Може не е во врска со темава, сакам само да кажам дека најголема грешка студентите прават кога одбираат факултет според тоа колкави се шансите за вработување. Значи девојки, тоа буквално никој не може да го знае, за 2-3 години што ќе се бара. Запишете се онаму кај што сметате дека ќе ви биде интересно, без желба факултет е мноооогу тешко да се заврши.
Перспектицен факултет е само оној кој го учиш и ќе го завршиш со мн љубов, труд и ќе излезеш со занење. Запоменте го тоа. Се што се работи без љубов, е иско како и да не се работи. Преспективата е различна за секого, и не значи ако еден фекултет нуди малку повеќе работни места дека сите треба да се запишат на него. Тоа е типична грешка на скоро пола студенти во Македонија.
Апсолутно најперспективни се техничките факултети, на правен, економски, медицина има премногу запишани, рачунајте секоја година по колку завршуваат, што во споредба со техничкиве е далеку поголема бројка, па затоа има вишок кадри и многу невработени од тие струки. Затоа јас ќе си идам на машински, да ми биде мирна главата после 4 години зошто ќе знам дека ќе има работа
Епа зависи од смерот и од снаодливоста, али и тоа е добро со оглед на тоа што професорската плата (за професорите во средно) е од прилика толку, па сега ти види.. Среќа и што нашол работа
Што мислите за земјоделски факултет,поточно институтот за храна ? Делува интересно според мене, но сакам да прочитам и ваши мислења ...
Професорската плата е 22 000 мање-више. А општ доктор зема 16 000-20 000 ден. Другар на брат ми зема околу 20 000 денари, заврши машински па седеше две години без работа, па сега почна пред некое време. Тоа е проблемот кај нас, затоа е глупаво да се збори за перспективен факултет, нема таков. Има само луѓе со среќа и луѓе со врски.
Според мене се техничките факултети, јас студирам на факултет за природни и технички науки насока Дизајн. И има премногу работа во оваа област, сите бараат дизајнери во вакво модернистичко време, јас еве завршив 1 година на факултетот па и на интернет има премногу работа ако добро знаеш да ја работиш. Се вади добра пара од дизајнот и обично тие што имаат љубов кон оваа област се добри во работата. Знам дека од оваа година ја укинаа оваа насока па мислам дека ние сме последна генерација дизајнери, ама ако се потпише некоја петиција и да се достави до факултетот мислам дека можно е од наредниве 2-3 години пак да го вметнат овој смер.
И јас исто студирам за дизајн (графички дизајн и мултимедија)на техничкиот факултет во битола,имаше една феминка напишано кај ќе најдам работа со овој факултет,ако не се најди работа со овој факултет јас не знам со кој може да се најди,значи потребни се дизајнери и ќе бидат потребни во иднина,не мора да чекаш да те вработат можеш приватно да си отвориш а не е потребна ни голема пара за да го почниш овој бизнис само компјутер печатар и тоа е се за почеток...
Работодавци од ваквата област во Македонија се ретки, да не речам и не постојат. Ама интернет работа има еден тон. Отворете било кој Freelancer сајт и кје се уверите, колку само бараат дизајнери и плаќаат добро за најситната работа. Што има подобро од тоа? ДА работиш дома и да немаш грижи за да бидеш платен. И како што каша LoVeR најдобра комбинација е да си отвориш своја фирма која и нема да те чини којзнае колку пари па да ги продаваш своите дизајни на поголеми фирми.
Професорската плата (за професори во средно) е над 300 евра, доаѓа околу 350 евра, поточно нешто околу 22 илјади, основно - 300. А за тоа дека ќе имаш сигурна работа со завршен машински мисли си, не е ценет колку што вреди, ни приближно од тоа тука, а има други факултети со повеќе шанси да најдеш работа. Каде е логиката ?
Абе фино за вас талентираните, и ликовната академија е перспективна за оние што се надарени и го сакаат тоа Па секако. Ние што не знаеме срценце да нацртаме, и ги мешаме со јаболчиња, мора да се тегавиме со математики, физики, економии и што ти ја знам. Искрено гледано, не знам за некој светски познат технички дизајнер што зима фина плата. Ама затоа знам за банкар што може да рани 3 фамилии, слободно без да се ограничува.
^ мој колега, немаше завршено факултет а продаваше дизајн на школка за автомобили на Фиат ... земаше околу 300 евра од цртеж... а знам многу ги прати, според мене професијата банкар неможе да се мери со оваа. Не дека се талентирани, никој не се родил талентиран, едноставно ја обожаваат таа област и сакаат да научат повеќе за дизајнот и со љубов и труд се` се постигнува.
Има логика, јас знам дека на смерот кај што ќе одам јас, после магистрирање одма се вработувале, ми кажаа луѓе што имаат завршено. Не знам на кој смер завршил другар и, а не е ни важно тоа, важна е снаодливоста и во поголема мера среќата. Инаку не викам дека нема други факултети кај што полесно се наоѓа работа, јас го кажав машинскиот како еден од техничките, што се поперспективни за во иднина, не реков дека е најдобар и дека сите таму треба да идат. Секој со своите желби и амбиции.
луге ве молам не зборувајте не гледајте перпективни него она што сакате да го завршите што ако јас би завршил тоа што сакам ако нема работа мислам стварно у4ев се трудев цел живот мислејки дека тоа носи подобра иднина сега кога треба да се запишам на факултет гледам дека се е одраз на среката(под срека подразбирам врски и пари) значи да знаеф дека е вака никогаш ама ни чанта немаше да носам на училиште а сега вака на 18 години да стоиш безнадежно како и нема иднина со никој факултет стварно стварно останувам без зборови се што ке кажам е залудно
Искрено јас би сакала да се запишам на факултетот за дизајн на мебел и ентериер, но исто така и факултетите што се поврзани со животна средина и ресурси ми се интересни, но не знам немам многу познавања од овие области и искрено страв ми е да не се зезнам. Дали има некоја на дизајн на мебел и ентериер да ми даде повеќе информации бидејќки уписите се за неколку дена, всушност со повеќе луѓе сум зборувала и сите мислат дека не е за жени факултетов. Па?