Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Нормално. Ама сите факултети се перспективни само кај нас не.
     
    На A94 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  2. Reala

    Reala Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    18
    Се согласувам дека човек треба да се прилагодува на ситуацијата и новите желби да учи нови работи - нешто што кај нас за жал е несватливо, а и нема многу флексибилни начини за едукација (и покрај тоа што има еден тон факултети). Сепак тоа дека времето не е фактор не се согласувам и мислам дека е погрешно - времето е веројатно еден од најбитните фактори, само што човекот го разбира тоа дури кога ќе го снема. Инаку, да - перспективата не е апсолутна константа, ама човековиот живот уште помалку е.
     
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Не зезај, флексибилни начини мислам дека сега има повеќе од било кога. Јас кога студирав одевме во библиотека (универзитетска, на катедра) и имаше еден компјутер со дајлап на располагање за сите студенти, дома ретко кој имаше интернет. Сега имаш милион курсеви/how to, и на јутуб и на курсера и на уште триста други платформи, кои дури и не се финансиски недостижни, и самите универзитети имаат онлајн курсеви, она што го бараш ќе го најдеш сигурно. Времето како ресурс мислев и на тоа дека ако и јас и ти работиме 40 часа неделно, заработуваме исто? Веројатно не, така што во таа смисла, многу други клучни фактори играат улога за перспективноста на професијата. А времето како ресурс кој го трошиш за учење, тоа од струката зависи. Одредени вештини ги совладуваме за ден, два, недела ама други за месец или година, две. Тоа е нешто што не зависи само од нас и нашите квалитети, просто не е исто да учиш да проверуваш апи во Постман и да ставаш бајпас на срце. Во таа смисла, време да научам имам секогаш, ама зависи што барам и што ми е потребно. Јас магистрирав заедно со моја професорка од факултет, јас на 26 таа на 52. Дали таа нешто изгубила со тоа? Секако не. Дали јас сум добила? Уште помалце. Ниту таа каска зад времето, ниту јас сум некое супер дете. Лошо се наместени работите, да мислиме дека немаме време.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Reala

    Reala Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    18
    Во мојот коментар реков дека се согласувам со вас на темата дека секој треба да биде флексибилен и дека не е никогаш касно да се учи нешто ново, само кажав дека кај нас (а не на и-нет) нема многу квалитетни опции за преквалификација, како што има во други држави- на пример за мед. сестра, наставничка или воспитувачка и сл (каде физичкиот контакт е сепак битен)., а и сите неразбираат англиски доволно добро за да можат да се преквалуфикуваат од кураеви на и-нет. Впрочем постоењето на домашни опции, ќе ја зголеми свесноста на луѓето дека може да се преквалификуваат без разлика на возраста (па ќе ги користат и опциите на интетнет).
    Што се однесува до "времето", мојот пост се однесува на тоа дека изборот на погрешен "неперпективен факултет" (што е и темата на форумот), може скапо чини особено ако од него освен знаење очекуваме да ни донесе и професија од која ќе живееме - и тоа пред се заради потрошените 4-6 години од животот (наместо да учиме нешто што полесно ќе го применуваме и ќе го доусовршуваме во правец во кој ние сакаме или едноставно да работиме и на тој начин да се развиваме и заработуваме). Впрочем мојот заклучок е на база на реални примери, лично познавам многу луѓе кои се преквалификиваат (генерално преку курсеви) или се уште лутаат барајќи ја својата професија или виза за странство и многу од нив се покајале за сопствениот избор на факултет (од кој немаат баш некоја корист).
     
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Одлично те разбрав, и затоа дополнив дека најмногу зависи од професијата, особено во однос на образованието и достапноста, ама ете тоа би бил прв чекор кон промената, учење јазик и со тоа си отвараш уште една врата, а тоа е секако поквалитетно образование. За времето, пак нема да се сложам и се земав затоа себе за пример. На 40 години работам нешто што нема врска (или има многу малку) со моето формално образование кое сум го стекнала пред 20 години. Тоа не значи дека бил погрешен избор или неперспективен, туку дека многу работи се промениле во овие 20 години, и јас и светот и така сум стигнала до нов избор, веројатно и тој нема да биде конечен. Од таму твоето мислење дека 4 години ти се "изгубени", јас не мислам така иако моите се многу повеќе од четири :) А за жал, образовниот систем е тој и не верувам дека ќе се смени скоро, по дефиниција не е перспективен.
     
  6. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    1.002
    Пол:
    Женски
    Здраво,феминки.
    Сакам да ве прашам дали на ПМФ има смер за информатика некаде прочитав дека има ама не сум сигурна?
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Да, имаше, би требало да има уште, освен ако од некоја причина не ги стават студиите во мирување, но не би требало.

    https://www.pmf.ukim.edu.mk/tabs/view/ca64f17e67664c1550821c5b71ff3570
     
  8. medlove

    medlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2021
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    22
    Дали има некој да сподели искуство или пак знае од некој близок свој за смерот Радиолошки Технолог на Медицински факултет- Скопје?
    Конкретно што да се очекува,дали е напорно колку и општа медицина (знам по сестра ми) или е малку полајт варијанта?
    Било каков совет е добредојден.
     
  9. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    8.501
    Пол:
    Женски
    Радиолошки техничар дали е напорно колку и општа медицина?
    Во кој универзум е ова?

    Учат од прашања. Одговорени прашања. Колешка имам која паралелно работи смени од 12 саати во болница и студира на смеров. Ете толку е споредбата.
     
    На medlove му/ѝ се допаѓа ова.
  10. medlove

    medlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2021
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    22
    Хахахахахахахах фала на одговоротт,дека имам јас една познаничка па спротивно збори се изнаутепа од зборење колку глава не се крева од книга
     
    На Bananki023 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    8.501
    Пол:
    Женски
    Можеби имаат некој предмет што бара да седнеш и да научиш, ама тоа е еден, два предмети.
    Факултет кој бара присуство на вежби и предавања кој има обемни материјали, кој вара ангажираност сигурно не би се завршувал на време додрка паралелно се работи по 12 саати.

    Во секој случај нема споредба со општа медицина.
    Едниов е 3 години другиов 6.
    Со едниов си стрчен кадар со другиов си доктор.
     
    На medlove му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    Јас ги прашав моите кога имав 18 години: На кој факултет имате најмногу врски и најлесно ќе најдам работа? И се запишав на тој факултет го завршив со 9ка просек, магистрирав и докторирав на истиот. Немам ден без стаж и неможам да кренам глава од понуди за работа сега бирам кај и што сакам да работам. Заработувам 2000 евра месечно во мк. Ако чисто бирав по желби и афинитети тој факултет не ми беше прв избор ама ми стана интересен. Тоа е моето искуство.
     
    Последна измена: 10 јуни 2022
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Сè кажа, само најбитното не го кажа кој е тој факултет. И си барала каде имаат твоите врски, значи не ти се заслужени оценките.
     
    На Iskusen96 и WildMk им се допаѓа ова.
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Добро друже, докторат имаш, нели знаеш дека негациите не се пишуваат слеано? Не е тоа многу тешко правило.
     
    На Minionn, Lavender4, fbaby и 5 други им се допаѓа ова.
  15. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.445
    Па со врски :D
     
    На Lavender4, Lois, x-MajaEsposito-x и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Знам дека физика има многуу.
     
  17. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    Поентата ми е да се бира и рационално. Ај тоа е друга тема.
     
  18. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Женски
    Па кажи за кој факултет се работи.Нема да ти ги земеме работното место и титулата.
     
    На cresa-jagoda и Srckata28 им се допаѓа ова.
  19. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    Факултетот е ирелевантен. Битни се упорноста, истрајноста, флексибилоста и логиката.
     
  20. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.257
    Допаѓања:
    11.711
    Пол:
    Женски
    Темата е перспективен факултет што значи треба кажете кој е тој што е перспективен, а не нешто друго. Ако не сакате да кажете, воопшто не ни пишувајте на темава.
     
    На NoirSerpentine, cresa-jagoda и Just.do.it им се допаѓа ова.