Коментарите тука се тотално спротивни на тоа што ти го пишуваш, со што се сложувам. Пуна уста со некои фирмишта, веледрогерии, фабрики, индустрии ко за Америка да збориме, а не за Македонија каде 80% од државата е опустошена и како да е цела држава само Скопје.
А зашто е тоа тајна извини? Кажи колку, каде? Да знаат оние кои си го планираат школувањето. Зошто само шифрирани и генерички одговори давате, како е тоа некому воопшто од помош да донесе одлука?
Ама така е, не оспорувам дека постојат и други работни места за фармацевтите, апсолутно, ама за жал, не во нашата држава, и особено не во помалите градови. Во мојот град има дефицит, и нема невработен фармацевт, ама сите што работаат, работаат по аптеки. И да сакаат, нема каде да одат на друго место, нема веледрогерии и фабрики, а и не можат сите во Скопје да заминат (каде што, веројатно, има повеќе опции ете). И пак ќе кажам, не е за подценување работата во аптека, ама факт е дека голем дел од тоа што се учи на факултет, со работата во аптека - нема да се примени, и сосема е сфатливо некој кој завршил таков тежок факултет, да е фрустриран и демотивиран поради тоа.
Озбилно не тролам, туку сум љубопитна, се осеќам како да живеам во некоја паралелна стварност каде што сите ги гледаат бескрајните можности на системот, само ја каскам
Не е тајна ништо, погледни го пазарот на трудот. Јас не сум фармацевт, но сум во другата свера. Со легализацијата на канабисот во Македонија, цел нов универзум се отвори. А тој што е добар, може да се пазари и да ќари многу повеќе од јуниор АјТи. Ууууу, каква провокација
Хахах да да, сигурно. Ако немаш врски, нема шанси. Нема споредба меѓу аптекар и IT. Се знае дека програмерите земаат највише пари.
Значи не си од струката, ама знаеш доволно за пазарот на трудот. За експолатацијата на фабриките за канабис, нивната сопственичка структура, имаш и на форумов, прочачкај која е перспективата таму. И не знам зашто АјТи ви е репер за плати, не е аргумент тоа. И во АјТи имаш вработени кои работат за 400 евра, исто како што има хигиеничари што работат за 800. Платата не е перспектива и не е единствен репер.
Дјууууд, мислам дека твојот фрејзинг кажува доволно зошто нема поента да одговорам, ти што мислиш? Аааа, да бе, се гледа веќе - фармацевт=аптекар. Па види сега, не треба да си од струката за да го разбереш пазрот на трудот. Или? ЕичАрите не завршиле факултет за сите позиции за кои вработуваат, па ете разбираат. Јас верувам дека не е толку сложно и за другите смртници. АјТи браншата ја зедов за репер од другата страна бидејќи јас таму се движам, па ете можам да наравам некаква компарација од моето скромно искуство соу фар. Пишав, ама очигледно никој не чита за да го разбере напишаното, а да се зајадува. Паааа, да дискутирам зашто?
Не знам друже, ти најубаво си знаеш зошто пишуваш коментар со намера да НЕ дискутираш. Ама знаеш како велат, мислити, знати и цвече брати није исто.
Парафразирам: колку најголема плата може да земе личност со завршен факултет за фармација? Овде кај нас ме интересира. Затоа што за ајти знам.
Еве јас ќе ти одговорам, над 1500е плус бонуси а тие со специјализација и раководно место многу повеќе.
За која позиција? Бонуси за што? И колку такви фирми и позиции има во нашава држава? После колку години учење, пракса, специјализација, искуство? Кога ќе споредиш колку треба да вложиш, па и не е нешто пренајперспективно.
Сериозно ме интересира. Затоа што мојот круг се пола и повеќе фармацевтски техничари, магистри по фармација, магистри кои работат како претставници и живо ме интересира каде е тоа.