Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Не, јас сум жена пред пензија, на сите им посакувам куп пари и све што сакаат, мене бавчата ми е приоритет :D
    Муабетот ми беше дека темиве за професии, школо и пари се претвараат во место каде никаков паметен и конкретен совет не може да се прочита, само некои хипотетички варијанти и многу желба за докажување.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    Ако те бива да направиш пари не ти треба форум да дознаеш како. Ке седнеш да си чепкаш на интернет и ке најдеш се што ти треба.
    Сакав да кажам дека муабетот што го кажа членот е точен, дека со средно можеш да развиеш бизнис со никакво преднзаење и образование. Само со воља и труд.
    Можеби членот не работи тоа, можеби не сака да открива приватни информации за што точно работи.
     
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Тоа што беше кажано од моја страна, беше кажано дека отц лекови се продаваат и во супермаркети и на бензински. Значи не мора аптекар да ги продава.
    Второ, фармацевтот никако не врши контрола на терапијата. Доаѓа пациент во аптека и единствена должност на аптекарот е да го даде бараниот лек. Тука нема контрола. Промена на терапија и доза прави само доктор.
    Да бидам фармацевт за да продавам во аптека, всушност да бидам продавачка, не, не сакам. Нема ништо лошо во работата, ама да учам нешто 5 години и да бидам обична продавачка, нема шанси.
    За докторите друга приказна е. Докторите имаат далеку поодговорна работа од вас. Тие се клучниот фактор во здравството.
    Изгледа читаш само тоа што ти иде во прилог. Имаше членка напишано како аптекарот направил промена во терапијата за астма, која после сфатиле дека е погрешна. Значи прво законски не смее, второ се гледа колку знаете за терапија и апчиња.
     
    На Lady D ❤️ и fana им се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Денеска е денот кога разбрав дека лекови изработуваат 2,3 личности и дека отц се продава во маркет (ако мислите на дм тогаш од толку што сте препаметни ќе знаете дека е тоа дрогерија, а не маркет :D )
    Мене ми е смешно стварно.
    А, и, да, на онаа на која и беше пресмешно дека земаат 1500€. Уште од тука се гледа колку врска немаш.
     
    На Idedemja, Ani93, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Фармацевтите и лекарите не земаат толку пари колку што знам... Епа децата што месечно земаат плата дупло или тродупло поголема од медицинарите, лизгајќи на интернет, тие нека го најдат лекот на болестите што нѐ опкружуваат денес.
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Едно е да се снајдеш и да почнеш свој бизнис, друго е да работиш за странска фирма во која можеш да се вработиш само по препорака. Која фирма вработува само по препорака? Ми звучи како секта, како дропшипинг, блек маркет, дилање хемија или како шиткање криптовалути. Знаеме дека постојат многу начини како да се заработи, ама темава треба во друга насока да оди, а не да биде натпревар кој колку заработува, пошто тоа не е единствената поента во животот, за мене.
     
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.602
    Допаѓања:
    39.050
    Пол:
    Женски
    Такви комбинации како што спомна, во други земји се сосема нормални и често се избираат. Инаку, целосно се согласувам особено со последната реченица.
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    Зошто тогаш се жестиш дека аптекарите се богови, кога не се?
    Како може аптекар со општо образование за сите болести да знае подобро да прилагоди терапија од специјалист во област? Дава интернист терапија ама аптекар кој учел 5 години и за сите болести и лекови ке знае подобро? Нема логика.
    Самата кажа дека ја продаваш дипломата за некоја аптека да работи, што значи таму работат аптекари со средно. Тоа кажува за одговорноста на работата во аптека.
    Јас никаков експерт не сум. Факултет немам а до скоро не ни работев.
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Добро, ајде конкретни информации може некој да сподели? Кои фирми или фабрики или фармацевти кај нас изработуваат лекови, а колку од нив работат во аптека на пример, за да не искочи ко со претседателот и апанажата. Јас лично не мислам дека е смешна висината на платата, ама тоа не е висока плата за така драматично да се соопштува, во споредба со професии каде се вложува помалку труд, и секако тоа не е просечна плата.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    Не не се е легално.
    Инаку во секоја странска фирма можеш да пратиш св ако има отворена позиција. Ако имаш искуство ке ти закажат интервју. Ако некој што те знае, може да те препорача ама пак ке треба да поминеш селекција и интервју.
     
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ги измеша лончињата ептен. Во светот знаеме како е. Дајте во Македонија кажете колку лекови се изработуваат, кои се компаниите и фабриките кои се ангажирани на поле на персонализирнаа медицина и слично? Колку вкупно фармацевти се ангажирани ете во тие области надвор од ангажманот во аптека?

    Се разбираме, само спомнав дека описот "дете со едвај средно" не може да биде во категорија "искуство". Искуството подразбира и образование (формално или неформално) и практично искуство. На тоа мислев.
     
    Последна измена од модератор: 19 март 2022
    На MilaSs12 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Повели. Затоа не е преспективен факсот кај нас. Пример во Канада е друга приказна. Тука може да заработиш повеќе во странска фирма. Реалноста на поголем дел е таа, работа во аптека. Ама воопшто не е убаво некој да ти ги деградира тие пет години учење и труд. Прво овие што скокаат највеќе не ни отвориле програма да видат што се учи, дека има 10 видови хемии, колку предмети и од општа медицина се учи. Напорно е многу. Да, специјалист знае да ти препише. Ама ти како фармацевт треба да знаеш интеракција и доза, начин на апликација. На тоа ти се посветени тие пет години. Кои рецептори и како учествуваат, хемиски изглед. Ама се се заборава магично оти нели учеш за да си продавач.
    Ако сме нормална држава фармацевтот има многу предности. Тие лекови што ги пиеме се изработени од магистери фармацевти со фармацевтски факултет (продавачите де). Тие вакцини шо се боцкаме и таму се учествувале. Може да испитуваш масло, вода итн.. И во аптека ако има магистрална лаб треба да изработиш магистрален лек. И тоа продавачките го прават.
    Просперитет тука баш и нема, иако самата наука нуди бесконечно. Во странство и те како.
    1500€ се и мала цена за тие години учење и малтретирање. На оние од анти фармација тимот им беше за неверување инаку.
     
    На NoirSerpentine, Idedemja и Ani93 им се допаѓа ова.
  13. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    UKIM e mnogu loso rangiran vo Evropa.
     
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Според нив, повеќе знаат и од специјалистите :rofl:
    Специјалистот со формална едукација од минимум 10 години знае помалку од фармацевт кој учел пола од неговото време :rofl:
    А, да, заборавив и го КОНТРОЛИРА специјалистот, зашто он не знае, може грешка ќе направи, затоа е тука фармацевтот. :rofl:
     
    На Pixi5, Lady D ❤️ и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.602
    Допаѓања:
    39.050
    Пол:
    Женски
    Тоа во институтот на Мирољуб мислев дека се учи.
     
    На Celltica и GirlRose им се допаѓа ова.
  16. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа дека фармацевтите “не знаат ништо”, на толку труд и учење, секако дека знаат, и никој не оспорува дека баш фармацевтите, учествуваат и во правење лекови, вакцини и сл.

    Ама поентата на муабетот е, колку од тие фармацевти, во државава конкретно, ќе завршат во фабрика и ќе го применат сето тоа знаење. Сите сме свесни дека тоа и не е баш голема бројка, и дека грото се во аптеките, каде што за жал, и не им треба, и не можат да го искористат целото знаење што го имаат.

    И жално е што се толку деградирани, а толку труд вложиле во факултетот.
     
  17. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Prasanjeto i e skroz na mesto.
     
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Епа тоа се збори бе Роуз. Дека токму од овие причини што и самата ги наброја, не е перспективен. Во светот секоја струка и занает има бескрајни можности, но ние сме во нашите граници и бројчано мали за такви предизвици. И мене не ми е право што мајсторот што ми замени гумичка на машината ми зема 1500 + паркинг за 10 минути работа, пари кои јас како преведувач врло тешко ги земам, во последниве години немогуче, како професор да не правиме муабет, ама тоа е реалноста. И не можам и не сакам да го девалвирам трудот на другиот. А реалноста, ете и сама кажуваш не е персонализирана медицина, формули и слично, туку нешто друго.
     
    На MilaSs12 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    И јас истото го зборам. Се вклучувам само кога има тешки небулози за самиот факултет.
    За просперитет тука уште одма се изјаснив. Ама за тоа колку имаат незнаења фармацевтите и дека се еднакво на човек кој точи бензин мене ми е банално.
    А, тебе? :)
     
    На Celltica и Srckata28 им се допаѓа ова.
  20. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    И која е поентата што имаат знаење? Да им признае некој дека имаат знаење или тоа знаење да се вреднува со соодветно работно место? Поентата е дека залудно е да се завршува факултет кога секако со знаењето од средно може да се работи во аптека.
     
    На Lady D ❤️, Tea678 и Just.do.it им се допаѓа ова.