Факултет за земјоделски науки и храна. Имаш повеќе смерови може да отвориш на нивната страна и да ја разгледаш програмата. Математика и физика нема, а хемија имаш во дел од смеровите не во сите
Добар ден, добри луѓе. Што мислите за факултетот за медицинска сестра? Дали вреди и дали е просперитетен за во странство? Во МК не би требало да имам проблем со наоѓање работа, но ме мачи тоа што во различни држави професијата е различно регулирана и тоа значи дека не можам да работам во повеќето држави без полагање на испит за мед. сестра. Не сакам да работам во Германија иако знам дека таму плачат за медицински сестри. Преферирам некаде каде што се зборува англиски јазик, а добра плата не очекувам никаде.
Јас мислам дека вреди тој факултет ако те интересира медицина, но не сакаш да се посветиш за доктор да бидеш. А каков е тој испит за мед. сестра, многу се плаќа или?
Па цената е во зависност во која држава сакаш да имигрираш, може да биде скапо/ефтино, но дефинитивно е тешко да се положи бидејќи во различни држави мед. сестри се различно обучувани и секако без познавање на локален јазик во една држава не можеш да работиш како медицинска сестра. Сепак, факт е дека насекаде во светот се бараат медицински сестри и е полесно да најдеш спонзор за виза за разлика од многу други професии кои не се дел од МИНТ група.
За многу професии има потреба од изедначување на диполомата/испитите или дополагање/дообучување, мислам дека нема потреба тоа да ти биде пречка, и онака секоја струка си бара дообука некаква. Тргни од тоа дека секако многу земји бараат и испит за познавање јазик, некои стручен испит за медицинари, макар тоа бил и англиски. Ако имаш средно медицинско, можеш евентуално да се обидеш прво работа да си најдеш, тука или во некоја земја каде што им дефицит, па директно таму да си се запишеш на студии.
Вака, мене многу ме влече архитектурата, но незнам дали е перспективен и подобар од хемијата која ми е 2 опција. Ваше мислење?
Двете ти се перспективни во Македонија. Ама мислам дека хемија ти е подобра опција за надвор од Македонија.
Девојки дали доколку испишување од студии уште не ми е завршено може да се запишам на друг факултет или мора прво отпишување ?
Jas sakam da studiram za dermatolog no za zhal me odbija na medicinski fakultet i momentalno nemam vtora opcija pa bi ve zamolila za sovet
Дали правен факултет кај нас е исплатлива опција? Поради финансиски причини годинава не се запишав на факултет и работам за да соберам пари за студирање. Не знам што да запишам следна година, дека е 3 години и некако ме влечат општествени науки, се размислував за него. Можеби и психологија ме интересира, само не знам дали во Македонија со овие факултети има работа. Дали вреди да се студираат или иста плата и со средно ќе земаш и со нив ако ги имаш како факултет?
Правен, економски, филолошки.. ич не ти се перспективни, посебно доколку на правен студираш само 3 години. 99% од студентите кои се запишуваат на правен продолжуваат на мастер затоа што со три години не можеш да работиш скоро никаде. Овие информации ги знам јас од тоа што сум слушнала. А за плата за да земиш нешто саглам треба години години да поминат и треба да се покажиш стварно дека те бива затоа што правници има колку што ти душа сака.
Како што знам, правен факултет не трае 3 години туку има смерови на правен што се три години. Тоа се политички науки (имаш на македонски и англиски) и односи со јавност. Второво е доста интересен смер, разгледај го. Едит: И новинарство.
Знам за мастер студиите, тоа понатака кога ќе имам повеќе пари би продолжила, за почеток да дипломирам само. Моите не може да ме финансираат, затоа гледам да е нешто пократко, а во денешно време факултет си треба. Колку просечна плата им е вака? Зошто со средно работам сега и месечно повеќе од 20 илјади правам. Со факултет барем над 30 илјади плата земаат?