Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Каква?:smirk:
     
  2. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Da imaa farmacija 10000e ke zimaa. Bash shteta sea ke mora da prezhivuvaat so 5000 ili 6000e. Zhalno
     
    На fana и Just.do.it им се допаѓа ова.
  3. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Најчесто продаваат производи и услуги на во САД или Западна Европа. Но, тие работни места одат често преку препорака, а не огласи.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    @Abracadaver Ах знам знам.
    А ова e со целосно работно време така? Не е нешто како freelance?
     
  5. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Јас само да прашам, кој испадна најперспективен факултет :rofl:
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Farmacija ne definitivno :D
     
    На Lena3, fana и Just.do.it им се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ама перспектива не е = со пари за многу луѓе. Млатење пари на интернет со едвај средно не е сон на сите луѓе. Може да кажеш дека е можност, прилика да заработиш, ама темава е образование, а не пари :)
     
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Отц лекови се продаваат и во супермаркети. Значи ете за какви лекови има тежина зборот на фармацевтот, штом во супермаркет се продава.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Пак нешто шифрирано, ко рецепта. Си видел во банка колку им легнува или децата се фалеле. За да продаваш производ/услуга треба производот или услугата да ги имаш/смислиш и да обезбедиш синџир на бизнис кој ќе ти го овозможи тоа, значи треба фирма да регистрираш, екомерц, бизнис план, сметководител, адвокат да платиш, евентуално и некој вработен пошто ако работиш 24/7 тогаш5-6 илјади евра не се никакви пари, мислам тоа ти искача просечна саатница. А ако работиш за странска фирма, тогаш повторно 5-6 илјади евра не се драматични пари, особено не за САД. Ама странска фирма не вработува деца со едвај средно, барем јас не познавам таква. Али хеј, светот е голем.

    Средно и факултет можеш вонредно да завршиш, во средните училишта се оди на вежби од стручните предмети и е искрено изводливо во сродни, а и во несродни струки. Знам многу луѓе кои земаат на пример економски и правен смер во комбинација, тоа се комплементарни науки, дури е и паметно би рекла. Исто така може да се учат и две години во една и во средно и на факултет, на факултет динамиката е поинаква, технички само испитите ги земаш на пола година, и секако е изводливо и истиот материјал за подготовка се користи, не знам што е спорно.
     
    Последна измена од модератор: 19 март 2022
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    Е што е перспектива? За мене да напредуваш, со дообразување, добивање повисока позиција а со тоа и плата.
    Всушност грешка си а членот е во право. Ако не знаеш како оди ти звучат многу пари, ама јас знам луѓе кои земаат повеќе и под себе вработиле и други луѓе.
     
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.887
    Допаѓања:
    15.783
    Пол:
    Женски
    Филолошки, отсек - јазици - англиски или германски.
    И ајт оттука
     
    На senjorita-v и fana им се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ти спомнуваш дообразување, а членот пиша едвај средно. Јас само реков не знам фирми, па уште и странски што вработуваат деца, кои по дифолт немаат искуство, ниту животно ниту работно, а немаат ни школо. Тоа се две дијаметрално спротивни ситуации.
    За мене (ама не и за сите други) перспектива во оваа фаза од животот е парт тајм работа, по можност не повеќе од 20 саати, и тоа распоредени во не повеќе од три дена, што помалку работа и обврски, флексибилност на работното време, кога сакам да работам и кога сакам, буквално 24/7, обавезно од дома или од викендичка, никако у канцеларија. Не им се гине на сите на работа ни за милион евра, ни за позиција. Како жена во години, пошто веќе 25 години работам, а и како јазичар, тврдам дека придавката многу нема единствено значење, и тоа многу за мене значи едно, за тебе сосема друго. За да изградиш свој легален бизнис, можеби не ти треба формално образование, ама ти треба секако знаење, вештина, а ти треба и почетен капитал. Коментар од типот продавање услуги/производи на интернет за странски фирми во кои се влегува со препорака, а не со знаење и искуство на пример ми звучи повеќе на муабет кој си го прават децана пред зграда кај мене. Човек кој тоа го правел навистина, ќе знае малку подобро да артикулира, што се продава, како се почнало со тоа. Криптирани искуства пак да кажам немаат поента на темава.
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.603
    Допаѓања:
    39.063
    Пол:
    Женски
    Не може сите факултети вонредно, конкретно за фармација зашто се збори, таму нема таква опција.

    Инаку во Македонија фармација не е перспективен, точно. Според мене на шалтер нека продаваат само оние со средно медицинско, ама човек со завршен факултет дефинитивно треба да има повисока позиција од ова што им се нуди сега.Во Македонија опциите се преограничени, демек напред одиме а науката се нема помрднато.

    Уствари на крај што има да збориме за ценење професии кога се наоѓаме во време кога заработката воопшто не мора да има корелација со твојот талент и способности. Моментално на огромна жалост да работиш со здравјето на живи луѓе вреди колку да бидеш малку попопуларен на онлифенс.
     
    На Ambitious, Abel и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Да да, може погрешно се изразив, нормално нема логика медицинска или сродна гранка да се учи вонредно. Мислев општо дека системот на образование дозволува такви шорт кат верзии. И не е страшно ништо, имајќи го предвид квалитетот на нашето образование. Сум слушала подобри курсеви за јазик на јутуб од професори на факултет.

    Не сум завршила факултет да, ама сите aws, azure и oracle practitioner сертификати сум ги положила у овие 15+ години за да, како што велиш ти, ги разберам позициите за кои вработувам. Ама да, звучи како плукни и замачкај, никој друг не учи освен ајти.
     
    Последна измена од модератор: 19 март 2022
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Дај цитирај цел параграф за да ја доловиш поентата на текстот пред да почнеш со објаснувања, може?

    Вака нема релевантен одговор на кој јас да одговорам.
     
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Низа од консекутивни коментари не се цитираат поради нивната должина, евентуално се означува личноста на која ѝ се реплицира. За да се види целата низа се оди во историјата на коментарите.
     
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Каква должина на коментари, кога ти само си цитирала ЕДНА реченица од цел параграф. Должина што?

    За да доловиш каква поента уште еднаш? Никаква по темата за која се моите постови, а и последните неколку страници од дискусија.

    Зошто си губиш време и цитираш делови од постови, од кои си цитирала други делови вчера? Или вчера не се сети да завртиш тема?
     
  18. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Ти дека нели најупатена си во професијата,треба да знаеш дека лекови не се рекламираат,само отц препарати,затоа и беше даден примерот,само отц лекови смеат да одат на реклама.Беше за да видиш дека фармацевтот знае за лекот.

    Имам чувство дека се собрани еден куп што врска немаат од здравствен систем и само плукаат.Не знам што криете позади овие фрустрации?Може неосполнета желба?

    Секаде во светот фармацевтот е крајна алка и последна контрола на лекот за секој пациент.Само кај нас е сведено на трговија.На запад,ова не зборам од памет,во аптеката фармацевтот е во позадина,а пред него стои историјатот за болеста на пациентот.Врз основа на тоа одредува дози,начин за пиење на лекот,корекција на лек ако не одговара,дали се зема со храна,зашто замислете еден сок од цитрон ако го земаш со некој лек може да го намали неговото дејство?!Во тесна корелација е со лекарите кои не се суетни и најпаметни како вие овде и знаат каде да се обратат за се што е поврзано со лекови.
    Така да,според вас,врска си немаат од лекови фармацевтите.
    Убав пример ви даде некоја од членките за Енап и кашлицата,само за се што не се поклопува со вашето мислење,не се сложувате.Полесно е да се плука и да се тврди непто за кое немате апсолутно никаква врска.

    Да ве прашам сите ?
    Кој создава нови генерики?Имате појма како се дизајнираат лекови?Кој доктор седи и бара нови формули?
    Сте слушнале за персонализирана медицина и лекови кои се примаат врз основа на генетски профил?
    За претклинички и клинички студии и како се спроведуваат?
    Се разбира дека не,зашто врска немате од тоа што перспективи нуди фармацијата како наука.

    А за платите како се движат во Македонија,па слободно можам да ви кажам дека има луѓе со германски плати во секторот.Само за да стигнеш треба малку повеќе труд и вложување во доедукација.

    И матичните доктори кај нас се сведени на препишување на терапија од специјалисти.За нови лекови дознаваат од претставниците.Не секој лекар може да стигне и да си плати специјализација,па кога ќе видиш за што учел тој лекар 6 години медицина?За да препишува рецепти и да се бави со администрација?
    Во нашиов систем се е испомешано. И треба здрави промени.

    https://faktor.mk/programerite-prer...rvot-farmacevtite-vozduhoplovcite-i-bankarite
    Еве ги платите кај нас по сектори.
     
    На Saba08, Dust, Snow-Star и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Цитирам една реченица за да не ги цитирам сите коментари кои се врзани. Вчера ми се спиело, не сум била фокусирана може. Не знам дали си забележала, ама на форум дискусиите продолжуваат и со размак од недели, месеци, па дури и години.
     
    Последна измена: 19 март 2022
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    Ако е тоа што мислам дека е, а според муабетот е, тврдам дека не ти треба ништо. Само воља и напорна работа. Откако ке почне бизнисот е песна. А пари огромни земаат. Само поентата е што не може секој да почне и да се снајде.
    Џабе и да објасни, нема никому да користи.
    Како јазичар си пробала ли на апворк? Јас почнав лани летото, прво работев за минимална сатнина таму, а сега со 10-15 часа неделно вадам наша просечна плата, некогаш и повеќе.

    Тебе ти е изгледа комплекс што работата кај нас е сведена на продажба на лекови. Во аптека е тоа.
    Лекови не развива цела генерација, туку првенците а тоа се 2-3 студента од 30-50 немам претстава колку завршуваат.

    Никој не прочитав да каже дека лесен факултет или дека е небитен. Ама ако се вработиш како аптекар тогаш е небитен целиот труд од 5 години.
     
    Последна измена од модератор: 19 март 2022
    На Lady D ❤️, fana и Just.do.it им се допаѓа ова.