Знам и мене ме интересира ама ете изгледа е тајна. Како што е тајна која е работната задача на фармацевтот во аптека. Цело време ме распнаа со хехенца како работната задача на фармацевт во аптека не е продавање на лекови, им реков ок, и прашав која е ама одговор не добив. По таа аналогија ми е дека и твоето прашање ќе остане неодговорено.
Да можеби 1 на 5000 и тоа што е на некоја важна функција, а магистер по фармација вработен во Зегин, која во државава е една од компаниите којашто најдобро ги плаќа вработените ни третина не земаат од цифрава што ја кажа, добро може сепак третина зимаат.
Се согласувам дека не е пренајперспективно, ама ај посочи ми што точно е пренајперспективно во државава? Мм е специјалист во државна и ако мислите дека платата е лудилооо во заблуда сте. Иначе да, вложив многу, труд, пари и нервози ама тоа е што е, не сме дрва па фиксирани на едно место.. кој мисли може да си ја бара среќата во друга насока и држава. Си ја сакам професијата и не е точно дека фармацевтот само продава апчиња, во фарм. комп. правиме од мастер протокол до регистрација на нов лек и замислете немаме напишана ррцепта за сето тоа. Многу благодарна и хумана работа е аптеката (барем јас така ја доживеаав) ама еве на форумов гледам дека тоа не е кај сите така.
100 пати прашавме која е работата на аптекарот во аптека. Одговор нема. Сепак знаеме дека продава апчиња. Ништо специјално ниту пак бара некое посебно знаење.
Платата на докторите е мизерна, мислам нема потреба да дискутираме за тоа, во државава е греота да учиш медицина, а истото важи и за фармација. Пак ќе кажам за фармацевтите порано беше многу полошо, многу малку платени за многу вложен труд. Истото го мислам и за двете гранки.
Таа му е. И на фармацевт и на техничар во аптека. Ама на никој фармацевт не му е желба да работи во аптека...нели? Инаку сакав да те прашам, ти нема дојдено некој да ти земе отц препарат и ти му препорачаш или? П.С. Стварно нека не ме цитираат особи што немаат додирна точка со фармацевтски факс пошто видов без поента е
Конечно да ми одговори некој!!! Многу ти благодарам за искрениот одговор. За отц безброј пати, уствари во аптеката каде што работев јас ретко доаѓаа за рецепти, туку баш за отц. Во Битола на широк сокак ретко кој оди за рецепти, баш влегуваа за тоа, ме боли ова ме боли тоа, креми, масти, лековити шампони, суплементи... тоа .... Мене и на новово работно место (кое нема врска со фармација) ме прашуваат што да се напијат
Па вие така сте зацртале затоа така и гледате на работите. Ако не бара посебно знаење не знам зошто работи фармацевт таму, ко реално може кој сака. И матичен лекар нема право да ти препише еден куп лекови па пак прво одиш кај него. Како што и ти кажав претходно подолго време не сум во аптека, ама еве од тоа време коа бев: ПРОДАВАВ лекови, мерев шеќер, изработубав магистрален лек, давав совет или насока онаму кај што сметам дека сум 100% сигурна во тоа што го говорам, мојот факсимил завршуваше како контролен на рецепта. Еве и еден пример да ти пишам: дојде пац. која вооедно ни беше редовна, се пожали дека месец дена кашла и лекарот и дава сирупи за ублажување.. замисли немаат ефект, па ренген правеше.. и гледам зема нова терапија енап( ја пратив да го праша др. дали може да и смени терапија зошто енап често предизвикува кашлица која не се лечи со сируп. Докторот одлично си ја познава работата само овој пат не ја вклучил и таа опција, пац. се врати да ми каже дека и прошло Се надевам ти доловив барем дел.
Претпоставувам дека не му е желба на ниеден магистер по фармација, да крева кутии за роба по 10-15кг, да реди роба од јутра до сутра, да проверува фактури, да проверува рокови, да дреме на шалтер по 8 часа, да пребројува каса .
Секоја здравствена струка е благородна, но не перспективна во државава зошто не може сите да работат во Жан и Систина. Јас со средно гимназија работев нешто што ми носеше поголема плата во споредба со плати на одредени позиции во здравство со факултет. Фармација е претежок факултет, долго време трае, за на крај да работиш во аптека само со продажба и да заборавиш се што си учела и да земаш најсила 25 илјади. И ќе нема баш тежина мислењето што ќе му го дадеш на пациент затоа што можат и со средно да работат на иста позиција ко тебе. Исто е и со сестрите, со средно работат исти работи како тие со факултет, само што едниве земаат некоја илјадарка плус. Во тоа е целата работа, дека нема перпектива ниту некоја тежина на фармацевтот, не дека тоа е вина на самите тие што завршиле, едноставно таков е системот заебан, здравствените струки се крајно понижени во секаква смисла, нема развој, нема компании многу или многу можности за студентите после дипломирање да одберат дали сакаат само во аптека, дали сакаат во фармацевтска компанија, дали сакаат во нешто трето. Нема дискусија дека факултетот е еден од потешките, јас фармакологија со солзи го положив, а не па цел факултет да учам за тоа, ама конкретно во државава нема плочна почва да се развиваш нешто многу ко индивидуалец и затоа се сведува на работа во аптека што го прават и техничари со средно. Жално ама тоа е Македонија, еден фармацевт може да е страшен професионалец со многу знаење, ама да нема кај да се докаже. Ова за во Скопје, за малите градови ич да не почнувам.
45 000 + патни трошоци,+ храна ако е на терен надвор од место на живеење,+ бонуси,кола што може да се користи за лични потреби во и надвор од границите на Мк… Имам двајца фармацевти во фамилија,задоволни се од професијата.Брат ми немаше одбрането дипломска,најде работа.Одтогаш смени неколку фирми и нон стоп добиваше плус плата. За во аптека се децидни дека не сакаат да работат,но како претставници има премногу работа.
Твојот одговор за перспективноста ти го базираш врз основа на платата, затоа јас мислам дека не е нешто посебно перспективно. Тоа е исто како да кажеш дека правен факултет е перспективен пошто претседател на држава зима доживотна апанажа. А кој што сака да учи и какви планови сака да си крои е друга работа.
Не сме зацртале ние така. И не бара посебно знаење. Сигурно знаеш дека и со курс можеш да продаваш апчиња. И да, вашиот збор нема толку тежина колку на докторот. Може да збориме до утре, вие сепак сте фармацевти, и може ќе бидете прашани за кафетин или аналгин, а секако за други посериозни лекарства, само доктор.
Искрено прв пат од тебе слушам дека со курс можеш да рсботиш во аптека. Познаваш ти лично таков? Ама јас сум горда дека сум фармацевт, и во ред ми е да тежи зборот од докторот повеќе од мојот.