Докторирав на Запад и тоа развиениот. Се вратив за поугледна позиција во Македонија. Пак учев нешто. И сега испадна за хобито и сајд џаб што имав да ми понудат 3-4 поголема плата од мојата професија. И работам без диплома и формално образование за 3 пати поголема плата од тоа што би ми донел докторатот и специјализацијата за што ми требаa 14 години учење. Прочитај погоре. И факултетот и докторатот ми е еден од просперитетните струки и многу тешки за завршување.
Но Земам западна плата во Македонија немам мотивација да одам. Фината е што за мојот докторат треба физичко присуство за мојата сегашна професија за која немам ни факултет ни курс може онлајн а многу е платена. Не планирам да се селам за да работам со физичко присуство за поголеми трошоци и многу поголем стрес.
Совет некој што е перспективно да се учи онлајн? За јазици си освежувам знаење редовно, но нешто друго што би било корисно?
Програмирање, софтвери, математика, музика, графика, финансии, економија, психологија, педагогија, право,книжевност, физика и филозофија. Има и други
Да, и ти си во право ама не можат сите тоа да бидат. Ако некој сака да е нешто со љубов, не може да успее. Јас на пример нема шанси да сум нешто од наведеното. Исто голема грешка е да се запише секој на најперспективните, а во иднина сепак да не сака да го работи тоа. А живот ли е ако работиме нешто што не го сакаме само заради пари?
Не е лесно ни да немаш пари. Ама не е лесно да одиш секој ден на работа а истата да не ја сакаш. Треба да најдеш нешто што го сакаш барем малку. Кај нас проблем е што голем дел сакаат на државно да се запослени ама да не работат. А за таму треба врски. Има професии каде можеш и без врски ама не им се работи на луѓето. Сите сакаат брзи пари.
Не се разбираме можеби. Велиш дека работиш без формално образование за 3 пати поголема плата од таа која би ја добила со докторат? Значи дека единствен начин на кој ти ја мериш перспективноста се парите, ама за 5 години од сега ако најдеш работа во твојата конкретна струка која ќе ти носи дупло поголема плата од оваа сега, значи тогаш ќе пишеш дека дипломата ти вреди и факултетот е перспективен? Стварно штета возрасни луѓе да го изедначуваат перспективност = пари. Ако тоа му се случи на светот, сѐ ќе пропадне, сите ќе бидат програмери/инфлуенсери (или нешто така "перспективно") за пари и нема да има воспитувачи, учители, професори (кои меѓу другото секаде работат за просек), пекари, фризери, продавачи, чистачи.... Тоа што твојот избор бил докторат, поугледна позиција (што и да значи тоа) и очигледно статус и сега си се разочарача и веруваш дека тоа што си учела е неперспективно, тоа се моментални околности. Сигурна сум дека некои други луѓе со твојата професија баш фино се снашле, ама пак тоа не е репер за ништо.
Темата е таа перспективност на факултетот. Ако сакате отворете си нова тема најсакан или најомилен факултет па пишувајте си таму.
Па перспективен за мене значи и најомилен и најсакан. Затоа пишувам тука. Придавката "перспективен" го содржи и значењето сакано/омилено, не гледам проблем или оффтопик. Ако сакаш пари, иди укради, ич не се мачи за школо муабет да правиш.
Јас сум 45 години млада. Немаат врска годините, туку логиката и свесноста дека животот не е рамна црта и дека плановите и приликите се менуваат. Ако веруваш во тоа што го пишуваш, значи нема никаква оправданост во твојата одлука да поминеш 14 години во нешто што е неперспективно, односно си била свесна за непреспективноста, ама ете чак и докторат си учела, ти најдобро знаеш зашто.
Колку плата се зема со докторат кај нас? 1500 евра? Има странски фирми кои за добар скил сет нудат над 3000-4000.
Искрено не знам, зависи од професијата, иако одамна титулата значи единствено статус, или евентуално доцентско место на факултет, таа е борбата. Затоа и пишав, да докторираш без план и програм и знаејќи дека нема да ти го донесе онашто го сметаш за најперспективно, а тоа се пари, тогаш е бесмислено. А за странските фирми, би се сложила, ама пак тоа не важи за сите струки, светот е во рецесија и сѐ повеќе фирми се селат во Индија, Малезија, Балкан и слични земји од трет свет баш за да не мораат да даваат толкави плати. И тоа допрва ќе се осети.
А имаш некоја верификација на тоа знаење или ? Еве јас знам јазици, за книжевност сум набилдана со знаење, ама каква корист би имала од тоа да заработам нешто на пример? Или можеби сум грешка? Јас денеска ако не прочитам нешто, ако не земам книга во рака, како шугава сум. И јазици добро зборувам. Не сум се обидела со тоа некако да заработам.
Зависи кои јазици. Од перспектива на корисничка поддршка (бизнис кој ете не умре за време на корона), бар вака од тоа што го гледам и знам, доста се на цена холандски и скандинавските јазици, под илјада евра немаат плата, што не е лошо за наши услови. Тоа зе опциите за некој кој нема факултет, бидејќи не можеш да предаваш и да преведуваш, значи може и со курс, ако те занима, сосема е изводливо. Ама исто како и со програмските јазици, и "нормалните" јазици се учат подолго време, или баш ептен да се посветиш.