Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    5.181
    Пол:
    Женски
    Ама ти учи факултет за друг да те вработува и да робуваш 8 часа, без да имаш време за било што друго, ако некој не те вработи сигурно ќе ти биде крив премиерот, државата, врските. Учењето е важно, ама дали си се запрашала како се станува универзитетски професор??? Со врски, затоа се гледа какви се денешниве студенти беда и јад, учиш толу години за на крај појма да немаш да работиш нешто , ајде поздрав и убав викенд.
     
    На Tih-ana и franca им се допаѓа ова.
  2. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Погрешно си сфатила не се однесува на моите лични одлуки, генерално на сите се однесува, ја сум за право образование но ако мислиш дека тоа што се учи во денешниве школи може да се нарече образование тогаш објасни како 90% од сите што завршиле факултет ништо у пракса не знаат и имаат просечни работни места?

    Денешново таканаречено образование гуши со непотребни информации кои никогаш у живот нема да ти затребаат но како инаку би била послушен роб на системот ако не подлегнеш на индоктринирани идеи дека треба да знаеш глупости од типот колку овци има у Германија и колку крави има у Швајцарија пошто тоа е многу значајна информација да импресионираш небитни личности (еве пример на форум) зошто нивното признание е многу битно и за општеството и за мене како единка.
     
    На Snowflake92, TrinityNeo, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Епа еве кај е проблемот.У твоево мислење е целиот проблем на државава.
    Мрза, неамбициозност и неписменост

    и после јебига
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    5.181
    Пол:
    Женски
    Поентата е дека треба да знаеш сам да работиш нешто а не друг да те вработува, толку ли не сфати? :( ваљда ти кога ќе завршиш факултет треба да знаеш да работиш нешто или да чекаш од друг? Ама на тоа учење од универзитетскиве професори преку врски вработени, тоа е :hai:
     
    Последна измена: 19 март 2022
    На Need for Speed и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.242
    Допаѓања:
    112.257
    Пол:
    Женски
    Не феминка, не се караме за плата.
    Мислиш мене многу ми е гајле колку плата зема фармацевт.
    Перспективен значи знаењето од факс да можеш да го примениш во пракса.
    Има факултети кои можеш да го примениш знаењето на повеќе места.
    Фармација не е таков од причина што знаењето од фармацевтски факултет е потребно во фармацевтска индустрија ко шо имаше навезано орхидеја погоре. Таква индустрија кај нас е САМО реплек и алкалоид, а добро знаеме дека неможе сите запишани студенти, по завршување на факултетот да се вработат таму, нели?

    И сеа тука доаѓаме до една горка вистина.
    Дека тие шо ќе немаат среќа во алкалоид или реплек ќе треба да работат во аптека.
    А работата во аптека се сведува на продажба ок нека е издавање на лекови препишани од лекар.
    Работев во аптека како фарм.техничар со средно, не зборувам на памет.
    Кажав, дека освен што платата на дипломираните фармацевти беше повисока од мојата (многу нормално тие завршиле фармација, јас не) друго по ништо буквално по ништо не се разликувавме.
    Јас издавав лекови - исто и тие
    Редев роба - исто и тие
    Пазев на рокови и си го плаќав производот ако рокот беше изминат а јас не сум пријавила навремено дека ќе истече - исто и тие
    Работев во смени - исто и тие
    Еден ден бев слободна - исто и тие
    Правев фактури за прием на роба и повратници - исто и тие
    Буквално исто.

    Јас многу добро знам каков факултет е фармација, многу добро знам колку е тежок и баш поради тоа сметам дека во државава да учиш фармација факс е неблагодарно, освен реков, ако вујко ти е владика и влезеш на работно место на кое треба да си т.е алкалоид или реплек.
    Да продаваш лекови не ти треба да тупиш глава дополнителни пет години.
    Тоа можеш и само со четирите од средно.
     
    На senjorita-v, prashinka, Cosmi и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Па треба да знам
    Тоа и сакав да кажам.Ја те сфатив дека викаш дека не треба да се учи.А треба
    Мислам, џабе не нѝ е мозокот даден
     
    На Tanjamm и Tea678 им се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Реков дека нема да коментирам затоа што е навистина друга тема тоа. Во нормален и здрав систем секој граѓанин кој работи придонесува за доброто на сите, за доброто на своите деца. Пошто претпоствувам дека сте помлади, буџетот се полни од даноци, па така градиме градинки, школи, болници, се исплаќаат пензии, труднички боледувања и секакви други боледувања и институции кои се за општо добро. Кога си неосигуран сето тоа мораш сам да си го платиш, затоа што ќе дојде ден кога на твоето дете ќе му притреба градинка, школо, болница и слично. Резултатите од парите на црно ќе ги осетат оние кои за пеесет години од сега нема да го имаат ова. Математички, ни 5-6 илјади нема да ги покријат сите овие трошоци. Пајонир за кратко ќе има обврска да даде извештај за тоа колку граѓани имаат сметки за да може државата да ги книжи, како што се случи во Србија пред некоја година. Секако дека секој одбира како ќе работи.
     
    На cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Reala

    Reala Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    18
    Најперспективен факултет е тој со кој лесно ќе можеш да вработиш во странство или лесно ќе можеш да работиш од МК за странска фирма (во наредни 10години).Такви факултети дефинитивно се ИТ, Медицина (општа), Архитектура и некои смерови на Машински (при тоа да ги усовршиш компјутерските програми максимално за цртање Autocad, Archicad и сл.) и можеби некој смер на Економски (сметководство ако паралелно учиш и за некој сертификат како ACCA, CIMA, CFA и + ИТ вештини особено бази на податоци или е-бизнис - исто така ако дополнително се надоградиш со солидни ИТ вештини). Другото за кај нас е чисто губење време, освен ако немаш некои јаки врски во областа или по партии.
     
    На Seli20, Cosmi и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    12.681
    Се сложувам со @Abel. И придонесите се многу важни. Како е тргнато којзнае што ќе биде со пензискиот фонд во иднина. Македонија има склучено договори за признавање на стаж со многу земји, така да тоа е многу важно за мене како поединец на пример.
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Знаеш дека во Скопје има истурена филијала на еден огромен американски и светски бренд, а го држат 2 деца од 25-26 години? Имаат вработено околу 50-60 луѓе, претежно во 20-ти години и работниците земаат по 600 евра плата.

    Типците ги знам лично. Ниту имаат 28 редови богато CV, ниту се образувани во САД или било што. Туку сенс за бизнис, улична пргавост, дошле до правите врски и конекции, а секако носат и резултати.

    Знаеш колку млади лица работат по станови за странски фирми. Нормално немаат регистрирано фирми, не им тече стаж, здравствено, социјално, но гајле им е. Течат огромни пари, стекнуваат конекции од цел свет и само тоа расте.

    Треба да сфатите дека не секој што завршил факултет има предиспозиции да биде претприемач.
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    12.681
    Aма тоа се фриленсери? Ако немаат фирма и немаат ни стаж, не се бизнисмени без разлика колку кешираат. Многу од тие со факултет не се способни ни професијата да си ја работат, не па бизнис. Тешко е за бизнис, дури и ако се работи за фирма човек.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Тоа што на работниците им даваат 600 евра плата, мене ми значи дека имале сенс да си најдат "конекции" што и да значи тоа, и дека на тој начин не се на дното од синџирот и се дел од светскиот капитализам. Се надевам дека на своите вработени барем им плаќаат стаж. Никаде никогаш не сум напишала дека е потребно формално образование, туку знаење, што не е исто, двеста пати напишав. За тоа зошто на младите не им е "гајле" не ми се пишува, беспредметно е да се објаснувам.
    Не, не знам, јас не поштувам нелеглна конкуренција и бизниси кои не ги почитуваат рботничките права. Таму нема ништо што мене од човечки, професионален или финансиски аспект ме возбудува.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Наречи ги како сакаш. Тој секој месец става по 10-15.000 евра чисти пари во џеб. И, само расте, расте, расте...

    Ќе си ги подигне парите во Бугарија или Србија. Не треба да живее за еден годишен одмор од 10 дена, слободно време, порелаксирани се. Бизнисот може преку лап топ да го работи и во Монако, Париз, Берлин. Да шета и да работи. Тоа и го прават. Значи, не зборувам за мене, туку за примери, кои ги среќавам секојдневно.

    Слободно плукни на било која диплома со која ќе работиш цел живот од 9-17 часот и ќе робуваш буквално.

    Колку од тие дипломци со факултети додале додадена вредност во општеството? Производ, патент, нешто што се продава ширум светот? Еден куп професори ги имаме по факултетите, а ниту еден труд немаат објавено, никаков производ, буквално ништо...

    Образованието на Запад се темели на тоа ти утре да создадеш производ и тој производ да го продаваш, а со тоа да додаваш вредност во општеството.

    Колку професори имаме на медицински факултет? Која иновација или техника тие измислиле во медицината што ние граѓаните би имале бенефит од истата? Ништо. Тапа.
     
    На Pixi5, MilaSs12 и Tea678 им се допаѓа ова.
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Де бе, кога им рипна платата од 5-6 на 10-15 илјади, дур си пишавме ние три збора. Свака част.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    12.681
    Веројатно се сеќавате на децата од Велес кои ширеа лажни вести за Хилари со цел да победи Трамп. Некои од нив беа средношколци. Земале пари колку што нивните родители не виделе во животот. Ама тоа само го искористиле моментот, еднаш во 100 години некому ќе му се пружи шанса да земе пари на фора, тоа не е бизнис. Ако нема фирма, не плаќа даноци, не го сметам за бизнисмен. Тие на Пластичарска на пример, што немаат ни каса, ни фирма, ни вработени, ни придонеси не плаќаат, тоа е само сива економија. А нели и фриленсерите плаќаа даноци или сум грешка. Кога имав 21 година не ми беа толку битни придонесите, денес ми се, и ставката ми е битна, затоа што читам колку луѓе се со пензии под 14.000 денари, па коса ми се ежи.

    Ако се фриленсери плаќаат данок, и не верувам дека без знаење некој пари им дава. И јас направив профил да бидам филенсер, па видов дека од тоа таму, не ми одговара ништо, оти немам искуство, а и така си имам ангажман, и хонорарно поработувам, па затворив профил. Браво ако земаат пари, ќе си овозможат лагоден живот.

    Сепак, дипломата не е за плукање во никој случај. Не би плукнала. Секое знаење некогаш во животот ќе ти се најде.

    Има еден куп иновации, ама државата не вложува. Осум македонски научници се во топ 2% во светот, па државата не ги поддржува. Не е дека нема, не се вложува во нив.
     
    Последна измена од модератор: 20 март 2022
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    За некој школуван во САД имаш претерано комунистичко/социјалистичко размислување. Мене ми личи ко на Куба да си школувана.

    Во САД секоја година милиони старт ап бизниси се отвораат. Дел успеваат, дел пропаѓаат. Кај нас луѓе чекаат друг да ги вработи и животот им се сведува на плата, дома, спиење и хронична депресија на 45 години.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    12.681
    @Abracadaver ако реално тие луѓе немаат богато ЦВ, а земаат толку пари, па велиш 15.000 евра и расте и расте, никогаш нема да ти кажат тебе. Тие што толку кешираат, си молчат, а се истрчуваат тие што земаат минималец, па непрашани кажуваат колку земаат, или ќе слажат за 2.000 денари плус. И тоа ми е смешно. Тоа не е за никаква пофалба.

    Ако земаат толку пари, секоја чест, ама па сега е нелогично 600 евра даваат на другите, а тие по 15.000 евра? Кај нас луѓето не се нешто вредни. Многу со факултет дремат и чекаат „подобра прилика“, како да некој ќе дојде од дома ќе ги повика на работа. А додека седат се на товар на мама и тате, без ден стаж, без денар, без искуство.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Државата во капиталистички свет никаде не вложува. Вложуваат venture capital firms. Ако имаш добар продукт, иновација и тоа проаѓа на пазарот без проблем ќе најдеш инвеститори.

    Доста сожалување за тие „несреќни научници“. Ако толку верува во неговиот продукт, тогаш нека крене кредит, нека вложи куќа и нека утре му се врати 2.000 пати повеќе.
     
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Не ми одговори на прашањето, дали твоите за бизнис надарени пријатели им плаќаат придонеси на своите вработени?
     
    На cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    12.681
    Не ги сожалувам, зошто да дигне кредит. Ти имаш пре
    Не реков дека ги сожалувам, но има и научник од Македонија што работел во НАСА. Сите држави вложуваат, си има фондови за тоа. И не само за домашните, и за странските научници нудат еден куп студиски престои, секаде по светот. Има некои по 5-6 држави работеле, па се вратиле овде, работат по институции.

    Тој што без знаење зема 15.000 евра месечно, ако воопшто постои таков, нема никогаш да ти каже. Тоа се многу пари. И кај мене доаѓале неспособни практиканти, со факултет, па откако ќе сфатат дека никој не ги зема на работа, една и лажеше за една смешна работа земала стартна плата од 1.000 евра, и еве ја до ден денес, не работи ништо, а поминаа 9 години оттогаш. Многу луѓе и лажат. Во македонските фирми, кои не се ништо особено, еве кај мене на работа, ако нема искуство, со факултет, може еден месец да ни биде практикант, и да работи под надзор, а потоа ќе се види дали тој човек заслужува хонорар, а тек потоа плата, покачување, бонуси, и други привилегии. Ова за македонска фирма, а светски брендови дека ќе работат со некои со завршено средно земјоделско, не верувам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.