За врски отприлика имам нешто ама не е сигурно баш баш. А како влагаат тие "јаките" им ги знам финтите (освен врските). Јас да си ги видам оцените од матура па тогаш ке дефинирам. Ама сега се мислам меѓу тие две опции. Се надевам дека нема да ми влета некоја трета
Епа Колешке честитам,и тебе и на Хипица мислам дека читнав сакала на ПИТ. Јас завршив прва,сега од септември со нови сили,во нови почетоци. Да ја истераме и втора и тако даље....
Oпшта медицина е со 6 години, инаку за врските, тие што имаат си се привилегирани, ама јас и уште 2 мои другарки на општа медицина влеговме фала Богу без никакви врски
Еве јас завршив на ЕЛЕКТРОНИКА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ пред две години и уште сум без работа така да нема поперспективен и понеперспективен факултет ако немаш врски за вработување.Во нашава држава факт е дека сите вработувања се со врски а тоа најмногу боли кога ке видиш како некои го завршуваат факултетот и уште не дипломирани се вработуваат а ти учиш како будала за некоја си 6-ка, едвај ќе дипломираш и после ќе чекаш со години за работа додека твоите колеги/шки ќе викаат дека на среќа се вработиле и баш сретнале некој човек што му требало некој како нив ....Е баш и не знам дали е така?????.....ако е така, тогаш јас сум најнесреќната личност во државава До кога ова ек оди вака , не знам ни јас, само еден совет, ако немате врски , не очекувајте премногу после завршувањето на факултетот, зашто тука да најдеш работа по струка е потешко отколку да пронајдеш игла во сено Поздрав до сите идни студенти!
perpspektiven fakultet u mk mislam i deka za zal ne postoi. so znaci, uci so go toa so si go sakas. i drugo so e mnogu bitno: ne treba da se misli na toa dali ke imas rabota otposle od ko ke zavrsis, ako e taka nikoj nema da rabotime po strukata.
Не постои најперспективен факултет барем не според мене, се е игра на судбината и како ќе ти се наместат коцките. Никогаш неможеш да знаеш што ќе се случи во државава во наредниве 3-4 дена а не пак за 3-4 години. Јас сум на Правен, политички студии. Искрено само со факултетот немам некоја иднина како што треба, на мојот смер пост-дипломските студии се од клучно знаење а до тогаш имам звање политички аналитичар-политолог. Така речи ако имам врски па некој да ме пикне у некое министерство или државен орган или НГО, ако не, можам да работам како новинар но специјализиран за политика. Мене одсекогаш ме влечело право, дипломатија, меѓународни односи, политика и сл. во средно бев правен смер, сега политички, па здравје кога ќе опнам едни пост-дипломски „Дипломатија и меѓународно право“ е тогаш ќе ми се отворат многу перспективи и доста светла иднина. Затоа мој совет е да не гледате на факултетот според неговите добри страни и перспективата која ја нуди, туку да го учите она што сакате да учите и што ве влече, никогаш не се знае што може да се случи
Лесен факултет.... или перспективен факултет..........незнамм колку во Мкд има такво нешто!!!! Секој факултет си има своја тежина (било да е професор, предмет....) мора 4-5 год да се вложи мннооогуу труд и напор, за да се успее. И "утре " со дипломата во рака бркај си ја среката,,,,,, ако имаш врски се е полесно......ама јас сепак велам дипломата никогаш не губи!!!!! Студирам на ПМФ биохемија со физиологија,,,,,,,,,мн. е напорноооооо, тешко, одзема мн време, по цел ден на фах си, било да е посабајле предавања попладне вежби и обратноо, ама ако се сака и има желба се се може!!!! Средно имам медицинско....... и нззз дали може вонредно биохемија.....некои велат не , некои да........
Брзо ми е за факултет, ама сепак од сега (3 година ќе сум) треба да се размислува. Сакам многу да студирам офтамологија. Ама за тоа требало да се заврши првин медицински факултет 4+2 т.е 6 години медицински факултет, па посебно да се оди на подрачје офтамологија уште 3 години . Плус насока офтамологија во Македонија имало само во Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип ? Сакам да прашам точно е? Ако има Скопје џабе е , немам толку финансии за таму. Ако има Битола на Медицински, супер ќе е. Сакам да ве прашам дали според вас вреди да се студира 9 години за офтамолог( доктор за око)? Ако некој има искуство или барем познанства за ова нека пише
и јас се мислам баш за медицинскиов ама незз некако се двоумам ми зборат не се наоѓало работа и плус има доста за учење
Ако немаш врски сегде има за учење. Јас изгледа општа медицина ке идам, па за учењето мора малце да запнеме . Сакам медицина и имам некоја основа па се надевам полесно ке биде ради тоа
Имам уште една година за размислување на кој факултет, но дефинитивно ќе размислам многу добро кој, некој со кој можам да најдам работа. А не да седам со години дома. Но некој кој ме привлекува, за да имам "мерак" за учење Никако не би помислила за правен или економски, толку многу невработени има, со лопата да ги ринеш...
Како прво медицинскиот не е 4+2, туку е 6 години додипломски студии со кои се добива диплома доктор на општа медицина. Потоа се оди на специјализација во зависност од тоа дали и колку имаш врски, желба и пари. Офталмологијата не е 3 години него беше 4 но сега по ново колку што читав специјализацијата трае уште повеќе години но не ме факајте за збор. А не е точно дека има само во Штип (уствари сеуште нема има специјализации во Штип), туку засега специјализациите во Македонија се обавуваат на Медицинскиот Факултет во Скопје каде што офталмологијата спага во елитна, ретка и тешко достапни специјализација. А според НАС (мене) вреди да 9 години за години за офтамолог (доктор за око ).
Гламстик, сестра ми го заврши факултетов, не е тежок за учење, плус ако те интересира тоа, али не е нешто перспективен, според закон во секоја фирма треба да има социјален работник али знаете како е во Македонија работа слабо и ако би работела по струка платите се ниски, али ако те интересира тоа да го учиш зашто да не и така скоро никој не работи според струка