Целосно точно. Без разлика дали имаш факултет или само средно, работата во аптека е иста. И платата повеќе од 25000 не е.
Колку може да е повисока баш ме интересира, ако се исплати у однос на времето потрошено на факултет супер.
Имам во фамилија фармацевти и со факс и со средно и има разлика. Со средно (со искуство, платени празници, бонуси) земаа до кај 28-30 илјади, а тие со факс преку 40-45 илјади, па и повеќе, но не станува збор за почетници туку со поголемо работно искуство. Зборам за во Скопје. Во фабрики (фирми) уште повеќе земаат, стига плата и до 1000-1500 евра, па службена кола итн. Факсот е убав и според мене е просперитетен. Точно дека треба доста повисоки плати да се има, но во нашата држава кај што на 18000 е пола држава, оваа струка е една од поплатените.
Знаењето не еднакво со завршен факултет Роуз, тука не се сложувам. Муабетот фати кривина кога некој кажа дека фармацевтот во аптека ја контролира терапијата издадена од доктор. Јас искоментирав дека на рецепт јас не гледам дијагноза и не знам како фармацевтот може да ја контролира работата на докторот ако ја гледа само терапијата, ама не ја знае анамнезата. И тоа го прашав од позиција на лаик или корисник. Повторно, усвоено знаење е едно, неговата практична примена е друго. Човек го ценам како професионалец кога има практично применливо знаење, а не според факултетот кој го завшил. Ве молам да не ме сфатите погрешно, не деградирам никого, ама во моментов повеќе го ценам човекот на бензинска што за три секунди ми натанка, отколку мојот матичен доктор кој една добра работа не направи за мене како пациент кој три пати прележа ковид, во време на пандемија. Секако, тоа незадоволство е упатено кон еден, не кон сите.
Во аптека на работно место аптекар? Почетна плата 28-30? Или со минат труд и стаж 20-30 години? Упорно бегате од конкретна сума. Не ти, општо сите. Кажете која е почетна плата на аптекар со средно и аптекар со факултет?
Со поголемо работно искуство веќе имам пишано. И не станува збор за 20+ год. Туку повеќе од 3-5г на пример.
Не е никаква мистерија. Има многу од Македонија што работат за западни или американски фирми преку интернет. За секој продаден продукт земаат процент. Колку повеќе продадеш, толку повеќе заработуваш. Не продаваат свои продукти, туку туѓи за странски пазар. Парите си ги подигаат во соседните земји. Факултетска диплома е убава за своја лична сатисфакција, но залудна ти е таа диплома ако не ти обезбеди ништо повеќе од 9 до 5 на работа. Деца преку работа на интернет направија пари, купија станови, коли. И, тој финансиски бенефит, само се зголемува во иднина. Сакаш верувај, сакаш не.
Немам што да верувам или не, прашав каков производ/услуга продаваат и прашав кои тоа странски фирми вработуваат "деца со едвај средно" па ни помалку ни повеќе за продажба. Школувана сум во САД, 15+ години работам во сектор кој има врска со продажба на услуга, за странски фирми, и не сум имала колеги со средно, без искуство и конкретно знаење и вештини, уште помалку сериозни фирми од странство исплаќаат пари на нерезиденти, ама тоа е веќе друга тема. Значи не е до верувањето или не, туку толку е украсен муабетов, со неточни и непотполни информации што го прави за неверување.
Ејј ама сте ја утнале темава... прво зборот перспективен не е кој факултет колку пари носи, туку кој факултет колку развој носи перспективен=добри услови за развој А вие 8 страни уназад се карате за плата на фармацевт.Затоа никогаш нема да не` биде, бидејќи само парата се врти како тема на муабет.Кој колку зима, шо колку е платено.А никој неќе со прст да мрдне.Факт е дека сме неписмено население, падот на УКИМ на Шангајска кажува се`, и тоа што доста од невработените се без образование. И сеа, ви викаат почетна плата пример 20,000 и одма аааа нееее , малце е тоа, па јас не сум луд/а да работам со диплома за 20,000.Чекај малце, кој ти вика дека цел живот ќе ти биде 20,000 платата?Кај нас ако може, абе од одма 50,000 и чао.Е не може, не у сите бранши.Затоа е тоа ПЕРСПЕКТИВЕН факултет, тие шо зимаат сеа по 1000+ евра плата, знаете колку време работеле, колку семинари, обуки, вебинари имаат поминато?Мислите дека они не го надоградуваат своето знаење? Дека тоа е така? Затоа зборот перспективен НЕ Е КОЈ ФАКС колку ќе би го напуни џебот. И за ИТ шо се карате, платено е доста, пошо не секој го бива да учи на ФИНКИ како мрднат, да програмира и да праи триста глупости шо и да праат, и има мала понуда на труд, затоа почетните плати за ИТ се поголеми у оснос на тие од Економски да кажеме.Пример ние сме у генерација сеа 300 и кусур души, на ФИНКИ се многу помалце.Значи од кај нас ќе искочат +300 еве 400 нека сме, економски, а од ФИНКИ ќе искочат 100 да кажеме Кај другар кој е втора на ФИНКИ, во смер се 12 души, кај мене сме над 30 во секој. Мора економија да умешам овде јбг, пошто има мала понуда на труд за ИТ, они можат да понудат поголеми плати, а и така се зголемува желбата да се учи таа бранша. Башка друго, ова и претходно го кажав во темава, на Американец со фирмиште во Менхетен, повеќе му се исплати да вработи ИТ Македонец за 2000 долари плата, пошо за нас е превише, а помалку му се исплати да вработи Американец за 4000.За истото работно место.Кај нас работната сила е евтина.Зашо многу работат од Македонија за странски фирми?За нас тие 1000,2000 долари се многу, а за нив се ништо у споредба со тамошните плати. и можете да прогуглате пример https://www.cfnc.org/news/10-best-careers-for-the-future-highest-paying-in-demand/ најперспективни професии, кои ем се барани ем се платени. Имате и за кај нас, најплатени професии https://teleport.org/cities/skopje/salaries/ По мене општествените факултети се најперспективни. Од помошник сметководител, со надоградување можам да дојдам до CEO со турзам можам од туристички водич да дојдам до сопственик на своја агенција Психологија е исто доста перспективен. Salaries range for person working in Macedonia in Information Technology is typically from 22,604.00 MKD (minimum salary) to 75,776.00 MKD (highest average, actual maximum salary is higher). This is the total monthly salary including bonuses. Salaries vary drastically among different job positions. еве за ИТ шо се изнапаливте.Доста работат вон Македонија, и за вон македонски фирми, и затоа зимаат добри плати.Ко шо рече Абракадавер, си листа по лаптоп/телефон и лапа пари. Другар работи за странска фирма, небитно за што, и само пишува reviews за тоа шо работи фирмата, го фаќа негде 4-5 саати у денот, а доста јака плата зима.Не знам колку точно, не сум го прашала, ама 1000 евра зима сигурно, а струката, т.е дипломата од факс му е нешто сосема 15то.А ова шо го праи не е ни захтевно освен што бара добро познавање на англиски, а он го има во мал прст. Значи за тие плати, треба нешо и да се знае.Прво не во сите средни се учи толку, за после вие со средно да барате работа со јака плата.Колку во Панче, во Борис, во Склодовска учат толку многу за да искочат со добро знаење и да се вработат како сметководител, правник помошник, фармацевт, мед сестра? На прсти се бројат у цела генерација.Ја од Борис пример, знам деца шо цело средно пројдоа на туѓ грб и препис, знам и такви шо учеа и сеа на факс имаат предзнаење, знам во Медицина, шо идеа да пијат кафе у кафичон како и да е пред факултетот и да дуваат позади школо, знам и такви што со ноќи не спиеа за да учат за мочана 4ка и 5ка.И сеа, заслужуваат ли бе иста плата?Средно секој мора да заврши и завршија и олевци и дојлевци.Зашо некој шо нема везе да го работи истото со некој што се скинал од учење и притоа иста плата да зимаат? Кај нас лошото е шо неќете да учите, да вложите и да се помачите, за утреден да ви се исплати.Полесно ви е, пасошот и у Германија у Мекдоналдс.Ама секој со своето
Ако сакате да знаете колкава плата земаат во одреден сектор и врз основа на тоа да знаете дали некоја професија е перспективна или не, видете на Државен завод за статистика, листа на плати по сектори, нето и бруто, а има и спореди плата, ова ќе си го најдете на гоогле, и јас видов за мој сектор, точна е пресметката на плати. За фармација на ДЗС имаше нешто над 40.000 денари кога видов последен пат. Е сега дали некоја професија ќе биде перспективна додека да дипломирате, тоа е друго. Јас мислат дека за едно 10 години ни ИТ нема да е толку платено како сега, сите ќе навалат тоа да студираат и ќе се натрупа кадар. Подобро верувајте на статистики, луѓето лажат. Некој кажува помалку, а некој па намерно кажува цифри какви во животот не видел.
Што е скроз на место? Вие ако сте разочарани од вашите животни одлуки не е тоа туѓ проблем. Ако мислите дека образованието и учењето се непотребни и сите треба да останеме прости пак е личен став што мене ми е смешен.
Celosno se soglasuvam so prashanjevo. Dechki, ako go znaete generichkoto ime na lekot, ne znachi deka znaete cela specijalizacija. Terapija za astma prepishana od lekar, bogovite na znaenjeto(aptekarite) ja smenile i posle sfatile deka e pogreshna.
Во цела Македонија се отворија средни медицински школи, секој втор вонредно сестра и фармацевт стана, да не беа добри платите, немаше да трчаат вонредно да завршат толку луѓе. Со гимназија средно да не се земаат пари колку сестра или фармацевт со средно? Факт е дека медицинските струки се просперитетни, па ако не сте задоволни тука, во странство со раширени раце не чекаат сите медицинари и огромни пари се земаат.
И се слагам со @Feminka22, пa какви нереални очекувања имаат младите за плати, па тоа е рамно на научна фантастика, а да имаа знаење ајде де. Не им се работело за 20.000, добро де ќе почнат со 20.000 како почетници, а потоа за 6 месеци ќе им дадат покачување ако се добри. А додека да стигнат до 1.000 евра, охохохо, ќе остарат. Сестрите се платени како продавачките. На минималец во приватна ординација, затоа што има хиперпродукција. Овде не е перспективно, е сега ако научат германски добро, имаат отворена врата за Германија. Инаку, еден куп жени во години, работеле нешто сосема друго, а сега вонредно учат средно медицинско и германски за да бегаат за Германија. Ако беше овде перспективно со средно медицинско, немаше медицински сестри да пакуваат чевли во кутии во чевларски фирми за плата и под минималец ( враќаат на рака парк).
Еве мене странска фирма ми пушта пари на пајонир. Нерезидент сум. Плус апворк ми пушта на пајонир. Ако ти не работиш и земаш не значи дека никој друг не зема. Точно е дека некои од тие што земаат пари едвај завршиле средно, како впрочем некои моја генерација што станаа доктори и професори а неписмени се. Ајти секторот добар дел не е ни осигуран, па нема статистика за нивна плата. Земаат многу повеќе од 75к денари.
https://www.mojaplata.mk/top-plati/rangiranje/top-20-pozicii-najvisoka-plata глејте ги позицииве и плативе шо мислите, за овие пари колку време учеле, се надоградувале и работеле? не сте реални дечки, глејте на листава, и тоа кај нас е ова, дека секоја позиција пишува ДИРЕКТОР.А директор не се станува така лесно освен тато, мама, дедо не ти поклонат фирма. https://www.mojaplata.mk/top-plati/rangiranje/top-20-pozicii-najniska-plata и еве ги најниските. И ај, ова ако не ви држи вода..значи у вас е проблемот. https://www.mojaplata.mk/top-plati/rangiranje/top-20-kategorii-najvisoka-plata абе се` имате на интернет, нека ви служи малце поише за истражување, а не за карање на Фемина.Бар ако се карате, аргументи да имате.А не само, ,,ја знам еден волку зима, ама друг волку" па друг/а член/ка исто нешо начула или знае и каша праите
IT во мојата фирма 2.000 евра земаат. Веројатно не лаже газдата, не би требало. Moja плата е точно. Видов за мене како работник и колку земаат шефовите. Тие се со 50.000 до 60.000 ама оди стани шеф да те видам. Тоа не бива за 5 години, 10, повеќе треба.