Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најперспективен факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од Annika, 27 јануари 2010.

  1. ЕлЕкТрАш⚡️

    ЕлЕкТрАш⚡️ Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2024
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    јас бев средно електро и немам толку проблем со стручните предмети колку со математиката, не дека не ми оди но немам толку убава основа како гимназијалците,но кај нив е обратно они немаат 2 чисти во однос на основи на електротехника и електроника,искрено незнам малку и се плашам,само да видам како ќе ми оди во прва со предметите па понатака веќе ќе стекнам некоја рутина со учењето сепак фала за советот.Се надевам идни колеги дека ќе сме :D:(
     
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.845
    Пол:
    Женски
    Па не е баш така. Гимназијалците се доста јаки во доста предмети, затоа што во гимназија мнооооогу се учи физика, којашто ќе ја имаш и на факултет патем, така што не би имале проблем ниту со електроника ниту со електротехника. За математика ти предлагам да почнеш од сега да учиш ако немаш добра основа, зошто математиката е многу застапена и мислам еден од првите испити е.
     
    На ЕлЕкТрАш⚡️ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ЕлЕкТрАш⚡️

    ЕлЕкТрАш⚡️ Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2024
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    даа имаат ама само онака општо познавање поврзано со физика кај нас поопширно се учеше
     
  4. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.249
    Допаѓања:
    7.536
    Совет од мм, дипломира на КСИАР : "Фати си ја прва година со убаво, да не ти останат предмети за во втора не положени, и ќе ти биде многу полесно. Обрни внимание на математиката, решавајте со колеги заедно задачи, објаснувајте си, одете во читална. Еднаш да стекнеш навика, ќе ти биде полесно учењето. Оди на колоквиуми редовно во колоквиумска, не ги оставај за во сесија."
    И не играј игри хаха. Мм првите две години само англиски положил, Дота играл 24/7... И после кога му дојде умот, ги заврши 4те години од студирањето за 4 години, на време си положуваше се. Само што студираше уствари 6 години бидејќи првите две беше посветен строго на гејмингот. :D

    Со среќа!
     
    На Cosmic Girl, ЕлЕкТрАш⚡️ и Realist1 им се допаѓа ова.
  5. ЕлЕкТрАш⚡️

    ЕлЕкТрАш⚡️ Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2024
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Нее и онака не сум толку по игрите но сепак би имал ли време за кафе со пријател и сл?
     
  6. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.249
    Допаѓања:
    7.536
    Секако дека да. Не се плаши толку. Не е ни убаво само учење, да не си дадеш време за себе. Мора мозокот да одмара.
    На почеток ќе ти биде потресно, но како проаѓа време помалку ќе се стресираш.
     
    На Feminka22 и ЕлЕкТрАш⚡️ им се допаѓа ова.
  7. ЕлЕкТрАш⚡️

    ЕлЕкТрАш⚡️ Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2024
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Со целата моја душа се надевам дека ова ќе се исполни бидејќи во средно освен во прва кога бев со една 4ка од втора до четврта бев со сите 5ки од септември до крај,пошо многу се паничам и имам трема со одговарања и тестови и сл. :(
     
  8. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.249
    Допаѓања:
    7.536
    Ќе се испраксаш на факс за овие работи, без гајле. :) И јас бев средно nerd не виден, само 5ки, натпревари физика и математика. Кога паднав на колоквиум прв пат на факултетот, памтам анатомија беше за глава колоквиумот, се утепав од плачење. Како да беше крај на светот. :D Кога ќе помислам сега, смешно ми е.
    Ама после се навикнуваш и прилагодуваш. И техники на учење ќе си стекнеш, се со време само. Не се секирај.
    Само ти препорачувам од срце, да одиш во читална колку што можеш повеќе. Браќа Миладиновци е блиску таму. И колеги запознаш, и разменувате мислења, совети, се допитувате. Плус, влегуваш во читална и учиш. Сите учат околу тебе, нема што друго да правиш. :D
     
    На ЕлЕкТрАш⚡️ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ЕлЕкТрАш⚡️

    ЕлЕкТрАш⚡️ Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2024
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Во ред фала ти премногуу :D
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Saraaaaa7777

    Saraaaaa7777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Ke moze li nekoj da mi kaze iskustvo vo odnos na studiranje na tri godisni studii po logopedija na medicinskiot fakultet vo Skopje? Isto taka dokolku tuka ima logopedi,bi sakala da slusnam nivno mislenje dali strukava vo momentov e profitabilna?
     
  11. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.408
    Допаѓања:
    12.096
    Пол:
    Женски
    Не е повеќе логопедија 3 години, со 4 е сега
     
  12. ultraviolence

    ultraviolence Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    21
    Дали може некој да ми даде мислење за факултетот Молекуларна биологија и генетика на ПМФ, пошто многу луѓе ми имаат кажано дека може да се најде работа и висока плата, а и многу ми имаат кажано дека не може. Мислам свесна сум дека многу фактори влијаат тука, но би сакала повеќе мислења и искуства од различни луѓе.
     
    На Evao му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    8.569
    Пол:
    Женски
    Моја внука учи на овој смер. За оваа насока има најмногу интерес на институтот по Биологија и е високо ценета. Една од поновите насоки е и има перспектива за да продолжиш после дипломирање во странство. Мислам дека и затоа е популарна толку, зошто е отскочна даска за оние што навистина сакаат да го учат и работат тоа и да излезат од земјава. Секако можеш да работиш и кај нас во разни лаборатории после дипломирање.
    Ако сакаш да учиш биологија, хемија и сакаш работа во лабораторија, тогаш си на право место. Мораш да ги сакаш овие предмети инаку не почнувај. Само последните години се учи генетика, првите две учиш се и општо.
    Факултетот си има свои предизвици (како и секој друг) има обемни предмети, со обемна литература. Се полагаат во делови (пракса, теорија, задачи..) и имаш впечаток дека трипати полагаш за еден предмет, но сепак тоа е подобро отколку да одиш на цел испит. Се бара редовност и во учење и во следење настава. Има „домашни“ доста.
    Факултетот е таму каде што е- малку е изолиран и страшен. Девојчињата одат во група нагоре, се плашат од кражби и напади. Немаат книжара, за обична пријава одат до факултетите долу (кај економски, правен и др.). Студентските прашања им се посебна прича..

    Edit: Една жена ми рече дека при конкурирање за работа во лаборатории со овој факултет забележала дека им се дава предност на оние кои имале од медицина дипломи. Дали е така навистина или тоа е нејзина лична перцепција и нешто трето е во прашање, не знам.
    Инаку имам пријателки што работат во приватни болници со дипломи од другите смерови на Биологија на ПМФ зошто тие кога студирале не постоела оваа катредра. Што значи дека не е невозможно да си се вработиш во струката. Почекаа додека се вработија и по неколку години ама беа упорни и успеаа. Платата им е солидна, со тоа што работното време им е во смени или пак работат и за викенд. На едната и се случува да заглавува покасно на работа, заради самата природа на работата (едноставно зошто работи со жива материја).
     
    Последна измена: 29 ноември 2024
    На ultraviolence и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.