1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.611
    Допаѓања:
    18.176
    Пол:
    Женски
    Тоа што кај нас е 3000, на друго место би било повеќе. Знаат добро за наши плати стандарди итн.
    Се согласувам дека е огромно губење време, факултет од 3-4 е губење време ако не ти користи, а не пак докторат.
    Девојката/ жената не кажа што точно работи, ама бидејќи последнава година следам трендови во свет, многу е веројатно нешто што и било додатен приход да и стане професија.
    Во врска со селење, одамна се преселени на фриленс база, ама квалитетот од Индија до Балкан е небо и земја. Тие што даваат пари знаат за што даваат. Не е исто дата ентри и маркетинг план, апликација, графика итн.
    Направи си профил на апворк и пробај си ја среќата. Ако те бива ке почнеш да земаш пари.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Не е повеќе. Платите во Источна Европа се доста изедначени (мислам на Чешка, Полска, Словачка, и натаму Латвија, Литванија и можеби Словенија) или барем одат кон тоа. Сум работела хр во ит индустријата во овие земји, а и кај нас, знам колку луѓето имаат тенденција кон претерување. 3000 евра плата да, ама за сениор позиции, за луѓе што навистина умеат и имаат искуство и можат да носат ептен комплексни, тешки проекти, а такви и нема премногу. За Западна Европа не знам многу, знам дека Италија особено на југот се од Господ утепани, тоа важи и за технички струки, Германците вработуваат многу странци пошто имаат дефицит од буквално сите струки, од кувар до доктор, и ако си странец ќе почнеш од минимум за струката, без разлика на образование, дури и за дефицитарните кадри, то ест никогаш нема да бидеш ист со Германците. Дури и за Американците 100к (за технички/компјутерски струки) годишно станува "американски сон", така што искрено не се сложувам баш дека кај нас ќе дојде Американска фирма и ќе даде три илјади евра, или ако даде, ќе даде на тројца во цела фирма, за да гради стратегија за емплојмент брендинг, то ест да се расчуе колку се супер. Немам некои ептен инсајдерски сознанија, ама ете во моментов единствената швајцарска фирма што има така посериозни, пофини проекти што не се игрици, дава максимум 2 илјади, и тоа селективно. Многу е комплексна темава инаку, што се фативме :D
     
    На KittyAgnes и JoyJoy им се допаѓа ова.
  3. MediaRes

    MediaRes Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    207
    Пол:
    Женски
    Перспективно е. Но немам проблем да го сменам. Не се врзувам за ништо и се е можно. Денес е динамично време треба флексибилност од ригиден пристап и образование. Различно размислуваме. Јас не ги терам децата да учат за оцени па дури ни за знаење туку како да стекнат навики, филозофија и вештини и карактер. Пројде времето на титули и дипломи. Живееме во глобален и отворен свет на динамичен бизнис и напредна технологија. Дури и знаењето нема да биде потребно дел работа и сега аи а целосно во иднина ќе знаат и ќе бидат поспособни и повеќе ќе знаат од и најголемите експерти денес и тоа за многу кратко време. Луѓето не се бази на информации. Знаењето податоци станува застарено и непотребно битни се вештини. Така да добар дел од факултетите се опсолит во оваа форма. Новите студенти имаат 18 години ќе работа и за 55 години. Се сомневам дека денешен факултет посебно од мк ќе им биде од фајде за 55 години.

    Стани едитор или гоуст врајтер или критичар. Или научи некоја област и Стани или технички или за забава контент креатор. Или предавај пишување...
     
    Последна измена од модератор: 26 ноември 2022
    На JoyJoy и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Можно е да не разбирам што сакаш да кажеш, на што се однесува перспективното во првата твоја реченица, тоа што немаш проблем да го смениш, зошто би го сменила ако е перспективно? И да, титулите се искрено одамна обсолетни, ама тој факт или сознание е контра со делата, односно иако знаеш дека е непотребно, ти сепак си учела докторат и си бркала титула, и врз основа на тоа дека титулата е обсолетна (а сепак си ја стекнала) си очекувала перспективност, која логично ја нема бидејќи титулата сама по себе не го гарантира тоа, малку ми е контрадикторно искрено. Инаку да, се согласувам дека времињата се менуваат и затоа и пишав дека животот не е рамна црта. А за педесет години јас веројатно нема да бидам на овој свет, така што нема потреба со паметот да одам до толкави далечини и да размислувам за тоа каков ќе биде светот кога ќе ме нема, помладите нека мислат на тоа. За децата и колку ќе бидат попаметни, се сомневам. ако имаш деца или се бавиш со деца, знаеш колку задржуваат и процесираат информации, во должина на едно тикток видео. Тешко дека ќе стекнат навики и ќе успеат да изградат нешто солидно и трајно, за нивните деца. Можеби не сакаме да признаеме, ама после нашите дедовци/баби генерациите се сѐ помалку способни, иако имаат 300% подобри услови за работа, двигателот е парите, и затоа животот особено во големите градови е нехуман и налудничав.
     
    На Cosmic Girl, JoyJoy и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  5. MediaRes

    MediaRes Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    207
    Пол:
    Женски
    Им верував на бумери. Моја најголема грешка во животот. Научив дека децата знаат подобро од возрасните за многу работи. Затоа слушам помлади а не постари од мене :D
     
    На JoyJoy и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.611
    Допаѓања:
    18.176
    Пол:
    Женски
    Зборам да работиш од овде.
    Секако дека нема цела фирма од 10 30 100 вработени да зема 3000, нема такво нешто. Ама да има поединци кои земаат толкави плати, има. Јас знам неколку. Може членкава е од тие.
    За да земаш толкава плата треба да си умешен, затоа има вработени и вработени.

    Јас доцна сконтав дека лошо ме учеле.
    Со минимална работа вадам просечна плата. Факултет не завршив. Почнав да работам од досада, не примарно за пари.
    Ама сега за сега ми е колку за дополнителен приход, мајчинството на прво место ми е.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Бумери? Секој е слободен во животот да прави што сака, ама прилично е неслободарски и нефлексибилно (а погоре разбрав дека сакаш флексибилност и промени), да дискриминираш и да се ограничуваш само на младост. Али секој со своите правила.

    И јас зборувам за работа од овде, за странски фирми кои ете имаат тука филијали. Не ги рачунам тие што овде живеат, а работат за странци како јас на пример, бидеќи тоа се нефер споредби. Бидејќи сум работела ч.ресурси и како консултат, само ја споредував ситуацијата со ете некои земји кои ни се малку поблиски, иако не толку. Нашата моментална ситуација поради која веројатно и постои темава е едно праисториско верување дека факултет = перспектива и добра плата, а имаме многу примери дека не е така. Она што не го разбирам е зошто четири години студирање на луѓето им е толку мрско и зошто е аргумент за неперспективноста, кога не е точно тоа. Многу сум трубела на темава затоа што сум работела едукативна поддршка/кариерно советување (во земја каде има поголема свест за тоа дека образованието во секаква а не само како формалност е битно). Медицината се смета за ептен перспективна, а сепак има толку доктори кои се толку просечни или лоши во својата работа да е страшно, или никогаш не стигнуваат да имаат своја ординација или да стигнат до специјализација и да мрднат од мртва точка, а со тоа да зарботат и пари (нели дека тоа е сега "новата" перспектива). И ова не се исклучоци воопшто. Значи ќе заклучиме дека медицина е неперспективна? По коментариве на темава, ако ја следиме логиката за пари секако да. Но не е така затоа што има мал милиони фактори кои се во игра. Лоша одлука за тоа што сакаш да бидеш кога ќе порасеш може многу да влијае на тоа колку си успешен макар тоа била нјаперспективната професија по сите статистики, штета е луѓето да живеат со мислата дека само парите се драјвер и мотивација. Искрено не знам како се живее со ќеиф за ништо друго освен за пари, и секој муабет да треба да биде за тоа. Впрочем ете на платформа како Јутуб има многу луѓе кои излегле од најголемите фирми како Гугл, Амазон, Сиско поради сѐ она друго што високата плата го носи. И ништо не е засекогаш.
     
    Последна измена од модератор: 26 ноември 2022
    На Boka98, JoyJoy, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. MediaRes

    MediaRes Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    207
    Пол:
    Женски
    Многу луѓе финансиски зависат од бумери. Поради тоа мораат да ги слушат и носат нивните одлуки. Дали поради финансиски или емотивни уцени и притисоци. А во некои случаи и физички закани.
     
    Последна измена: 27 ноември 2022
  9. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    592
    Пол:
    Женски
    Мозе да ни кажеш ,би те замолила ,што е тоа перспективно што работиш,и кои знаења треба за тоа,дали се неформални со курс? Би ми значело многу ,ако може и во лична порака,сакам да сменам,работа и некои идеи од тие жто успеале,Бидејки сите само кажуваат ,ама апстракно ,не реално како е.Ти БЛАГОДАРАМ однапред.
     
    На Meddy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Aleksandra2004

    Aleksandra2004 Активен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво, јас сум моментално 4та година во средно медицинско во Скопје и до сега сите години сум скроз одлична. Се мислам дали да продолжам на општа медицина 6 години, но не се чувствувам како да имам доволно љубов кон медицината. Јас многу би сакала да студирам форензички науки/криминалистика па дали некој знае на кој факултет би можела да се запишам да станам форензичар? Имам слушано дека не е многу платено и тешко се наоѓа работа, па ако има некои свои искуства да сподели :)
     
  11. Peppermintka

    Peppermintka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2022
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.901
    Пол:
    Женски
    Не запишувај општа медицина ако немаш желба. И нас со желба дури некогаш ни прекипува од тоа колку е напорно. Да немав желба немаше да го трпам цел тој стрес и ниво на напорност што го има на општа и одамна би се отпишала. 6 години ти се во најдобар случај, голем дел имаме/имаат и плус година. Во просек 7-8 години некаде е студирањето.
     
    На _iKarmen и Anie93 им се допаѓа ова.
  12. Mara123

    Mara123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Јас завршив средно медицинско како медицинска сестра (по желба на мајками да бидам медицинска сестра, што никогаш не сакав) и си реков во ред би сакала понатака да бидам доктор и би продолжила општа медицина, а во себе си секогаш уште од дете да бидам инспектор криминалист. Но кога завршив средно медицинско не усшеав да се запишам општа медицина од причина што имав и некои 4ки не бев 5.00 успех, и така се запишав на криминалистика на факултетот во Идризово, со што ми се исполни мојот детски сон да бидам инспектор. Но имам доста пријателки од средно медицинско што продолжија со општа медицина и завршија за 8 години напорен факултет и тешко за вработување е секаде во државно без врски, за секаде ти требаат врски, доста од моите пријателки неможат да се вработат во државна клиника или се без решение, секој со своја среќа

    Тешко е за вработување и на државна клиника какп доктор и за инспектор и во секоја државна институција ти е тешко за вработување. Мое мислење ти е најубаво е да си продолжиш општа медицина бидејки имаш шанса да се запишеш на тој факултет и во иднина доколку најдеш луге да те вработат на државна клиника платите воопшто не се мали ке зимаш околу 50.000, а плус ако продолжиш специјализација ќе зимаш над 70.000 плата, е сега платите во приватна амбуланта се мали до 30.000
    За криминалист да се вработиш ти требаат ептен дебели врски а платите се 30.000 и нешто
     
    Последна измена од модератор: 11 февруари 2023
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.078
    Пол:
    Женски
    И јас еден период мнооогу сакав да студирам форензика или криминалистика, ама да, тешко е за вработување и реално кај нас перспективата во таа област е никаква, ако можеш во странство, пробај. За детектив, ако имаш некој да те вработи во мвр што е далеку од тоа што го гледаш по серии. Факултети кај нас за овие насоки ти се државен факултет за безбедност или на фон.
     
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Македонија + форензика = научна фантастика.
    Мој совет ако толку сакаш форензички науки, види странство или запиши се на некој факултет со кој ќе можеш барем работа да најдеш.
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.318
    Пол:
    Женски
    Не се наоѓа работа со овој факултет, ако не сакаш општа да запишеш тогаш оди на тригодишни.
     
  16. flowerish

    flowerish Нов член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво, ќе ви бидам премногу благодарна ако некој студент на архитектура ме запознае накратко со приемиот испит. Во што се состои, нешто подетално?
     
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Не сум студент на архитектура ама кога се мислев кој факултет да го одберам идеше и архитектура во предвид. Во тоа време приемниот се состоеше од два дела, се црташе поставка од некакви сложено поставени кутии внатре и конкретно некој дел од објекти надвор. Важно им е да видат дали имаш осет за нацртна и за перспектива. Приемниот носеше најмногу поени. Лошо е тоа што во тоа време имаше муабети дека врските во голема мера играат улога. Оценувањето е субјективно од страна на професорите, на лош цртеж може да стават добри поени и обратно. На некој начин ниту просекот од средно ниту пак оценките од матура играат улога. Нај одличен да си ако ти стават малку поени на приемен не поминуваш. Во тоа време тешко се влегуваше бидејќи имаше голем интерес и се пријавуваа повеќе од што примаат. Сега слушам дека е намален бројот на заинтересирани, ако нема доволно пријавени тогаш ги примаат сите. Исто нудеа опција за подготвителни часови на факултетот кои се плаќаа одредена сума. Мислам дека и некоја од професорките плус приватно спремаше. Ова е како беше порано. Веројатно и сега е слично.
     
    На Mrs.Bass и flowerish им се допаѓа ова.
  18. flowerish

    flowerish Нов член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    ti blagodaram mnoguu
     
  19. viks2

    viks2 Нов член

    Се зачлени на:
    27 мај 2023
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    8
    Здраво, може некој да сподели искуство за факултетот психологија, тежината и дали е исплатливо да се студира
     
  20. orxideya

    orxideya Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Психологија у Македонија нема. За у странство може али не знам дали ќе ти ја признаат дипломата. Најверојатно ќе треба да полагаш испит бидејќи психологија е регулирана професија.