Што мислите за факултетот Туризам и бизнис логистика? Перспективен ли е? Каде се’ може да се работи и отприлика колку плата се зема?
Што мислите за ветеринарството како професија? Дали е перспективна професија кај нас? Во странските држави ветеринарите се многу ценети ( дури повеќе и од лекарите ) и земаат огромни плати, но за кај нас не мислам дека е така...
јас мислам дека економскиот факултет е многу перспективен зашто економистите имаат повеќе опции за работа.....можат да работат во банки,можат да работат во било која фирма како економисти,можат самите да си отворат сметководствено биро....можат да работат во школо како професори,можат дома да даваат приватни часови итн.
за економски факултет кој интерни предмети треба да ги полагам? во голема дилема сум со овие смеровите во средно... по правило би требало да одам ОХ смер А, но има пријатели шо биле мат.Б па без проблеми се запишаа на економски факултет.
Немаат врска смеровите, битни ти се интерните предмети. За на економски, би требало да полагаш два од следните - филозофија, историја, социологија. Дали влегуваат географија/класични јазици овде, не сум сигурна.
јас незнам како идат тие работи сега со полагањето зашто нашата генерација не полагаа матура...ама знам дека и од општи и од математички смерови се запиишуваа на економски
многу сакам и јас ветеринарство, во странство повеќе од јасно е дека ветертинарите се ценети, платени.. за овде некако тешко
ЕЛЕКТРО!!! И никој не може да ме убеди дека не е најперспективен. Уствари сеа и новиов, ФИНКИ, многу ветува, ама сепак прва година му е, да видиме како ќе се покаже. Е да, дури студираш ќе си се нервираш зошто не си се запишал на ФОН, ама тоа ти е...
Имам пријател што заврши ветеринар. Вели дека сега веднаш го чека работа Убаво е од причина што не се запишуваат голем број на студенти како што се запишуваат на пример на економски,правен итн. И тука се отвара поголема шанса за вработување на тие што го завршиле. Барем јас така мислам, лаички пошто не сум студент.
^ Па да малку се запишуваат околу 30сетина секоја година. Но тежок е факултетот 5 ипол години е, не е зафрканција доктор на животни да си, плус секое животинче е различно, познавање огромно треба да се има. Сестра ми се запиша ветерина годинава, ја имаше таа желба и си ја исполни па ќе видиме. За работа рано е да се мисли, но постојат државни и приватни ветеринарни станици, за неколку дипломирани студенти од различни градови сигурно полесно да се најде работа, отколку 1000 правници и економисти кои се запишуваат на факултетиве годишно.
Не се факултетите перспективни или неперспективни, туку луѓето. Забораваме дека всушност високото образование треба да го втемелиме на лични интереси, на афинитети и на таленти што ги поседуваме..На некој порив што ќе не буди сабајле у 7ипол и нема да ме тера да го свртам шаржерот и да си вденам некој куршум, туку ќе сакам да одам и да си го испијам утринското кафе со колешките, ќе сакам да работам и ќе бидам добра во тоа. Што дека рецимо Електро е перспективен, кога ЈАС НИКОГАШ..И под НИКОГАШ мислам..Од почетокот на времето на планетата Земја до апокалипсата, НИКОГАШ не би можела да бидам добар електро инженер. Шумарски важеше за можне неперспективен, па одредени талентирани луѓе прават МНОГУ пари од тоа, зошто САКААТ тоа да го работат, зошто внатрешен дизајн е многу креативна работа ама бара богами и дрводелски знаења. Темава тргнува од многу извртена стартна точка.
Никогаш не знаеме што не чека во иднината, некогаш и со чкљ факултет можеш да си најдеш добра работа. Поентата е труд, храброст и борба..јас имам уште една година за размислување и искрено се мислам помеѓу економски и филолошки- Француски јазик..и цело време мислам што е поперспективно, со што се зема повеќе пари..и сето тоа..Но како што реков никогаш не се знае. Енивеј..сакам да читнам ваше мислење Економски или Француски??
Сакам да прашам за отсекот индустриски дизајн на машински. Дали има некој на него запишан или пак знаете нешто. Гледав по факултетите па ме заинтересира кога го видов
Најперспективен факултет не знам кој би можел во денешно време да биде.Јас сум четврта година,сакам да се запишам на економски факултет,али како што викаат економисти има со лопата да ги риниш кои седат дома и немаат работа.Тоа најмногу ме спречува да се запишам на економски,а друго вака факултет не ме влече ништо.Не знам колку е перспективен економскиот во денешно време,и правниот исто.
Според мене нема преспективен или непреспективен факултет.Што и да завршиш никој не ти гарантира дека ќе најдеш работа на струката и дека ќе ти се исплати маката ,нервозите и парите што ги имаш дадено,освен во случаи кога учиш нешто што би ти гарантирало 100% дека ќе имаш работа, како пример твоето семејство има стоматолошка ординација па ти завршуваш стоматологија и оти знаеш дека ќе имаш работа... Јас се запишав на Факултет за проектирање и технологии на мебел и ентериер, колку е преспективен?Не знам да кажам.Дали ќе имам работа?Никој не ми гарантира.Сите ме разубедуваа како демек не било работа за жени, немало иднина, никој во денешно време не викал професионалци за да му средат дома.И сите ми го збореа тоа, ме подражуваа ама и беа резервни и ми велеа дека со мојот успех и на тоа мое учење треба да одам нешто попреспективно,правен, економски итн. Јас го сакам ова и одсекогаш сум сакала да работа нешто со дизајн, со креативност, да уредувам, да дизајнирам и ради тоа ни малку не се каам што се запишав на ова.Да бев средно уметност ќе се запишев и уметност, мада свесно дека најверојатно ќе немам работа и дека ќе бидам професорка, освен во случај ако имав среќа за нешто подобро.Според мене секој треба да се запише на тоа што има желба и можност да се запише.Да не ги слушате што ви зборат, зошто различни луѓе, различни искуства.Сепак вие ќе учите, ако веќе се даваат пари за факултет барем да го учиме тоа што ни е желба, така со ќеф ќе одиме на предавања, на испити и полесно ќе се справуваме со нервозите од факултет, отколку да учиме нешто што некој ни рекол дека треба да го учиме.Е тоа е веќе мака.
^Одлично ЧНМ,само така те поддржувам, а и сите вие кое сте така одлучни и еден мој совет значи не гелдајте тоа што другите го прават и викат дека е најпреспективен, работетете и учете го тоа што го сакате и сонувате за него и сметате дека најмногу ве бива за тоа!
Па нормално дека ако седиш дома, нема да имаш работа. На сите ни е врежано дека одма после факултетот не чека загарантирано работно место со 25000+ плата. И повеќето после факс се враќаат дома и чекаат покана за работа. Дипломата ти овозможува работно место, но не го бара. Ти си тој што треба да го најде. Секој со својот труд и упорност,кога веќе нема тато директор и мама професорка.
сакам да се запишам на правен факултет само не знам дали на јавна администрација или на новинарство?што мислите? кој е по преспективен?