Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.826
    Допаѓања:
    23.471
    Пол:
    Женски
    По оваа логика можам и да кажам дека е залудно да се завршува факултет за медицина во Македонија затоа што имаат ниска плата. Значи, имате хипокритички стандарди за што значи перспективен факултет. Ако е кој факс носи пари, реков, само програмирање носи пари. Секој доктор би го посоветувале да иде во странство каде што ќе биде ценет, зошто не важи истото за фармацевти односно факултетот за фармација?

    Со било кој факултет можеш да завршиш на работно место на кое не си ценет. Лошото функционирање на нашето здравство не значи дека секој ТРЕБА да работи во аптека, а според мене не ни може. Не ја потценувајте работната позиција.

    Обилното знаење со кои се стекнува еден фармацевт не може никој да му го одземе и може да успее со истото.
     
    На ph.orhideja, Celltica, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.845
    Пол:
    Женски
    Не беше таа поентата на мислењето. Членот сакаше да каже дека нема логика да се завршува фармацевтски факултет зашто истата работа можеш со средно да ја работиш, значи всушност губиш 5 години за ништо.
     
    На Pixi5, Lady D ❤️ и Need for Speed им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.668
    Допаѓања:
    18.312
    Пол:
    Женски
    :rofl: Не ме смеј, која изградба на болници и градинки. Деца нема кај да идат во градинка, повели прочитај во темата за градинки. Со месеци чекаат и нема место. Врски за градинка да фаќаш ти треба. Врски за болница. Реагенси се мисловна именка. Од дома се треба да си однесеш. Колку само плаќаат приватно да се породат од страв и неуслови.
    Се плаќаат даноци да вработуваме луѓе со рамковен. Бев да земам пасош на синко и дремев на господата пауза да им заврши иако законски им е завршена пред половина час. Бремена не сакаше да ме слика за промена на име, ме прати во друга кабина.
     
    На Ani93 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Јас пишав, во нормален и здрав систем во кој сите допринесуваат. Бидејќи ние не сме тоа, секој ќе мора да се сноѓа како знае.
     
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.312
    Допаѓања:
    112.795
    Пол:
    Женски
    Дилери на кокаин :)
     
    На Just.do.it, cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Epten zabegavte od temata
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.029
    Допаѓања:
    12.748
    На мојава матична детето на 14 години имаше две иновации. Ја удостоија со една награда на некој натпревар и една објава во локален медиум. Толку. Како би кренале кредит и би заложиле се, за да прават бизнис? Како би земале кредит? Тоа е можно ако татко и е на ниво на Орце Камчев, со толку пари. Инаку, благодарение на својот талент, доби степендија и се школува на Запад. Се и е платено таму, само треба да учи. Во Македонија се раѓаат паметни деца, ама џабе е, на крај ќе мораат да избегаат, затоа што овде за нив нема можности. Во Берин и Државен завод за индустриска сопственост има многу иновации кои стојат на хартија.

    Во наука многу вложуваат европските земји, си имаат фондови за тоа, државата дава, не некои приватни фирми. Има многу опции за Германија, Франција, па и Швајцарија. Некои можности има и за САД. Еве Турција толкава земја, а не сум ја сретнала некаде да има некои можности, да нуди некои обуки, истражувања по лаборатории.
     
    На Srckata28 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Medicalover

    Medicalover Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    34
    Токму така. Ми се бљуцнува кога слушам од луѓе коментари дека залудно било денеска образованието, а тие полни со комплекси дека со двојки завршиле средно и немаат никаква амбиција во животот. Образованието и те како е потребно. Порано за да ги пуштат да се образуваат молеле дома, немало факултети уште кај нас отворено, денес сите можности ги имаме и пак толку мрзливи и неамбициозни луѓе имаме.
     
    На ph.orhideja, Celltica, Waverly Raven и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Поентата е дека знаењето не е нужно врзано со формалното образование. Перспективноста е единствено врзана со парите што ги заработуваш, светот се сведе на тој единствен квалитет кој човек мора да се стреми да го има, а тоа се пари. Единица мерка за човек станаа парите. И секој кој не размислува така е пази, ограничен, или како што некој погоре ми искомплиментира, комунист и социјалист :D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.029
    Допаѓања:
    12.748
    @Abel, еве сега ќе се надоврзам на твојот коментар оти тебе те спомнаа во контекст со Куба. Таа земја си разви пет вакцини против ковид и има огромен број лекари, мислам 9 на 1.000 жители. Точно дека тие земји немаат економија, работа, немаат стандард, и валутите им девалвираа (Куба и Венецуела), а Аргентина имаа и банкрот, арно ама според мене, од тоа што истражував тие се поперспективни за култура од нас. Пример Мексико и Перу имаат културни соработки и тоа многу, во Аргентина и Колумбија, секоја година се даваат награди за стимул на уметници и тоа во вредност од 15.000 долари и повеќе. Имаат неколку Нобеловци, и музеи, илјадници улици носат нивни имиња. Кај нас сте сретнале улица Блаже Конески (упппс тој беше џуџето од Небрегово за некои), има ли улица Ацо Караманов ( умрел на 17 години, го унаказиле Германците кај Смојмирово). Имаме ли улица Петре М.Андреевски?
     
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.639
    Допаѓања:
    39.313
    Пол:
    Женски
    Ама завршувањето факултет не те спречува да почнеш свој бизнис/фирма итн, затоа не сфаќам зошто упорно поврзуваш работа за друг со завршување факултет...а кај нас врски треба за сѐ, и за приватен и за државен сектор.
     
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Јао сите на темава знаете 20 годишни мултимилионери со едвај средно завршено.
    Вака и на децата си ги учите дека џабе им е школото?
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.029
    Допаѓања:
    12.748
    Нас во средно класната ни велеше „Што ќе правите само со средно, па погледнете дека сите чистачки ви се со средно“. А и како ќе фатиш „конекции“ ако не знаеш јазици, посебно англиски, со раце и нозе ли ќе се објаснуваш?
     
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Многу ме интересира како замислуваш дека ако работиш во фирма и си регуларно вработен дека робуваш некому. Ме интересира како замислуваш општество што функционира без вработени, сите своја човек-фирма да си имаат за да не "робуваат". Сите фриленс да работат?

    Само во Македонија има вакви муабети, место да барате поголеми социјални и работнички права, ќе седите дома и ќе чекате да отворите своја фирма? Не сфаќам, од каде капитал за отворање фирма кој е исклучително потребен за да се одржи истата, со оглед дека на почеток секако работиш со загуба?

    Или си имате веќе фирми од мама и тато и капитал од нив па затоа сега сте во позиција да паламудите дека некој бил роб пошто 8 саата работел? И ако не ви се учи факултет, не учете, од кај си земате за право да омаловажувате труд и знаење на други луѓе? На некои факултетот сосема им се исплати, особено оние кои стекнале добро знаење и благодарение на таа диплома од која ја обезвреднувате сега се на мастер програми или докториски студии со стипендија на најелитните европски универзитети. Или се вработиле со солидни плати на убави работни места. Замислете постојат и во Македонија. Сакаш да ми кажеш дека нив не им се исплатело?

    Не ми се верува дека и на децата би им рекле абе што ќе ти е образование секако не се исплати. Ама кој не прошол низ искуството факултет веројатно мисли дека се сведува само на учење и полагање испити, а не дека добиваш од тоа после некаков критички ум. Нормално зависи и од факултетот, нашево образование не е на исто ниво како што беше. Реално оваа инертност на народот не можам да ја сфатам, место да излезете да барате подобро образование за вас или вашите деца, вие ќе ги убедите на крај дека беспотребно им е да учат.
     
    Последна измена: 21 март 2022
    На ElenaOfRivendell, Srckata28, Tanjamm и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Толку богата младина, а сиромашна држава. :wasntme:
    Каков парадокс. Ако знаат шо е парадокс, со оглед на тоа што го скокнале образованието. :D
     
    На Tanjamm и Celltica им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Кој ни е крив што не ги знаеме тајните на универзумот, па сега 8 саата ќе работиме.
    Ете и џабе знаеш што е парадокс :D
     
    На Tanjamm и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Тајните на универзумот да ти биле работа на црно.
    Шо не кажавте од старт така, ќе речев да ограбиме банка е перспективно. Ако ја потрефиш, ќе работиш една вечер да се обезбедиш за цел живот. :D
     
    На Tanjamm, Ajronmen и Celltica им се допаѓа ова.
  18. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Не знам јас мислам малку е еден факултет треба уште најмалку два да се завршат, ќе останеме живи неписмени, не сакам така да умрам да ме зборат комшиите ја памтиш онаа неписмена со еден факултет само остана, сирота.
     
  19. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    8.908
    Пол:
    Машки
    Пиши ми пп
     
  20. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    или не дај Боже на форум да ме прогласат у форумџика на годината у категорија најнеписмена.