Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.739
    Пол:
    Женски
    :o
    За што тогаш служи факултетската диплома кај нас :(
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.238
    Пол:
    Женски
    Ама некако се подразбира дека чим ги завршиш 3 годишните студии треба да продолжиш на мастер, самиве студенти не сметаат дека 3 години само студираат туку 4.
    Ако сакаш само 3 години да учиш бирај некој друг факулет, од овој нема ништо да добиеш ако завршиш само 3 години.
    Јас имам повеќе познаници што се на овој факултет и сите продолжија на мастер.
    И тоа 25.000 можеш да ги земаш во најдобар случај, а најверојатно на почетокот ќе земаш и помалку.
     
    На en5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    За двете професии зависи колку ќе бидеш добра како стручњак и што точно ќе работиш.
    Пример и со двете можеш да завршиш во школо (како психолог или правник) и тука платата моментално е околу 30000 и толку. Покачувањето зависи од државата.
    Можеш и да станеш добар адвокат и да земаш многу повеќе или да завршиш како психотерапевт и да земаш исто многу повеќе. Или да завршиш на некој проект каде што исто ќе земаш добра плата.

    Се зависи на крајот од тебе и од тоа колку ќе бидеш добра во тоа што ќе го работиш, дали ќе се усовршуваш, дали знаеш добро странски јазик итн, итн.
    Магична формула нема.
     
    На Glowy и en5 им се допаѓа ова.
  4. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.739
    Пол:
    Женски
    Аха, добро тогаш. Не делува многу перспективно ова што го прочитав, јас друга замисла си имав.
     
  5. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.899
    Допаѓања:
    6.648
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш конкретно три години, можеш да разгледаш некој од смеровите на медицински што траат три години, мислам и на фармацевтски има такви смерови, ако те интересира нешто од тоа.
     
    На en5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Мачкетина

    Мачкетина Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    1.065
    Пол:
    Женски
    Искрено мислам дека подобра опција ти е да собереш пари и некој курс да завршиш, има да бираш од различни области. Сума сумарум исто пари ќе дадеш само на факултет повеќе години ќе потрошиш и само нервози непотребни.
    Од луѓе што ги знам имаат дипломирано а земаат пониски плати. Сите започнуваат како практиканти со 9.000 ден до 12.000ден.
     
    На en5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    23.389
    Пол:
    Женски
    @en5 Иди тоа што ти се учи, секогаш. Знам успешни млади луѓе што имаат завршено на правен факултет. Само секогаш запомни да зграпчуваш шанси и да не се ослонуваш на факултетот, туку треба да се оформуваш како личност која има што да понуди на една фирма или што и да сакаш да работиш. Кога се учат општествени науки, може да развиваш skills како комуникација, лидерство, тимска работа, ама онака баш за да можеш да се претставиш во најјако светло и некој тебе да те бара. Сакам да кажам, имаш шанси и начини.

    Читам дека сега работиш. Освен ако не работиш нешто како келнерка, убаво изгледа тоа на CV и не се потценувај. Јас верувам дека во Македонија недостасува професионален кадар на млади луѓе. Има приватни фирми што знаат да ценат луѓе кои се усовршуваат да бидат професионалци и кои имаат идеи.

    Многу е досадно кога некој ќе каже дека Х факултет не е перспективен, тука секогаш има очекување дека „дипломата треба да работи за тебе“, но за да бидеш успешен со било кој факултет, треба да и дадеш свој карактер на таа диплома и да ја користиш како што сакаш. Ова е барем мое некое мислење. :)
     
    На Michaelalala, Snow-Star и en5 им се допаѓа ова.
  8. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.739
    Пол:
    Женски
    Не е дека нешто сакам да учам @Srckata28, само мислам дека факултетска диплома треба денеска за поголем успех во општеството. Не бев добра ученичка во средно, 74 поени имам за упис. Морам да запишам некој факултет каде што примаат послаби ученици во државна квота и што не трае долго. Не сме финансиски имотни, а и не сум многу по учењето. Јазици многу не знам, математика не сакам, природни науки не ми лежат, само предмети како филозофија и психологија ми одеа. Затоа мислев нешто такво да запишам, најлесно ми е да учам општи работи, да филозофирам, а и полесно е за упис на тие факултети. Само битно ми е дипломата да ми донесе поголема плата.

    Келнерка работам, не е лоша платата ама секогаш ќе си келнерка со средно. Моментално на 19 години ми е добро, понатака ќе ми требаат повеќе пари, сакам да имам и повеќе образование. Моите не се учени луѓе, немаше кој да ме насочи кон учењето, секогаш викаа школо не ти треба, факултет е трошок. Млада сум, сакам нешто повеќе да направам во животот за себеси. Дечко ми запиша факултет, гледам колку е возбуден за новата средина, бев со него на уписи и гледам врсници што студираат, се запишуваат, ме фати тага што на тоа место не сум јас.
     
    На Sara<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    23.389
    Пол:
    Женски
    Ама не биди разочарана сега, немаш потреба. Чим немаш некоја посебна желба за кариера, запиши било кој од тие кои мислиш и види што ќе те интересира во животот. Кога ќе чуеш или видиш некое работно место што ти се допаѓа и во кое можеш да се замислиш, тргни наттака - да се распрашуваш, да се надоградуваш, да прошируваш познанства во тој смер. Стварно сакам да те убедам дека не мора да завршиш информатика за да ги имаш паричните средства кои ќе ти се потребни за живот и за малце луксуз, хаха. А не мора ни да си имотна сега за да успееш нешто понатака, забрави го тоа.

    Јас лично, со моите желби и квалитети, еве да споделам со тебе, не би отишла филозофски, повеќе на некој од смеровите на правен или психологија. Мене ме интересира маркетинг, а смерот што го запишав (во друга држава сум затоа нема да го именувам), не е најдиректно поврзан со тоа, па сепак ќе видам што, како, кај ќе ме однесе ветарот. Од друга страна, имам роднина што заврши социологија на филозофски и после неколку години на истото работно место со солидна плата, доби промоција со баш, баш солидна плата од нешто под 40 000 денари, а нема ни 30 години човекот. Ама работата што ја работи нема врска со социологија и таа диплома, туку 100% со неговиот карактер и networking, верувај. Не велам дека дипломата нема никаква врска, има огромна разлика измеѓу било како и за било што едуциран човек и некој што не се труди да си го надогради знаењето. Но, некогаш таа диплома е само „потврда“ за да ти даваат плата.

    Извини што филозофирам малце, само навистина се ежам што некој ти вели да разгледаш фармацевтски и смерови за медицински техничар и скроз утепуваат било која надеж во тебе за она што (според твои кажувања) можеш и сакаш да запишеш. Ќе звучам ко мотивацијски говорник, но има милион успешни приказни и не знам зошто не би била баш ти една од тие. Ништо не те дели од другите.

    Ајде поздрав.
     
    На en5 и Meddy им се допаѓа ова.
  10. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    482
    Ic neka ne te fati mila se sto e zatebe ke dojde
    Ako ne si bas po ucenje zemaj nekoj certifikat primer vegi da napravis lash lift nekoi kozmeticki granki toa vekje e mn prospektno
     
    На Srckata28 и en5 им се допаѓа ова.
  11. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.739
    Пол:
    Женски
    Сакав да слушнам реални мислења, секое ми значи. Вистината е дека за успех во Македонија и излезна карта за во странство се техничките и медицинските науки. Немам поени, ни големо знаење од тие предмети инаку без размислување и јас тоа ќе запишев ако сум искрена. Може се тешки ама се отскочна даска за во животот и најценети. Реална сум дека не ми одат тие предмети, затоа и ќе морам да се насочам на нешто полесно за кое веќе нема толку интерес зошто работа се наоѓа многу тешко. Свесна сум дека се струки за кои треба или многу среќа за успех или партиска поддршка за работа, а во странство не знам ни колку ќе се признаени. Сакам сурово реални искуства и мислења, за да направам што подобар избор.
     
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    23.389
    Пол:
    Женски
    Добро, си имаш некои твои размислувања.

    Мене ич не ми се реални мислењата дека само информатика и науки се пат до странство. Размислувањата за имање/немање работа со некој факултет ми се полни со негатива и фрустрираност, која ја разбирам, но не се согласувам.

    Секоја диплома од Македонија е еднакво признаена во странство, само што секако ќе вработат во странство некој што се дели од толпата. Имам познаничка од Босна (каде што е речиси идентична ситуација како кај нас) која заврши психологија и сега работи истражувачка работа во Австрија. Секако не со директен лет, туку со различни приклучувања во доедукации и обуки. Нема никаква сурова реалност, сите имаат различни искуства. Светот не е направен за сите исто да учиме и да работиме. Знаеш ли колку ги има на ФИНКИ кои едвај ќе поминат и нема ништо да научат и после пошто не знаат да програмираат ќе кажат дека више ни со ФИНКИ нема работа? Они демек немаат среќа. Зар тоа е реалност?

    Јас ти посакувам се најдобро во врска со твојата одлука. :)
     
    На Michaelalala, orxideya, en5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. na_kafe_u_centar

    na_kafe_u_centar Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Те молам. Не разбирам од каде стигмава дека економски не е перспективен. Шо студирате на економски па шонеможете да најдете работа?

    У капиталистичко општество со се повеќе индустрија и трговија вие викате економски било бескорисно ЛМАО.
    За да некој работи како програмер, инжињер и така натаму, треба некој да го продае продуктот (маркетинг), да среди плата (сметководство), да се грижи дали сите си ја вршат работата (менаџмент), да одлучува каде ќе се инвестира следно (Финансиски менаџмент), и човечки ресурси(не знам преку кој смер се стига таму, се извињавам).

    Иначе да дадам одговор на главното прашање -

    Како dopout УКИМ, и подоцна запишан у факултет у Еуропа, едно ќе ти кажам. Прај шо моеш како моеш и бегај од тука. Нема теоретски шанси. УКИМ е џунгла. Не сум некој ментален слабак или нешо, ама уше у втори месец на УКИМ добив нервен слом од колку све беше логично неповрзано и колку сите глеаа да лапнат поише пари од тебе. Коа ќе земеш смештај (ако не си од СК), книги, плаќање за ова, плаќање за она, може и поевтино да ти искочи да се упишеш у ЕУ дури и со македонски пасош. (Јас бев економски, финансиски менаџмент, испопаѓав све на УКИМ (пошо немав пари да давам по 45630 евра за секоја книга, па не ми беше дозволено да препишувам на испити како шо им беше на тие кои ќе ги купат оригиналните книги, ќе отспијат со професорот, ќе платат на професорот и така натаму и така натаму)

    Ако поентата ти е да научиш нешо у животот, бегај од факултети у македонија ко од огин. Може оној американ колеџ е океј, ама искрено за 2000 еура година, моеш да си отидеш било каде у еу за истите пари и да си се иселиш од тука, 2у1.

    И како бонус точка на размислување - На социајлни мрежи од калибарот на linkedin.com , кога ќе видат дека студираш на факултет у еуропа, повеќе ќе те бараат за работа и од МК и од сегде у светот. Пошо просто и едноставно, никој надвор од МК не го рачуна УКИМ за универзитет.
     
    Последна измена од модератор: 13 октомври 2022
    На orxideya, WildMk и Michaelalala им се допаѓа ова.
  14. Lolitya3

    Lolitya3 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2022
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Иста ситуација доживеав, еве ме се спремам за факс во странство. Може ли да споделиш искуство што студираше и како е сега за работа далеку од Македонија?
     
  15. BlackJocker♠️

    BlackJocker♠️ Нов член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Дали има некој што е на Славјански или веќе има таму завршено? Ќе ве замолам да ми пишете! :D
     
  16. MediaRes

    MediaRes Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2022
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Јас работам сосема друга област од мојот докторат и специјализација. Не сум била дури на на курс за тоа. Сама си учев онлајн. Во пракса многу малку ми вреди целото многу долго образование. Барем финансиски формално образование и диплома е загуба на пари и време според моето искуство.
     
    На Stark и Minionn им се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Не знам колку години имаш, ама искрено, да докторирам без да работам активно, па и на финансиски исплатливо работно место е прашање на лоша одлука, не на неперспективноста на самата професија. Освен ако не е некоја специфична струка која не можеш да ја работиш без академско образование, факултетот не е неопходен, ама може да помогне. Нема да помогне ако си незаинтересиран да научиш, туку сакаш само да го формализираш образованието и да зарботиш пари. Самата фино си кажа, сама си учела и немање формално образование не ти било пречка. Ама ако студирам за одредена струка, а животот ме однесе на друга страна, тоа се животни околности или прилики, не е нужно неперспективен факултет.
     
    На MilaSs12 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.662
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Во нашата чудесна земја се е можно. Од кои причини ме работиш по струка а одлучи да завршиш докторат?
     
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.958
    Допаѓања:
    36.125
    Пол:
    Женски
    Не постои таков. Просперитетно е само лижење газови на што повеќе луѓе кои веќе имаат лижено и стекнување со што повеќе врски. Е тогаш си несопирлив. Не ти треба ни прво одделение да имаш завршено, а камоли факултет, не треба ни да се селиш. Само дарба да имаш под кожа да се пикаш.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.662
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Потполно не си во право. Ако имаш знаења и вештини, онлајн можеш да најдеш позиции со многу високи плати. И како фриленсер и со договор.

    Пример факултети за графички дизајн, програмирање (многу опции тука), англиски книжевност, германски (повеќе опции), треба да знаеш што да бараш.

    Тие што лижат газови колкава плата земаат месечно? 500-600 евра? Во кол центар диспечери земаат толку.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.