Немам учено ни на едното ни на другото, знам неколкумина што учеле на финки, кажуваат дека е тешко и има за учење, но платите се претежно високи и скоро секаде има можност за вработување. Ова е само мое мислење од тоа што имам слушнато, сепак најдобро е да го одбереш тоа што повеќе мислисш дека ти одговара тебе
Здраво дали има некој што е или завршил на нутриционизам или молекуларна биологија со генетика? Дали може да споделите искуство?
Здраво дали некој има учено на Високата Медицинска школа во Битола,какво искуство имате дали е тежок смерот лабораториски аналитичар,дали е призната дипломата во странство и дали трае 3 години во целост или има и други испити плус и доучување?
Нострификација на дипломата е неопходна, речиси каде и да одиш со било кој факултет од државава. Во процесот на нострификација, можно е да ти побараат дополагање на (најчесто)неколку испити или директно целосно нострифицирање без преполагање зависно студиската програма. Да “не е признат” факултетот, значи воопшто да не можиш ни да нострифицираш диплома, односно на ново факултет да треба да запишиш.
Ја студирав на Американ Колеџ, програмата на англиски јазик. Во Холандија само ми ја побараа дипломата на англиски јазик кога аплицирав за работа, а во Македонија ми рекоа дека со приватен факултет можам да продавам во маркет.
Македонските факултети се во најголем дел признаени, но зависно од земја до земја, ќе ви бараат плус надополнување со пар испити. Јас со завршен факултет во Македонија се запишав на постдипломски студии во Словенија.
За запишување на постдипломски секаде од светот се признаени. Кога збориш за признаени се сфаќа дали се признаени за да работиш. Не за да се запишеш да студираш таму.
Vo Makedonija i so drzaven fakultet kje prodavash. Ako imash partiski vrski, i bez diploma kje rabotish i vo ucilishte i doktor itn...
Јас студирав Business Economics and Management, Marketing and Digital Transformation Бев препорачана од самиот факултет да започнам на пракса во Империјал Тобако, Скопје. Таму после пракса работев околу 1,5 година во Маркетинг секторот и после се вратив Гевгелија кај што се определив да работам шпедиција и логистика. Таму работев долг период и сега пред скоро 1г се иселив од МК во Холандија каде што работам слично Junior Shipping Operator, пошто уште го учам јазикот. Факултетот ти нуди доста пракси и вработувања. Јас поради лични причини не продолжив да работам таму. Така да, да се навратам на темата, ако се запишеш на Американ, запиши се на англиски јазик, или економски или ИТ. Со ИТ можеш да си најдеш убава работа онлајн во приватни фирми. Во зависност од тоа што повеќе ти лежи. Исто така и ова имај го во предвид.
Не е точно тоа. Дури и во самата ЕУ можеш да студираш во Германија, а на постдипломски во Франција да не ти ја признаат дипломата. Тука може да си проверите каде ви се признаени дипломите. https://www.enic-naric.net/
Ама кога збориш за признавање се мисли дали можеш да работиш со диплома од друга држава, не да студираш таму. Зашто за студирање сите признаваат (некои со доположување на испити итн.)