Немаш проблем и на Финки да се запишеш, од 900 места, по 300 им се запишуваат, не е драматично, а и во приватна квота ќе ти е поефтино него на приватен. Проблемот со овој факултет (не Финки, информатика) е што џабе ти се 6 дипломи ако не знаеш во пракса да го работиш нештото, и тоа многу добро, зошто огромна е конкуренцијата. Ако баш си решена за приватен, Славјански имаат добра програма, само не би рекла дека е лесна од тие што ги знам дека се на неа (познавам што се откажале оти им било тешко). Но, ако не те интересира, не си го троши времето и парите на нешто што не те интересира и/или не го разбираш. Размисли што сакаш да бидеш и каде се гледаш и тргни по тој пат, па вратите и можностите сами ќе ти се укажуваат со тек на времето.
Еве јас сум на приватен и се учи многу и се бара знаење.А моја другарка за иста струка е на државен и за некои предмети помалку им бараат знаење отколку кај мене.
Финтата со приватните е што повеќе се признаваат. Пример Штулов. Секаде во Европа и Америка се признава, со правен од Штул во Германија во суд работат, со државен не,работат сосема други работи и струки.
Сега сум скроз збунета , друга членка @Just.do.it mi се изнасмеа и ми напиша најлесен бил ветеринарна медицина.
Окси, членката има студирано на сите државни и приватни факултети, па знае. Да си ја слушаш дека медицина, каква било, е лесно.
Во ред. Се што ТИ ќе напишеш е точно. Исто така точно е дека тврдеше дека на славјански тешко е ? Има работи кои им се познати на сите. Ветерина и медицина не се споредуваат. Впрочем прашај некој од студентите, ќе видиш со кој факултет го споредуваат ветерина.
Ете имало посебна тема за ветеринарен , направив некој скриен од студентка на ветеринарна медицина и веројатно е повалидно од твоето и она дека така сите поминувале, мнооооогу лесно , колку на испит да се појавиш
Види ја почна темава и доби секакви одговори. Ако толку сакаш да запишеш некој твој или ти да учиш направи го тоа. Секој има право да даде споредба. И факт е дека факултетиве на кои реално нема вау заинтересираност се поминува по океј отколку на медицински во Скопје. Пак ќе ти кажам, се напна за темава дали е лесен или не. Запиши се и најдобро ќе знаеш од сопствено искуство
Природните науки се комплицирани, земјоделски ветеринарен и сличните многу често се потценуваат и се сметаат за лесни меѓутоа процентот на дипломирани накрај е мал. Многу често луѓето определуваат дали е лесен факултетот или е тежок врз основа на вредноста и побарувачката на пазарот и тука се прави грешка. Ако мислите дека е лесно еве земете од двата факултети анатомија на животно или анатомија на растение и само прочитајте ќе сфатите шо кажувам а за потешките предмети да не зборуваме. На крај краева секој факултет си има своја тежина без учење ништо не бидува
Мене ми било лесно и тешко на испити и на државен и на приватен. Од оние два со кои јас имам искуство ама. А на тој на кој работам, државен пази, истите правила важат: прво и основно колку учиш и сакаш да научиш (што е независно од лесен или тежок факултет), второ кој си и чиј си. Сигурно нема да тврдам на сите факултети како е, не студирав на сите Ама да кажеш дека ветеринарна медицина е лесен факултет... ок, така е
Па видиш, сите знаеме како е на приватен. Не зборам од памет. Сум имала блиски кои завршиле психологија на славјански. Ништо, буквално ништо не се учи. И да, изгледа не ги дочитуваш работите. Ветеринарен мноооогу лесно се положува. Материјалот не е лесен, ама критериумите за полагање се премногу ниски.
Ти верувам, јас имам комшика заврши медицина (општа). Повеќе од неа знам медицина Затоа ти реков во оваа земја нема ниту еден вистински квалитетен универзитет. За славјански конкретно, бидејќи 1 година ми е таму, приметив дека запишуваат квадрати. Е сега, тие ќе ти речат тешко е. Зависи кого прашуваш Сестра ми е редовна психологија на УКИМ, да ја прашаш, лесно е, има по некој досаден предмет. Од мое искуство и ничие друго, сум се мачела да положам испити што ги знам, зашто будала сум имала за професор, а за други и помалку сум знаела па 9ка сум добила - ова пак, и државно и приватно. Оценките во индекс многу често благе везе ми немаат со реалното познавање на тоа што е учено. За перспективен факултет е најважно да го сакаш тоа што го учиш, секој ќе е перспективен. Ако учиш за да имаш диплома, ниту еден не е. Докторкава што ти ја спомнав? Ами не работи како докторка, диплома има, но каде и да проба да работи брзо сфаќаат колку знае и тоа е. Да отвори своја ординација едино. Ако те интересира тоа што го учиш, факултетот не е доволен за да си квалитетен работник од таа област. @Cosmi што спомна инаку, вистина е - чак од Славјански и од Штул најлесно се признава надвор диплома. И од УКИМ се признава, од техничките најлесно. Перспективно е сè, колку што ќе се вложиш
Здраво на сите Се запишав на технолошко-металуршкиот факултет, смер-биотехнологија бидејќи тоа беше мојата најголема желба, ги разгледав предметите и знам дека ќе го учам ова со желба и љубов. Сериозна сум и знам дека факултетот е тежок но јас ќе учам бидејќи ова беше мојата желба. Сакам да прашам доколку некој го има завршено овој факултет какви се можностите за работа, дали може да се работи баш по струката или…тоа е единствено нешто кое ме плаши
Здраво дечки, поради неможност да се запишам на првиот уписен рок за прв циклус студии решив да се запишам на вториот уписен рок, конкретно на економски, меѓутоа при најавување на iknow системот економски не ми го покажува како опција, на ранг листите од првиот рок местата се пополнети за редовните студенти но јас ќе се запишувам вонредно и има слободни места. Разгледував ранг листи од претходни години и видов дека има примено вонредни студенти на втор уписен рок. Ме интересира дали некој бил во слична ситуација и дали би знаеле каде да се обратам? Фала ви
Сите се тешки, последната година ќе имаш најмалку материјал за учење, ама ќе ти биде тешка не од аспект на материјал туку веќе ќе ти биде здосадено и ќе сакаш само се да заврши, и ќе се форсираш да учиш а нема да ти се учи..Само да ти го доловам моментот колку е тешко на електро, ќе ти кажам дека колешка не ја пуштија да помине во последна сесија за 0.25 бода од 60.. Си го презапиша предметот девојчето, го слушаше пак во втора година.. Биди спремен да учиш многу, и биди спремен да те малтретираат со небитни работи за да те исковаат со соодветно знаење.. Нема попуштање на електро, исто е строго како и пред 30 години, тежината на материјалот и знаењето кое се бара е на исто ниво па и повеќе бидејќи технологиите се менуваат.