da zemam, ama ne mozhe da mi kazhe da zemam heleks namesto clonazepam i sl.
     
    На Pixi5, MilaSs12 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  19. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Факултетот си е предобар, ама факт е дека во земјава конкретно, фармацевтите и немаат многу опции за работа, освен во аптека.
    Најголем дел од нив, не можат да се вработаат во Алкалоид на пример, особено не во помалите градови.

    Е сега, не дека работата во аптека е лоша, баш напротив, ама на толку труд, и искинати нерви, и огромно стекнато знаење, не е баш “перспектива”, да работиш иста работа, со некој, што можеби со двојки завршил средно за техничар (секоја чест на 5каши, but you get the point), а ти си се окозил од учење.
     
    На Glowy, Ambitious, Idedemja и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Какви глупости излегуваат од академски мозоци човече, ќе треба да ја мјутнам темава на неопределен период дури... :o ;(

    Па и аргонација од горе.

    Шансите се дека државата толку го допрела дното, што веќе луѓето во неа не знаат подобро. Инаку по принцип, секој го добива она што го бара.

    Секој со амбициите, ја за продавачи, ја за хемичари, ја за мрнкала. (fingers)

    П.С. Кои пари можат да ги завртат фармацевтите, дури АјТитата да им подзавидат. Но продолжете да живеете со заблудата дека единствениот избор зафармацевти е аптека или компанија за лекови. :smirk:
     
    На Glowy, Any05, Idedemja и 6 други им се допаѓа ова.