Никогаш не постоел курс за фармацевтски техничар. Истово го зборат и за сестри, дека имало курс. Тоа вака е, ако јас имам завршено гимназија, а сакам да сум фармацевтски техничар, ќе ги доземам само предметите што ми фалат. Во двете средни се учи македонски, математика и така натака, ама само во едното средно се учи фармакологија, биохемија и ги доземаш само тие што ти фалат за пократко време пошто секако нема да запишуваш цело средно наново, а курс никогаш немало.
Има подетално објаснето за курсот во темата работа во аптека. Види дали е истото што го збориш. Не, ама знам со гимназија дека работат во аптека.
Па да така е ама тоа воопшто не е во ред според мене, затоа што излегува како да имаат завршено второ средно што воопшто не е така. Тие одат само на полагање, воопшто не присуствуваат на часовите ниту пак на вежбите. Ова се однесува и за фармација и за медицинско средно. Ќерките на професорките што предаваа во медицинско, а им учеа гимназија сите до една земаа второ средно стручно. Да, не е курс, туку се смета средна стручна спрема, ама на курс да одиш валјда повеќе ќе научиш .
Премногу одблиску сум запознаена со здравствени струки така што ти гарантирам дека курс за фармацевтски техничар не постои. И не работат во аптека со гимназија. Правно не може да се вработи никој со гимназија во аптека, треба да се земе лиценца, за да земеш лиценца треба да го имаш соодветното образование и стажирање кое не може да се земе со гимназија. Па на хартија сосема е во ред, си ги земаш само предметите што ти фалат, нема зошто да не е во ред, ама тоа е само на хартија секако. Јасно ми е како се полагаат испити, како се даваат потписи без одење на вежби, само тоа не важи за тие што си земаат второ средно, ако ме прашуваш мене образованието ни е крш, безразлика дали ти е прво или второ, од тука и фактот дека ретко кај е признаено во светот, ама друга тема е тоа
Па одете по такви аптеки шо наводно имало со курс и кукате по темите Не сте ми јасни. Законски мора да има во секоја аптека барем еден магистер и техничар. А и за техничар не е лесно, се полага и за лиценца и 600 далавери. Ама, темава се претвори во рекла казала муабети. И да, доктор е доктор. Без дилема. Исто како сестра шо е сестра. И не треба никакво потценување на ниедна струка. Посебно не такво какво што читам.
Ете како што објасни ти дека за пократко време завршуваш вонредно. Значи: средно скратено 2 или 3 години, фарм. техничар 4 год. фармацевт 5 години (заедно со средно 9). Работата целосно е иста. Значи поради тоа факултетот не е воопшто перспективен.
Ама средното не е скратено. Средното си е иста должина без разлика дали ти е прво или второ. Ако имаш македонски, математика, англиски положени од гимназија, зошто да ги земаш пак да ги полагаш? Ќе ги полагаш само тие предмети што ги немаш, а не дека е скратено. На крај пак во дипломата од средно ќе ти стојат ист број предмети што ќе му стојат на тие што се редовно запишани. Скратено значи да ти опростат некој предмет, да ти дадат лиценца за работа така на лепе очи. А нема такво нешто. Одстрана изгледа дека е пократко, ама всушност мораш скрос истиот материјал да го поминеш како тие што се редовно запишани, мораш стажирање да поминеш ист број месеци, мораш да положиш државен испит па лиценца.
Супер бројка ама пак не е ни блиску до ајти секторот кој беше спомнат. Некои почетници земаат плата 30 000 а со дообуки и искуство и многу повеќе.
Нема перспективен факултет во Македонија освен ФИНКИ. Ама, јас цврсто верувам дека секој може да си изгради добро CV, портфолио и да достигне голем успех од било кој факултет. Реално не е мало знаењето со кое се стекнуваат фармацевтите, од тој аспект сметам дека може да се отиде во различни правци, особено во странство, поврзано со хемија.
Па затоа луѓето мислат дека се работи за курс, секоја втора медицинска сестра е со таков "курс" и фармацевтски техничари, преку ноќ завршуваат и тие се во предност секогаш при вработување , после се чудиме зошто здравството ни е такво какво што е.
Тоа што мислев скратено, мислев временски, не во однос на материјал. 4 години средно фарм иста работа има со факултет фарм. И работата иста. Од таа страна нема напредок воопшто. Ниту пак е перспективен.
Абе види сеа .... Не можеш да речеш дека баш не е перспективен. Ако некој заврши фармација и врска му е Живко од Алкалоид или Душан од Реплек па за него секако перспективен ќе е и тоа многу. Е сега од гледна точка на тоа дека ќе учиш 5 години и најголеми шанси да се вработиш има во аптека( пошто не може на сите магистри по фармација врска да им е Живко или Душан ), а истото тоа ќе го работи и некој со средно е навистина безмислено да го студираш.
Najdobroto objasnuvanje vo vrska so farmacevtski! Hahahahahahaha Mnogu dobar vic. Farmacevt nad 1500e plata Ushte da imashe dopishano 'vo makedonija' nemashe da mozham da se sozemam od smeenje.
Пари можеш да направиш во живот, само ако отвориш свој приватен бизнис, имаш добар продукт и пазар на кој го продаваш. Се друго е илузија. Илјадници завршуваат ФИНКИ/ФЕИТ, носат титули на ИТ, машински или електро инжињери, но чуму толку години учење, а животот ти се сведува на работа 9 до 5 секој ден за ситна плата и робски менталитет. Еден куп деца денес млатат пари преку интернет, а имаат едвај привршено средно школо.
Epa zatoa neka zavrshat site farmacija i kako shto kazha chlenkata ke zimale po 1500e plata plus bonusi.
Ако прочита убаво, членката праша која е НАЈВИСОКАТА плата што може да ја земе фармацевт. Одговорив која е во фирмата кај што работам јас, што не значи дека и таму зимаме сите иста плата. И да има бонуси! Многу ми е мило дека се насмеа.